На 18 сите сме така малце чукнати ама после доаѓа животот и сфаќаш дека не е се така едноставно ко што е на хартија. Да беше доволно да си малце чукнат на 18, во статијата на насловната на Фемина денес немаше да стои дека 1 од 3 жени е жртва на насилство во светски рамки.
Сфаќам, во право си. Ама може да се смени перспективата на гледање. Зашто сега ако не поддржавам вакви работи, на 30-35 да поддржавам? Дека ќе сум возрасна и дека ќе треба да се тресам како лист на работното место? Треба некогаш и постарите да бидат малце чукнати како нас младите и посамоуверени
Никоја жртва на насилство од каков било вид не поддржува такви работи како што викаш. Верувај, секоја жена која била злоставена од некој надреден ништо не посакува повеќе од тоа злоставувачот да си го добие заслуженото. Ама не се работите така лесни, и *чукнатост* (бог да чува) не е доволно за да те натера да пријавиш. Секако дека секоја од нас би ги поттикнала жртвите да пријават, и многу нормално секогаш би поддржала пријавување, ама од друга страна и ги разбирам зошто не пријавуваат. Затоа што системот ни е толку заебан што буквално цела кариера и живот си ги ставаш на милост и немилост ако пријавиш, толку ни е заебан што се принудени да бираат меѓу кариерата и сопственото достоинство. Камо работава да се сведуваше на quirkiness.
После тоа дознаваш дека во земјава се е поврзано и дека тој што го прави тоа има дебел грб и има пипци насекаде во земјава и дека ќе ти е на грбача до крајот на животот и ќе ти поставува сопки и препреки секаде. Некој што е никој и ништо не би се нафатил на таков чекор. Не велам дека треба да се молчи, туку дека не е лесно да се бориш против субјективен систем и дека е потребно многу повеќе од храброст и чукнатост.
Како беше оној случајот... Он дошол, мажиште згрмел, а таа не можејќи да ги контролира своите нежни женски емоции, премногу се возбудила, при што се мавнала во пајакот. Наводно, одкако му се извинила за нападот на хистерија, инстинктивно и ручек му има зготвено.
@Lella 1,2 жени да се дигнат против системов ќе се дигнат и други, ќе има и поддршка од народот.Прва ќе искочам ако треба, ама од негде мора да се почне
Пред 1-2 години имаше акција, храбри девојки и момци по нет пишуваа стории за тоа како биле сексуално вознемирувани, Прочитај #сегакажувам на фб и твитер ќе ти стане јасно каква е ситуацијата во МК. Нели пред месец едно девојче од Куманово кажа дека нејзиниот доктор ја нападнал. Веднаш ја нападнаа неа, сама си го барала, го предизвикала. Возрасни жени го бранеа докторот, многу бил паметен и имал многу книги прочитано, не било можно. Сите би сакале промени и казни за виновниците, но не функционира се толку лесно.
Во странство многумина би се собрале на протест за еден ваков случај,а овде еден случај во војска,друг во полиција,но сите се јаки само преку тастатура.Тоа е премала реакција.
И јас би стоела со тебе и со нив, секогаш, секаде. Ама сакам да укажам на тоа дека не е така едноставно. Се плашат, и не е без причина. Пријавувањето на вакви работи е руски рулет. Може цел живот да ти отиде во еден ден. Особено па во ваква ситуација. На кој да кажат, на полицијата?
Абе полицајки да не можат да се заштитат себе си, стварно е срамота. Неспособни, со врски вработени во полиција, страв да те фати. Сами не можат да се заштитат, а не па друг ќе заштитат. А за мажине полицајци, исто напикани во МВР тие што не треба, наместо да очекуваш заштита, први тие ќе те нападнат. Ужас!!!
@Feminka22 не дај Боже да заглавиш во лавиринтите барајки правда во оваа држава, тогаш ќе сфатиш што зборуваме. Не се работи само за насилство туку општо велам.
Сите бевме млади, полетни и со желба да смениме нешто. После тоа јебаниот систем ни ја скрши кичмата и реалноста ни се одби од фаца
Те разбирам и јас вака мислев дур не си ја лупнав неколку пати главата од ѕид и не видов дека кога ќе се дојде пред "чинот" сите бегаат и остануваш сама и тоа да се почне од некаде ми се врати мене по глава. Се чудев како постариве се имаа откажано и без воља и мотивација и за работа и за борба и за се' беа. Но сфатив на потешкиот начин дека против цел систем нема играње за жал... Би сакала и јас да бевме сложен народ и да се поддржувавме, но секој си го гледа само своето и гледа како да насамари некој и на крај тие што ќе ги заштитуваш или бориш за нив први ќе ти го свртат грбот. А и други верувам па затоа си викаат подобро да молчам зошто јас ќе го изедам, плус муабетот што нема правда кај нас за ништо.
Малку оф топик, ама сепак на темата. Додека се замижува, ќе ве прават слепи. Не е тоа работа, тоа е врзаност на кратка ортома. А замижувањето е потценување на себеси. Знам приказни безброј- ќутеле, лепеле плакати, менувале политички партии, за нестабилна работа на државна цицка, за да одат на работа без законското породилно што им следува, за да бидат предмет на политичко, сексуално и лично изживување.,. За што? За корка леб? Ене ги, најпосле таа корка леб, пак во странство ќе ја бараат, оти дувнал ветер од југ наместо од север. Немам 18 години. Ама ни на 18 ни сега, некој булшит не смее да биде прифатлив.
Па тоа е проблемот кај нас,малце сами сме си криви што ќутиме,ама до некаде и не сме бидејќи сеуште живееме во место каде што ако кажам дека ме силувале на работа 95% од коментарите ќе се-сама си го барала,машко е потреба си имал,што барало женско да е полицајка или не знам ти што,а останатите 5% ќе ми се пријателите и фамилијата што ќе ме поддржат
А демек ,, полицајките " не сакале. Или некое ветување не им е исполнето па ајде ќе изиграваме жртви. Море сите си се маме е*але. Како што се вработени се со врски ништо чудно.
Е па дел затоа што се ќути е баш поради тоа а демек не сакале тие. Да собереш храброст за да кажеш дека некој те малтретирал, ќе ти речат а што демек ти неќеше ај не се прај богородичка. И од жртва и курвиче ќе испаднеш.
Бунтовноста на Феминка ме потсетува на себе си, кога имав околу 17 18 години.И сега сум бунтовник по природа, ама играм мудро. Мислиш дека правдината секогаш ќе победи ако доволно јако се бориш, ама "пораснав " после милион непријатни ситуации кои ги имав искусено од страна на претпоставените, мажи нормално, сфатив дека и со глава во зид не иде, колку и да си во право, ако идеш сам. Имам доста богато работно искуство и можам да кажам дека во секоја поединечна фирма наидов на истото. Имам пишувано во темата Сега Кажувам, каде што имаше и коментар во смисла дека до мене било и дека сум си го барала. Не не е до мене, ниту пак до таа друга, или трета, макар и сто пати да го слушнам истото, не се осеќам за виновна. Никаде нема правдина, да не мислите дека само во Македонија жените се небезбедни. Секаде е исто, само што надвор од државава, колку толку имаат страв од откривање, овде немаат гајле, недопирливи се надредените, нема закони, а и да има сигурно се во блага форма,дури и како такви, нема кој да ги спроведе. Тоа е, чувајте се и штитите колку можете, пошто нема кој друг да го стори истото за вас..