1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Политичка коректност

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Celltica, 20 март 2021.

  1. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Политичка коректност како термин по дефиниција подразбира користење на јазик, јазични форми, мерки и политики такви што се избегнува навреда и се промовира инклузија кон одредени групи на луѓе кои делат некои свое заедничко обележје, како раса, пол, род, сексуална ориентација, култура, физиономија итн. Како термин последно време добива и сатирична конотација и често се користи како термин за да се покаже дека некои од принципите се претерани или несакани, но тука би сакала да се коментира како принцип, т.е. тоа што терминот означува по дефиниција.

    Искрено бев изненадена дека темава не постои, а се провлекуваше низ неколку теми неделава, па сметам дека добро би било да се развие дискусија, со оглед дека станува збор за чест концепт во денешното општество.

    Насекаде наидов на сосема различни ставови на темата, а со оглед дека мојот став не е неутрален, не би сакала да стои и во првото мислење, за да не се дава стартна насока на темата, па затоа ќе го пишам подоцна во наредно мислење.

    Еве неколку прашања, како за почетна насока за дискусија. Се разбира, не треба да се држиме исклучиво на нив, впрочем тоа би било сосема неконструктивно, но ете, нека служат како стартна точка за размислување.
    • Дали сметате дека политичката коректност е корисен принцип?
    • Дали сметате дека живееме во политички коректно општество? Тука мислам глобално, не мислам само на Македонија.
    • Кои се позитивните, а кои негативните страни на политичката коректност?
    • Дали сметате дека политичката коректност таква како што постои денес има реални и видливи резултати кон инклузија на лица од одредена група?
     
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Ќе тргнам од тука. Политичката коректност ја сфаќам само како алатка. Дали е добра или лоша работа зависи од тоа како ќе се користи.

    Мислам тоа го опфати првото прашање. А и добри ти се прашањата. На пример:

    Во Македонија? Не. Глобално? Пак не.
    Политичката (пре/не)коректност мислам дека само во тие западни земји е толку форсирана.

    Особено во САД кај што има толку многу доселеници од буквално секаде, го користат само како начин за собирање политички поени. Јасно е дека доселениците се користат како ефтина работна сила и се воведува модерно робување, ама бар се политички коректни да не им ги повредат чувствата.
    Или иронии како ако некој ги критикува муслиманите е расист. Муслиманите не се раса. Ама претпоставките дека сите муслимани се една раса, баш е расистички.

    И на форумов до некаде може да се најдат такви примери. А мислам дека темата цензура на слободен говор е слична, само отиде во лоша насока.

    Ако тргнуваме од тоа дека имаме слободен говор, може секој да дојде и да напише што сака. Ама за тоа може да добие негативни реакции од повеќето членки. Може да се жали дека е цензуриран и дека форумот е премногу политички коректен, ама всушност членството му укажува дека тоа што напишал е навредливо.

    За пример од другата крајност, би била темата што знам те инспирираше да ја отвориш оваа. Јас би рекла дури да кажеш people who menstruate не е ни воопшто политичка коректност. По дефиниција политичката коректност не треба да навреди никој. А ако многу жени се навредени од тоа, тогаш не е политички коректно изразување.

    Не, затоа што само ќе ги натера луѓето да се изразуваат поинаку. Ама не може да им ги промени чувствата.
    Кај нас политичка коректност би било нарекување Роми наместо Цигани. Може сите да ги нарекуваме Роми, но дали тоа ќе ги натера луѓето да ја сменат сликата за нив? Она што би ги сменило предрасудите е едукацијата на двете страни.

    Што се однесува во состојбата во САД со злоупотреба на политичката коректност, не носи ништо позитивно. Најчесто делува како само некои луѓе да бараат причина да се навредат и да глумат жртви, додека тие кои навистина се навредени не се ни слушнати или се класифицираат заедно со другите како social justice warriors и се игнорираат.

    На крај, комплетно веќе се игнорира намерата и суштината на тоа што некој сака да каже. На пример, некој таму да каже Stop shooting the negros, ќе биде распнат дека е расист. Во меѓувреме вистинските расисти ако се изразат поинаку се игнорирани.

    Обратен пример за игнорирање на намерата пак до некаде може да се опфати со форумов.
    Да дојде некој машки член да пише "Не се облакајте ко курви, затоа ќе ве напаѓаат после" нормално ќе биде распнат, со добра причина.
    Ама кога некој друг машки член ќе го скоцка подобро тоа и ќе пише "Облекувајте се поскромно за ваша безбедност. Не знаете кога ќе налетате на манијак", е тогаш е погрешно сфатен. Од многу грижа демек. А истото се имплицира дека жените провоцираат и затоа самите се криви што се нападнати.

    Знам дека салата направив од постот (facepalm), ама сакав да земам примери и од едното и од другото. :D
     
    На Ева33, GrimTheReaper, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Да баш како што спомна @Bezimenka90 во мислењето над мене и јас ја гледам политичката коректност како алатка која може да се искористи за заобиколување на директни навреди кои можат да бидат со малициозна намера кон одредени групи. Впрочем кога размислував како да ја составам темава, размислив за позитивни и негативни страни на политичката коректност, и како позитивна страна единствено се сетив на ова.

    Не сметам дека политичката коректност е придобивка за човештвото, баш напротив, гледам повеќе проблеми кои произлегуваат од културата на политичка коректност, кои ќе ги образложам тука.

    1. Политичката коректност не ги руши стереотипите
    Тоа што сакав да кажам, сумирано е точно тука:
    Не сметам дека заобиколувањето на говорот може да донесе значајна промена во рушењето на стереотипите, зошто политичката коректност не е алатка со која ќе натераме некој да го смени своето мислење, дури и ако не го искажува јасно. Во тој контекст, сметам дека многу поголемо значање треба да се обрнува на едукацијата и на емпатијата, пред сé во семејството.

    Зошто сигурна сум дека ако човек како возрасен има пример расистички ставови, политичката коректност нема да го спречи да најде начин истите да ги искаже. Може нема да го направи тоа во јавност или на некој медиум, ама тоа што е сигурно е дека неговиот став нема да се смени. Ако нештото е политички коректно, не значи дека е повеќе инклузивно, ни повеќе културно.

    Од друга страна, ако уште од дете се едуцира и се укаже на важност на емпатијата или на љубезноста, сметам дека би имале повеќе резултати отколку само едно едноставно јазично заобиколување. Што дивергира сосема од целта која тврди дека сака да ја постигне.

    2. Влијае негативно на перцепцијата за себе и сигурноста во себе
    Ова сметам дека е голем проблем на денешното општество, заради повеќе фактори, а политичката коректност мислам дека само придонесува кон ова. Сметам дека не е конструктивно што луѓето денес често бараат некакво одобрување или потврдување од некој друг, кој би бил политички коректен. Ова често го кажувам, ама навистина не може никој да те навреди, освен ако сам не го дозволиш тоа. Јасно ми е дека за тоа е потребен одреден ментален склоп, ама мислам дека наместо да се работи на самодовербата и на себе-афирмацијата кај луѓето, ние одиме од другата насока, т.е. вршиме ограничување на говорот, за да се заштитиме од навреди. Мислам дека ова само ќе придонесе да се појавуваат сé повеќе и повеќе несигурни генерации.

    Освен тоа, мислам дека со самото тоа само додаваме на рамките во кои некако се повеќе се групираме и ги истакнуваме разликите меѓу нас. Како да се акцентира потребата од припадност во некоја група и како да мора да се следи мислењето на сите во таа група. Не ми се допаѓа тој концепт каде се губи индивидуалноста. За до доловам што мислам ќе дадам пример. Јас никогаш не сум се нарекла себе феминистка. Никогаш не сум се чувствувала дека припаѓам на некоја група или на движење феминизам. Зошто? Сум наишла на многу ставови на луѓе кои се декларираат како феминистки или феминисти со кои воопшто не се согласувам. Доволно ми е што сум жена и моите ставови се често во насока на правата на жените. Како што и воопшто моите ставови се секогаш во насока на заштита на работничките права, ама сепак не сум социјалист, и со добар дел од таа идеологија не се согласувам. Не знам колку добро ја доловувам поентата тука, ама идејата е дека не можеме секогаш да се групираме во толку големи групи, нормално е да имаме ремногу различни ставови на различни теми за да не можеме ја следиме реториката на групата.

    3. Ја ограничува слободата на говор и слободата на мислење
    Ова за повеќето верувам ќе го сметате за порадикален став :)
    Слободата бил и отсекогаш ќе биде врвен човеков дострел. Тука особено ќе се задржам на слободата на говор и мислење. Во светот сеуште постојат луѓе кои ги немаат овие слободи, и верувам дека е исклучително тешко да се живее во општество каде барем некоја слобода на човекот е ограничена.
    Може да се аргументира тука дека не секој говор треба да биде прифатлив и дека на говорот му требаат насоки и ограничување, ама моето прашање е кој тогаш одлучува до каде ќе се ограничива слободата на говор. Јас не сум теоретичар на заговор, ама исклучително опасно ми делува некоја група на луѓе да има контрола на тоа што е прифатливо да се каже, а што не, и тука гледам безброј потенцијални злоупотреби. Да ја префрлам мислата во друга насока, ако веќе зборуваме за политичка коректност, како би одлучиле која политика/мерка е коректна. Овој концепт за коректност на некоја опција постоел во историјата само во диктатури и во системи на едноумие. Иако знам дека звучи предалекусежно, мене ми изгледа како коцептов да може сосема добро да се искористи за наметнување и други политики кои би требало да се коректни.

    А кога станува збор за слободата на говор, мора да прифатиме дека ако сакаме неприкосновено да ја имаме, треба да сме спремни дека некогаш ќе бидеме навредени. Дали малициозно, дали ненамерно, зависи, ама шансата да се случи секогаш тука.

    На тој начин, се соочуваме со потенцијална цензура и со култура на исклучување, што сметам дека е исклучително опасно. Сметам дека моќта на масовната критика е исклучително важна во демократско општество и особено во свет во кој моќта е драстично нерамномерно распределена.

    Едит: Сега гледам колкав е постот, искрено се сомневам дека некој ќе го прочита :D
     
    Последна измена: 20 март 2021
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Ова. (y)

    Кога луѓето ќе се доволно образовани за прифаќање на разликите и имаат развиена емпатија, јазикот кој го користат би го смениле и самите без никој да ги натера на тоа.
     
    На GrimTheReaper, Angie1432 и Celltica им се допаѓа ова.