Разговарај со твојот гинеколог, кажи дека сакаш да забремениш сигурно ќе ти даде некаква терапија или прво ќе те тера да правиш испитувања. Ова од искуство ти кажувам и јас имам полиц. јајници никогаш не забременив само по себе, првиот пат цели 4год. се шетав по доктори, но немора да значи дека на сите толку време ќе му одземе
Имав полицистични јајници. Низок прогестерон и естероген. Ми препишаа Диане35 и плус некои со тестостерон, ама не ги најдов тогаш и не ги ни зедов. Диането го прекинав после само еден месец. Не се смена ништо. Менструација добивав 2-3 пати годината. И тоа ми траеше добри 5-6 години. Матичниот гинеколог сакаше последно да ми шибне некоја инекција за да ми предизвика овулација, за да забременам. Не сакав ни инекција, ни бременост во тој момент. После година дена некаде, ослабев 10тина кг. Пак бев дебела, пак над 100 кг имав, ама ми се средија и јајници и менструација и се'. После тоа, си забременив коа ми беше ќеф, без никакви индукции.
Јас не сум земала освен стимулација кога сакав да забременам и еднаш кга циклусот не ми прекинуваше пиев дабростон за да пртекине крварењето. Блазе си ти за брзо доаѓање до бременост. Јас со нормална тежина и пцос се изнамачив за да дојдам до овулација и бременост. На лапароскопија за овариан дрилинг докторката ми рече дека јајниците ми имале изглед како жена со 100 и повеќе кила а јас имам цел живот некоја нормлана тежина која ја одржувам со „тешки маки“.
Можеби сум имала среќа, не знам. Од тогаш сум немала проблем со тоа. пу-пу машала. Иако цело време сум над 100кг. Ова беше уште пред да се омажам и првата година од бракот. Далечните 95-2001
Не земав ништо а имам полицистични јајници, менструација доцнење по 60+дена овулација еднаш во годината.. Примав стумулација за да настани бременост
Здраво имам ролицистични јајници веке 4 години се обидуваме за бебе имам правено и две инсеминации ама без успех сега сакам да пробам со ин витро дали има некоја што успеала да забремени со пцос со инвитро
Јас забременив природно со ПЦОС ама потешко се разбира после 3ипол год од брак.. така да ако само ова ти е проблемот тогаш не е страшно поздрав
Јас забрем,енив со ПЦОС со ин-винтро. Ама пред ин-витро можеш да пробаш и со метформин, инсеминација со стимулации и слично. Ин-витро ти е последна опција. Ние имавме и плус некои други проблемчиња што доведоа до ин-витро.
Имам пробано и со метформин исто така имав и две инсеминации со стимулации се боцкав со фостимон инекции и пиев инофолик прашок ама брз успех
Дали имаш направено ХСГ (за проодност на јајцеводи и изглед на матка)? Дали е спермограмот во ред? Ако немаш друг проблем освен ПЦОС за да добиеш ваучер преку фонд ќе ти требаат минимум 4 инсеминации со месец дена минимум разлика меѓу нив. ПЦОС не е апсолутна индикација за ивф бидејќи и при ПЦОС има од време на време овулации при кои може да додје до бременост.
Не правев правев ивф, јас сакав но докторот беше убеден дека ќе успееме на ама со стимулација.. И така и бидна. Иначе бев во Плодност
Да имам направено ХСГ проодно е се други проблеми немаме се е во ред а каде правеше ти инвитро ако не е тајна? Пробавме секако 4 години сме по болници не ни се чека веке ке пробаме со инвитро на приватно
Јас во Ремедика кај Димитров. Првиот трансфер беше успешен и сега имам 2 годишен син. Ако си чекала толку време направи уште две инсеминации и оди со ваучер. Разликата е огромна во тоа што ќе го платиш. Секако не знаеш што ти е среќата. Може третата или четвртата инсеминација да биде успешна. ИВФ секако не ти бега како последна опција.
Koj doktor/ endikrinolog vi prepisal metformin? Prasuvam zatoa sto samo so recept moze da se zemi ,a ne sekoj doktor go predlozuva kako terapija .