Ќе можеш ли да ми пишеш како се двиеа цените на плажа? Лежалки и пијачки? И секако храната? Идам недела па да знам отприлика што како е И дали имаше некои вили што изнајмуваа соби за 2 вечери?
Јас уште не сум замината одам на 5 Јули. Но како што ми кажуваа другарки кои се вратија не било многу скапо (можеби за нивниот буџет), а за вили незнам. Па кога ќе се вратиш пиши што како.
Девојки, незнам веќе кај да го побарам бројот па да пробам и тука. Дали некоја случајно го има бројот оф Џоле или од Гордана, посредуваат низ Полихроно за сместување, Доколку некоја го има ве молам да го споделе или овде или во лп.
Лежалка со пијачка или кафе ти оди. Нефели бар ти нуди после прва пијачка 50 % попуст на се што ке нарачаш. Коктелите се зависи кај ке седнеш. Од 4 еу нагоре. Преку ден има и хели аур за 1.50 моеш да начекаш. Во маркетите е скоро како кај нас, или ситна разлика што не се приметува. Имаш прекрасна пекара на почетокот на Полихроно. Лебот се движи од евро нагоре (ама е 100 пати бољи од нашиов шуплив леб нормално). Дискотеки нема, едино да идеш у Калитеа 4-5 км назад во Прл, каде влезот е 10 еу. Прл е дискотека позната секаде по светот (повеќе ги има под тоа име) нема да зажалиш ако отидеш. Плажата е најголема во Полихроно од било кое друго место на прв крак (ако не го рачунаш Паљури). Мирно местенце. За брачни парови и луѓе што сакаат да одморат од се буквално.
Извинете што не пишав порано. Значи се вратив од Полихроно и со еден збор да го опишам местото е преубаво. Како што прочитав погоре девојките ме исплашија дека било многу неубаво токму спротивното го мислам. Значи има место кај да се шета ние правевме големи кругови тука последаната плажа кај што е има портокалови и зелени чадори десно по патчето нагоре има раскрсница од раскрсницата пак десно па се до кај ресторнтот докторс па пак надолу десно и излаваше долку на главната улица, тоа за да го заобиколиш онака полека да одиш е потребно некаде околу пола саат. Ако купиш нешто од таверните покрај плажа (било што) добиваш колку лежалки ти требаат.Е сега да плажата беше малку потесна,но сепак имаше место. Плажата поточно водата спроти Вила Пепи беше плитка и многу топла и без морски ежови на останатите плажи имаше морски ежови, овде се наплаќаат лежалки,но има простор и за своја да ставиш ако несакаш да платиш. Вака за дискотеки немаше, но имаше ресторанти така големи во кои музика ечеше до 3 часот, (дали жива свирка или д-џеј). Цените се слични како кај нас 2:1 значи само разлика имаше во лебот кој во денари беше 90, овошјето им беше мнооооогу евтино.2 гира и 2 кокаколи им беа 5 евра, а онака само гиро имаше од 1 евро и 2 евра. Тоа е што имам да кажам.И кој планира да оди таму да не се двоуми и убаво да си помине. Поздрав
Mozes li da mi kazes dali bevte preku agencija ili privatno se smestuvavte? I kolku plakjavte od den? Fala ti odnapred
Бевме преку агенција Скаут 315 евра за 8 дена, но сега е поскапо. Инаку сместувањето меше многу неубаво. Немаше одговорни лица, во собата тесно, климата течеше во соба поточно во плакар.Никад повеќе преку агенција. А приватен смештај тешко дека ќе најдеш, никаде немаше слободно место. Поздрав.
Еве и јас да кажам дека во Полихроно е супер, баш како што кажа феминката погоре Јас фатив ласт минут преку Сара травел, тоа што гледав на слика тоа и добив Апартман топ за евтини пари + нивен превоз Таму не пречекаа од агенцијата ханиоти травел, Србска мислам беше Секој втор ден ни доаѓаше нивни агент со програм за посета на метеори, плажа Ксенија, Закинтос... Ако имаш множност (финансии) организираат тури и крстарења Газдарицата не ја ни видовме, ни на доаѓање, ни на одење Има маркет керфур доста ефтин, некои производи ги има преку еден ден зошто брзо се трошат Ова ви го кажувам бидејки за последните два дена снемав масло за сончање, се опрчив 11е а наредниот ден во керфур стигна 1 за 6е, 2 за 10
@Leo-nora, после Elephant, да. Инаку денес бев на Umbrella, не наплаќаат лежалки, само пијачка да нарачаш. Мохито 9 евра, нескафе 3 евра. Вода не следува, едно евро е мала. Немаше мени друго да видам за цени. Многу фин и услужлив персонал, тивка музика, релакс атмосфера и убаво уредено, ама самата вода, мене не ми се свиѓаше. Многу карпи, камења и нечисто. Извинете за офф.
Дали некој престојувал во Вила Спанос во Полихроно? Може да ми каже какви се собите и дали е чисто? Thanks!!
од сите што сте биле ме интересира како е плажата и длабочината на водата дали е одма длабоко и дали е погодно за деца, ќитав дека е добар за семеен одмор е сега дали полихроно, пефкохори, ханиоти или неа потидеа, каде е најдобро морето за децата?
Јас лани бев септември месец има убав смештај,продавници,аптеки,маркети и сл. Плажата е цела песок милина,многу дечиња имаше,фамили.Морето чисто топло солено .Навечер има каде да се прошета ти препорачувам ако одиш палачинките да им ги пробаш. Во ханиоти отидов само еден ден исто многу убаво место и водата супер али плажата ич не ми се свиѓаше мн мала беше.
Devojki, daj kazete kontakt za apartmani vo Polihrono.Sakame da ideme od 18 ili 20.08 ama nemozeme da najdeme smestaj(osven vo eden hotel/apartmani - 90e od vecer).
Полихроно - србија во мало, мало гратче 2 улици и таа на кеј. 1 пијачка - фрапе 3,5 еур, 1 кока кола 4 еур на плажа.... Гиро - 3 или 4 еур
Само водата што е чиста. Ништо друго нема. Ни плажа, ни шеталиште. Просто се чудам што го форсираат толку.