Не би рекла дека дисфункционалниот систем на МК е целосно виновен за појавата на вакви дискриминирачки и анти-феминистички случувања, и покрај тоа што верувам дека истиот има голем придонес и влијание. Со други зборови, сметам дека од аспект на културолошка антропологија, половата нееднаквост во човековото општество сеуште е манифестирана на глобално ниво, без разлика на факторите на национална психологија или ефективноста на државните системи. Поврзано со трудовиот концепт за еднаквиот третман и положба на полицајци и полицајки, во овој случај очигледно е дека машкиот пол и женскиот пол се врамени во две посебни димензии на социјална когнација. Причината за ова лежи во судирот меѓу неутралните биолошки капацитети и општествените стереотипи кои потекнуваат од времето кога патријархатот започнал да доминира во однос на матријархатот. Во склопот на патријархалниот систем на верувања, жените биле перцепирани како деликатни и емотивни негувателки. Очигледно, овие стереотипни и ограничувачки карактеристики одат во спротивност на должностите на полицајците кои се сметаат дека имаат "машки" карактеристики (конкурентност, агресивност, активна моќност, физичка сила и емоционална одвоеност), што не значи дека и жените не може да ги поседуваат истите карактеристики. Спроведувањето на законот отсекогаш било дефинирано како машко занимање во човековото општество и поради тоа генералната идеологија манифестира непрецизно верување дека жените не се соодветни субјeкти за да ја вршат оваа професија. За жал, овој дискиминирачки концепт е сеуште присутен во т.н. "police culture" на глобално ниво. Типичен пример за фактот дека ефективноста на државниот систем и националната психологија не претставуваат пресуден фактор за појавата на овие случувања, беше кога неодамна во Канада се дозна за случајот на Silina Sargis која уште во 2010 година пристапила кон RCMP (Royal Canadian Mounted Police) со надеж дека ќе ја работи нејзината кариера од соништата, меѓутоа многу скоро еден од наредниците почнал да ја малтретира и сексуално да ја вознемирува. https://www.washingtonpost.com/worl...feb8a8-eb8b-11e9-a329-7378fbfa1b63_story.html После веста, стотици жени пристапиле кон ова и признале дека оваа национална полициска сила е позната како "an old boy's club" каде мажите коментирале за телата на жените, им оставале секс играчки на нивните бироа, вметнувале порнографски слики во нивните досиеја, непристојно ги допирале и силувале. Уште полошо, жените кои доживеале сексуално вознемирување биле исплашени да молчат, а кога се обиделе да се пожалат, биле остратизирани или претрпувале одмазда. Со овој пример сакам да кажам дека додека овие случувања се присутни во скоро секоја национална полициска сила, единствената разлика која државниот систем и менталитетот можат да го направат е да ги охрабрат жртвите да се пожалат, да побараат помош и поддршка и да покренат правна постапка против полициските сили, без притоа да се плашат дека истата постапка за нив би значело "career suicide". Меѓутоа, се додека човековото општество не успее да ги искорени овие застарени патријархални стереотипи на глобално ниво, не верувам дека ќе постои веројатност овие дискриминирачки и анти-феминистички случувања да престанат во иднина.
Арно некој поназад спомна за случајот кога полициската службеничка "се удри во пајак", а не дека ја удри нејзиниот надреден де. Девојката беше храбра и го изнесе случајот јавно, само што, штета што ја исплашија главните, па таа се повлече од замислата да ја истера правдата, ете така и со овие случаеви сега, исто ќе завршат, на ист начин ќе ги замачкаат, а ние останатите ќе си лаеме на тастатура само
Прочитајте, многу добар текст! https://meduza.mk/fem-101/sovrshena...yEYGWpyR9rETTIzjuQ92MQwzwvBEcm4PHJnD_VwffpdSk
Jas imam vraboteno pripravnik devojka. Pa nikogas ne sum i kazal nesto bezobrazno, a kamoli da pokusam nesto. Sramota za nacalnikot. Treba na nekoja planina u karaula po kazna da go ispratat
Има и мажи жртви на сексуално вознемирување така што половата разлика не игра улога. Работата е како да се сопре ова.
Интересен е фактот што за мажите да бидат силувани треба да им е кренат, поинаку како би се задоволила силувачката со сунѓерче. А кај жените е полошо, дупка е, влажна не влажна ќе ти го набие.
Да, мажите се најчесто тие што вознемируваат сексуално. Ама и жени вознемируваат ако се на висока позиција. Користењето на тоа што се надредени и главни за лоши работи, е до нивниот карактер, не пол! Во однос на полицајките, се надевам ќе истера случајот. Ако ја кажуваат вистината, монструмот да скапа во затвор, ако лажат, тие да се казнети за клевета.
Ништо не значи да се еректира. Има жени кои доживуваат оргазам при силување. Физичка реакција е. Глупости. Маж ми има подредени. Клеветиш.
Постојат и исклучоци од општото стање, ептен мал број кој се губи во целосната слика, али ги има, за среќа. А за екстремот од мојата изјава, не повлекувам ништо. Така е како што е.
Откако се ставаат на врв секакви шутеви ќе има и вакви ситуации. Јас за обична работа бев на 3 психолошки тестови и разговарав со професионално лице, а за ваквите само партиска книшка се бара. А и да има тестирања и разговори или било какви други акции за да се познае манијак, педофил или шизофреничар тие „стручни„ лица кои се вработени по истиот рецепт не би го познале таквите, така да тешко на тие што останавме во државава. Од секоја страна си е**н.
И со тестирања, и со стучни лица, во приватен сектор, не со книшка значи.. знам за манијаци кои се имаат 'прованато'
Тестирањата се за останатите луѓе и јас лично многу не верувам во тестирањето како тест туку со методи на набљудување па и тие не се секогаш веродостојни. "Манијаците" и сличните профили на луѓе се експерти за манипулација и во најголемите случаи луѓе со висока интелигенција и можност за глумење емоции, "приспособување" на дадените ситуации и водење двоен живот. Затоа и најчесто сите се во шок кога ќе дознаат дека таа личност е способна за такво нешто. А за членката погоре во право е кога не си партиски член, а не си во ајти секторот поминуваш над 50тина тестови и на крај пак испаѓа дека некој со партиска "баш одговара на таа позиција", зборам за државен сектор, а за приватен знаеме исто со какви подлости се бават луѓево. Е сега кога човек ќе добие моќ и надредена улога кај голем процент се случува она водење подвоен живот, губење во таа улога, глуматање на бог и заплашување.
Се согласувам со се ' што напиша. А за скринингот, сепак мислам дека треба да се практикува. Помалку 'шалабајзери' ќе се провнат така... во теоретски здрава околина.
Prevzemeno od Zoran Ivanovski na FB,clen na visokoto telo na INTEGRA-Makedonska konzervativna partija. Кратки хорор приказни, тешко е да си жена понекогаш. Некаде декември месец 2017 после предновогодишна забава на СВР Велес дел од вработените одлучуваат да одат на забава во ноќен клуб.(после забавата во ресторан). Началник на униформираната полиција а и тогашен старешина во униформата влече и убедува една помлада полицајка да се каче во колата со него и да оди таму со него со очигледни намери. Таа се спротивставува на тоа и сето тоа го гледаат уште неколку нејзини колеги. (тие покасно под притисок не даваат изјава во корист на полицајката) Откако заминуват од таму во 05 часот утрината тој и пушта порака на телефон ЧАШКА! Што во ,,превод,, значи дека по казна за тоа што не се качила со него во автомобил ќе ја преместел на работа во селска полициска станица Чашка! (таа се наоѓа према Богомила) Девојчево пишува службена белешка и го пријавува случајот во секторот за внатрешна контрола но од тоа нема никаков резултат. Како што претхдодно ти наведов целосно е запознат и Оливер Спасовски кој што деновиве го унапреди ,,експертот,,. Поздрав.
Jas ne znam koj e toj,verojatno Zoran Ivanovski od INTEGRA od kaj go kopirav celiot post na FB znae i zatoa spodelil na socijalnite mrezi.Ako e ova se vistina sto pisuval ne e vinoven samo toj nacalnik tuku i vnatresnata inspekcija sto prikrivale i vrsele pritisok toj slucaj da ne se procesuira i Oliver Spasovski (ako e vistina deka bil zapoznaen so slucajot) sto unapredil takov policaec.
Секако дека знаел Спасовски, ако веќе имало пријава. Ненормална работа, во здрава држава таквиот би бил санкциониран во најмала рака, можеби и отказ би го следувало, а кај нас унапредување. Јасно ми е се..