Полихроно-Грција Полихроно е најмалото гратче на првиот крак, лани поминав таму и го потсредиле доста, сепак најмало е спрема Хањоти, Пефкохори и Калитеа. Бев во него сместена пред едно 5-6 години. Прилично е мала плажата и во текот на сезоната има доста гужва. И е 99% фамилијарен народ. За млади ич не го препорачувам. Мене искрено не ме воодушевува местово, а знам братучетка беше прехлани со другарки и јас и реков дека згреши што уплати, а она се тешеше дека и треба пензионерски одмор за да се одмори вистински. Кога дојде само рече пукнав од досада во тоа место никад веќе, се каеше што не уплатила бар во Хањоти Не знам каков одмор очекуваш и со кој сакаш да одиш. Зашто реално одморот се одбира во зависност фамилијарен, со дете мало, деца поголеми за играње им треба (на пример хањоти има лулашки, паркови има забавен парк а ова ништо нема) или со другарки или со дечко. Има премалку кафичи и ресторани. Досадно место
Па јас ќе одам со сестра ми, ама таа е помала од мене, така да и да има места за искачање, тешко. А барем има ли продавници нешто за шеткање места? Слушнав дека до другиве гратчиња било блиску, па можело да се оди(сега не знам дали има автобуси или?)
Најмногу имам порано одено во Грција по одмори и општо најдосадно сум си поминувала, па пред 4 години и пишав крст како дестинација за одмор...а Полихроно ми е на врвот од досадните места. Има додуша доста години поминато откако бев, може нешто смениле што не верувам ама јас добив впечаток дека не е место за млади и нормално нема забава, рано навечер т.е. околу 11h-00h уличките беа стишени и сите на спиење и мене ми беше досадно. Како што рече ross. 99% се фамилијарни луѓе, а јас сакам живи места. Тоа е по мој вкус ама ако некој сака помирен одмор, фамилијарен..доаѓа во предвид. Инаку исто како и сите други туристички градчиња има неколку улички со продавници, а другите градчиња точно дека се блиску само не се сеќавам дали имаше редовен превоз до нив зошто сме оделе со кола, па сами сме се шетале.
Леле ме разочаравте Ние требаше да одиме во Лефкада,но бидејќи немаше ништо слободно,дечко ми уплатил во Полихроно, 10 дена и тоа.А ова што го прочитав воопшто не ми се допадна уфффф
Јас сум била еднаш пред неколку години, морам да кажам дека плажата е многу мала и тесна, а водата е чиста. Тогаш бев на фамилијарен одмор, ни забава ни ништо, а за ваков одмор местово си е сосема ок. Ако сакате забава и ноќен живот гарантирам дека ќе си поминете досадно. Има премалку кафичи и ресторани, многу мирно место.
Во Пефкохори е многу убаво и средено, ама ноќен живот нема...Има неколку кафичи ама не работат до многу касно..Иначе има преубави места за јадење(пицерии, ресторани, слаткарници...) Мњаммм... Ханиоти има побогат ноќен живот од Пефкохори...Ако стриктно сакате за ноќен живот - најбоље е на Закинтос...
Полихроно мислам дека е на едно 100км. од Солун, мало местенце, со прекрасни градби, мирно со убава медитеранска глетка (мнооогу палми) а најпознат е по долгата плажа и убавата бела, чиста боја на песокот, мене не ми остави којзнае колку убав впечаток ама тогаш бев мала и местото е одлично пред се за семејства со деца... Иако не е така за фрлање кога станува збор за самата романтичност на местото. Се на се добар за мир, одмор и релаксација. Ако одиш убав помин Have fun
Ако одите со кола и сте во можност повеќе да шетате, по кракот може да си најдете поинтересни местенца. Има и поединечни плажи што се само со шанкови и одат млади луѓе, има музика и сл. Се сеќавам на две такви Bar Beach и Golden Beach кон крајот на кракот. Сепак се тешев и јас дека Ханиоти има ноќен живот, па после Полихроно отидов таму една година и...пак не ме воодушеви. Пефкохори е поголемо и за шеткање доаѓа во предвид. Сепак не одговараше ниедно од тие места (не само на кракот, туку и во други делови на јужниот сосед) на темпераментот што јас го сакам и затоа не сакам да одам во Грција, а за тие "позабавни" места и острови како Миконос на пример треба подлабок џеб... Закинтос стана популарен кај нас пред 2-3 години и не знам како е таму, а викаат дека не е лошо само додека не видам не верувам Исто и Крф го фалат..
.....Полохроно е убаво морско местенце...згодно за семејни луѓе со мали деца или повоздрасни брачни парови.....но не би рекла дека е добро за забва за млади.....но забава има во соседното Кањоти,така да ношто не е за очај.....секој одмор е сторија сам за себе...пријатно летувајте ...
Во Полихроно имам одено 2пати еднаш на одмор еднаш на поминување. Мало место за одмор - за семеен , за млади луѓе не го препорачувам. Плажите се долги но многу тесни и се сеќавам татко ми одеше порано да фати место бидејќи ако одиш покасно тешко дека ќе најдеш место за чадор или лежалка. Ако сте со кола можете да прошетате околу Пефкохори е поинтересно, Ханиоти..
Чиста вода,потесна плажа-тоа е Полихроно..Ни мене не ми остави некаков впечаток.. нема забава,едноставно фамилијарно место
Лани бев на Халкидики и поминав и таму. Убаво е само според мене не е баш за млади затоа што нема ноќен живот
Јас бев лани...за разлика од пред 7,8 години кога бев последен пат,го потсредиле доста...многу е малечко со малечки плажи,и нема ноќен живот ниту бутици....но за јадење ко што спомна некој погоре имаш прекрасни места и мн убаво гиро сепак предност ти е што ти е блиску ханиоти и пефкохори па и до нив ќе тркнете....има и автобуси на најгорната улица,има и возен ред...ханиоти е ептен блиску...ние до дечко ми натаму одевме со автобус а назад се враќавме пешки едно 40мин е одење...но не по главниот пат,туку по долната улица каде име прекрасни вили и хотели, барем се изнагледавме Сепак морето е убавина,чисто и топло и ако си во убаво друштво нема да ти биде лошо
превоз дали може некој да ми даде било каква инфомација за превоз од автобуската станица во солун до полихроно?!? такси или автобус ,било што. благодарам однапред
Mоже да ми објасниш каде поточно стојат автобуси? ние ке одиме од ск до солун со автобус ама од солун до пефкохори незнам како да стигнеме пошо прв пат идеме така и не сме баш инфо.
мирно гратче за одмор и релаксација,без нокен живот,но со прекрасни плажи и чиста вода! само сончање и пливање таму
Сакам да прашам како е за смештај таму? Оваа година сакаме таму да си бараме смештај и колку се цените отприлика за смештај? зашо гледам по агенцииве се околу 480=500 евра за 4ца. па дали можеме таму да си најдеме ние и за поевтино? Фала однапред.
Ние оваа година се одлучивме да одиме во Полихроно(ќе одиме на крајот на август до почеток на септември) па ако може некој да ми каже нешто повеќе за Полихроно во тој период (како се движат цеените,да си носиме ли храна,скапа ли е таму храната и слично)Фала однапрет