Два пати сум била во Полихрно мирно и одлично место за да побегнеш од гужва иначе на првиот крак ги имам сите места ишетано и најмногу ми се допаѓа Ханиоти
Јас секој ден се предомислувам за одморот Не можам да се одлучам затоа што не сум била никаде во Грција, а за што и да прашам сите различно ми кажуваат од сопствено сикуство, нормално. Сакавме со дечко ми да одиме во Неи Пори, ама еве сега гледам интересни понуди и преку скопската агенција Ин травел за во Полихроно. Па да ми кажете кое место е подобро? Не одиме на одмор за журки и такви работи, туку баш сакаме да се одмориме. Битно ми е каде се подобри плажите, водата, медузи и сл. работи, ресторани....?
ako sakas dobar odmor odi na kalitea tam e nogo ubavoo cista plaza i mirna a site drugi imat mnogo branovi i ladna e vodata i e necistoo pozz imaj ubav odmor
И мене ме интересира како е во Полихроно Какви се плажите,дали се убави,дали се блиску или многу далеку од апартманите.. се мислам помеѓу Паралија и Полихроно.. вие што мислите?
^^ Дефинитивно Полихроно, водата е далеку почиста, поубава, во Паралија ептен е заникаде. Е сега незнам дали одиш за журкање или плажа. Ако си за журки тогаш Паралија, има повеќе ноќни барови, Полихроно ти е по фамлијарно и мирно местенце. Мало е , значи колку и да си далеку од плажата повеќе од 15 мин одење нема. Плажите се тесни, долги, водата е чиста. Има дел за лежалки, а и за чадори, ако сам си носиш.
Јас бев годинава и пак не би. Не знам дали сум разочарана повеќе од смештајот (преку агенција одевме) или од услугата и третманот на соседиве таму. Рекламата за ендемски вид посветена на нашиот Охрид, совршено ме потсетува на нашата газдарица. Ова многу ми влијаеше на целокупниот впечаток.. Инаку местото како место, баш како што очекувавме. Мирно и фамилијарно, водата е чиста, плажите се тесни, но долги, има убави кафичи, но навечер забегувавме накај Пефкохори и во Pearl, тоа е дискотека што претежно сите што одат на прв крак, а се на наша возраст планираат да ја посетат, влезот ко влез малце е солен, ама внатре е преубаво! Дискотеката колку што паметам беше накај Калитеа, што значи малце подалеку од Полихроно, затоа препорачувам на секој кој оди тука, а секако има услови, да си дојде со кола. Другите места исто се блиску, Ханиоти, Фурка, Паљури.. значи може да се прошета и да се разбие монотонија. И така.. би дошла единствено на викенд повторно тука, ама за 11 дена не.
Сум била во Полихроно пред неколку години. Местото не беше лошо. Се сеќавам дека беше на горнина и дека плажите беа прилично тесни и полни со народ.
Исто како и секаде за пиењето на вода од чешма во Грција не се препорачува.Иако мештаните си пијат,и ништо не им е.Јас до сега не сум ризикувала ми било страв,но познавам многу што ја пијат водата од чешма. Лидл внатре во полихроно нема,но има надвор од него.Значи потребнно е со кола да отидете до него,или евентуално ако одите со автобус возможно е тој да застане во Лидл пред да ве однесе во Полихроно.
Можеби Ќе звучам лошо но Полихроно е единственото место кое не ми остабило убав впечаток и не би отишла повторно таму на одмор.. џабе толку го возвишуваат.. но се е до вкусот и до карактерот
Полихроно има прекрасни плажи,оваа година повторно ке одам таму,веќе 4-ти пат...не е многу големо местенцето,ама живо е.Но,доколку сте по забави,дискотеки тогаш не е за вас Полихорно. Фамилијарно местенце е,ги има сите компоненти како и останатите градови на првиот крак.Не е најубаво местенце на кракот,но не е лошо.Плажата е блиску,не можеш да се изгубиш,се е на едно место. Таму си на вистински одмор.
Јас пред недела дена си дојдов од Полихроно. Првенствено секоја чест за водичот на Дипломатик турс -ѕвер човек. И да ти објасни и услужлив и се. Автобусите -чиста 10ка!!! Музиката-такоџер, за чудо не ставив слушалки ама цело време идеше пријатна латино музика во позадина, климата топ. Доста за Дипломатик. Полихроно е мало селце. 70% од народот се пензионери а од тие 70% пензионери-90% се над 100 год, бидејки -како што викаат тие ја знаат тајната на долгиот живот. Немој да се чудите ако се ладни спрема вас, тоа не е зашто сте Македонци, тие дури и Грците од Солун ги бркаат, едноставно не се гостопримливи и ако приметите-повекето вили се во споственост на газди дојдени од Солун или било кој друг град. Зимно време таму е сосема мртво баш поради тоа. Местото е мирно, пријатно, цените се нешто помали од Калитеа. Лежалка со пијачка од 3 па нагоре, а во Нефели бар секогаш имаш после прва пијачка 50% попуст на што и да нарачаш. коктелите се од 6 еу нагоре, а преку ден има попуст по некои барови-4 еу било кој коктел. Лидл во близина нема, во самото село. Навечер после 12 дуќаните затвораат но кафичите на плажа работат до 4-5. Највеке ми се свиѓаше што значи секаде се пушеше!! И затворено и отворено-секаде! Слаба страна им е интернетот, го има ама редовно се губи поради мрежата. Посебно ако си на водафон, ужас. Се на свему убаво.
Јас бев годинава таму. Преку агенција нормално, инаку место нема да најдеш. Не сместија во еден многу убав апартман, со пристојна цена. Малку подалеку од плажата, ама затоа најубав смештај до сега! Апартманите блиску до плажата ич не ми се свиѓаа. Што се однесува до плажата, многу е тесна, многу гужва и ептен начичкано. Ама затоа, од сабајле 5-6 часот и навечер после седум, водата е 5ка! Инаку, за разлика од тоа што го напиша DigY јас сретнав само гостопримливи луѓе.
Ke moze da pises preku koja agencija bese i vo koj apartman(vila) bevte smesteni i kolku vi bese oddalecen smestajot od plazata?
Додека ти одговори другата членка... Би ти ги препорачала апартманите Посејдонио, не знам која агенција ги држи сега, мислам наслушнав дипломатик.. Јас бев пред 2-3 години, кога Пет ги продаваа.. Блиску се до плажа (2 минутки пешки), до пекарата, маркет имаш буквално на 20-30 метри, пред нив палачинкара, ресторанчиња.. Мирно е навечер иако се слуша (не многу гласн) музика од кафичите на плажа.. Сместувањето е доста комотно, душеците барем на нас супер ни беа, климата ладеше без проблеми и се останто беше во најдобар ред.. Бањите не им се нешто wow ама се доста добри, само малку постари.. Тоа е овој апартмански комплекс инаку.. Ние бевме соба 31 мислам или така нешто.. Одма над кафичот.. Има убав поглед од балкон Кога ќе бараш сместување, пази се од оние што ги нудат вилите над патот или во близина до тој реон, освен ако не си расположена за слабеење
Фала ти многу но веќе резервиравме за во некоја вила Христос била на 300м од плажа...Па ако има некој/а искуство од таа вила нема да биде лошо да сподели
Мислам дека ми текнува на вилава, вака од надвор што ја гледам.. Подалеку мислам е од плажа, него ли Посејдонио, ама нема врска, таму и онака како и да се свртиш плажата ти е 500 метри најмногу, само угорницата не ми е омилена иако е многу поблага него во Калитеа Убаво да си поминете, големи сте, си знаете кај сакате
Девојки за кратко заминувам за Полихроно. Па кажете како се движат цените, дали е топла водата и дали има место каде да се шета навечер. И ако некој престојувал во вила Пепи, како сте задоволни, дали е чисто, дали е средено. Поздрав и благодарам однапред!