1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полицистични јајници

Дискусија во 'Бременост' започната од Gkatzopulu, 20 мај 2010.

  1. zena.31

    zena.31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    205
    Јас пиев елова пред инвитрото и ми беше неуспешно. Незнам дали е неуспешно поради овој проблем или други се причините.Матичната вчера ми рече може да ми даде да испитам шеќер со раствор како што пишавте овде.Јас попладне ќе одам кај матичната и ќе побарам да ми закаже кај некој ендокринолог и да видам што понатаму.Благодарам на советите.
     
  2. zena.31

    zena.31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    205
    Благодарение на мојот гинеколог кој 18 години не ми откри полицистични јајници,мојот ивф доктор ми откри.Пред некој месец го сменив гинекологот.Бидејќи бев во постапка на инвитро не сум седнала со него подетално да разговарам.Закажав за 18 феб.и ќе видам што ќе каже.Јас имам 39 год.Имам едно дете но природно останата со стимулација пред 14 год.А од тогаш не можам иако примав стимулации.Затоа правев инвитро.Сега незнам што да правам?Кој пат да го фатам?
    Затоа сакав да си го средам циклусот и здравјето,па после да видам што ќе ме советуваат....Желбата е голема за дете...
     
    На lovely12 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Јас бев иста првото сосена нормално, ама после со пцос еден куп проблеми. Имав спонтан, па предвреме раѓање... а сега сум 23недела. Метформинот ќе ти помогне, а провери и тсх. Пцос удира на тироидна и на инсулемија, јас со метформин ослабев. Во глобала за пцос треба да ослабеш 10%од тежината и ќе се среди. Сега последно јас забремњнив сосема случајно, примац само елова
     
    На zena.31 и Jana06 им се допаѓа ова.
  4. Sureja 22

    Sureja 22 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Zdravo dali insulin 38.2 treba da se pocne so metformin ?
     
  5. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.029
    Допаѓања:
    17.528
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Имам пцос, јајниците ми се со нормална големина и по неколку мали цисти, но хормоните не ми се сосема во ред. Лх - високо, тестостерон - малку над горна граница, пролактин - добар, прогестерон - на долна граница, а тсх варира, од 5 проверки во рок од три месеци, два пати над горна граница и три пати под долна.
    Немам добиено од 20 декември.
    Од терапија пијам: Глукофаж 1000 мг, Елова и Премама.
    Се обидуваме за бебе секако, а на терапијава сум тек 15 дена.
    Какви се вашите искуства, со слична или иста терапија?
     
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Чекам некоја друга да даде мислење зашто нејкам да испаднам во право ама нема друг начин да добиеш во скоро време без хормонска терапија, а и не знам зашто се мачиш. Нема ништо страшно во тие апчиња, напротив таков ти е проблемот што можат само да ти помогнат. Два ипол месеци немаш добиено. За обиди за бебче не е добро.
    Јас пак би рекла Примолут Нор за да предизвикаш менструација и после 3 месеци контрацептиви за да се врати овулацијата четвртиот месец.
     
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.029
    Допаѓања:
    17.528
    Пол:
    Женски
    Сама ли да го барам тоа од докторот кога он упорно ми вика да почекаме уште месец дена? Ќе полудам веќе, ама сериозно.
    Се од себе давам да не се нервирам, ама како?
    Тука едни ми викате едно, други друго, тој трето и не знам веќе на каде да фатам.
    Сака да доиспитам хормони и очигледно затоа не ми дава хормонска терапија и чека спонтано да добијам.
    Зошто да нема друг начин да добијам во скоро време, не разбирам?
    Ова ми е прв пат толку многу да ми касни, претходно и кога каснело секогаш на крај сум добивала без да стимулирам со хормони.
    Искрено не знам веќе на каде, а да чекам уште +4 месеци ќе полудам! :|
     
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Добро, почекај уште еден месец, па види што како. Јас кога не сум пиела хормонски немав менструација по 6 месеци. Ама тоа е моето искуство.
     
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.029
    Допаѓања:
    17.528
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми е најдолго, претходно најмногу два месеци ми каснело, сега го проверував календарот.
    Знам дека најдобронамерно ми кажуваш Јана и фала ти. Ама не знам веќе што е паметно што не е, главава ми е шашма.
     
    На Slonce91 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    3.401
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella
    Исто и кај мене. Кога не сум била на хормонска терапија и по повеќе од 4 5 месеци не сум добивала, и на крај пак истото, примолут нор и пак хормонски терапии. Но тоагаш не сум имала обиди за бременост. Можеби сега дека докторот веќе знае дека сакате да настане бременост па пробува на друг начин незнам друго што би можело да биде.

    И мене ова ме плаши за 3 недели завршувам со хормонските и што ако пак си терам без циклус со месеци.:|

    Почекај уште месец дена пример како што вика Јана па после повторно консултации со доктор и спомни ја опцијата што ја коментираме, 3 месеци да се одмори организмот со хормонските апчиња.
     
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.029
    Допаѓања:
    17.528
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам така. Секако дека знае дека пробуваме за бебе да. Некни кога бевме за спермограмот сам ми рече ако не добиеш за месец дена дојди да те видам пак на ехо и да видиме што понатака.
    Ми рече баш со тие зборови, не сакам да се мешам во хормоните зошто мислам дека ќе се среди и со ова што го пиеш сега.
    Само да добијам јас нема да оставам така. Ќе испитам хормони на 3, 13 и 21 ден, ќе соберам се и правец кај ендокринолог.
    Само да добијам аман веќе!
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Извини на прашањето но дали си со прекумерна тежина? Макар и 5/6 кила екстра? Бидејќи зависи и од исхраната многу затоа прашувам.
    Со здрава исхрана можи да се среди верувај, за ПЦОС наместо бел леб јади тонус и благо исфрли, биди на овошје зеленчук, манџи течна храна, многууу вода...Брза храна не ни помислувај. Лесно е со апчиња но зошто не би пробала прво по природен пат?
     
    На Doozy и 0ли им се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.029
    Допаѓања:
    17.528
    Пол:
    Женски
    Моментално имам 5-6 кг вишок да. И иако до пред да спомнеш не го помислив тоа пошто не е којзнае колку видлива физички промената што ја имам, можно е да му направив шок на организмот да. Лани ова време бев во интензивни подготовки за свадба, вежбав и јадев чисто и намалив 7-8 кила. А после свадба цело лето јадев глупости и си ги вратив скоро сите или некои 80-90%
    Дур бев послаба циклусот беше по ок признавам, дури си ги осеќав и овулациите.
    Сега почнав пак да пазам од пред некое време на храна и да вежбам, па во комбинација со терапијава што ја пијам се надевам на добри резултати.
     
    На BY<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    3.401
    Пол:
    Женски
    Јас од мојата докторка добив строга исхрана.

    Смеам: Овошје, зеленчук, манџи, супи, јаткасти плодови, млечни производи, месо, јајца, вода, чај, кафе...
    Несмеам: Леб - никаков, житарици, благо, шеќер, сокови, газирани, негазирани, брза храна, особено пржен компир, а и компир воопшто.

    Јас не се водам 100% по ова, знам ден два неделно да си дозволам некои работи, но добри 70 до 80% од исхраната гледам да е по препораките.

    Е сега јас сум со нормална тежина 54 55 56 кг, најниско сум била 52кг, 165 сентиметри висока. Сметам дека тежината кај мене не би играла голема улога, но може исхраната влијае на хормоните што знам....
     
    На 0ли, Bella_Stella и BY<3 им се допаѓа ова.
  15. CareTee

    CareTee Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    3.401
    Пол:
    Женски

    Пробај со здрава исхрана и вежбање. Мене докторката ми има напоменето и да вежбам. Вика дека со вежбањето се лачел некој хормон, добар хормон. Не сум на прашала подетално зошто е добро вежбањето но штета немаш. Два пати неделно мислам е сосема доволно за физича активност.
     
    На Bella_Stella и BY<3 им се допаѓа ова.
  16. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Затоа и те прашав зошто верувај дека храната игра голема улога посебно со ПЦОС, исто и млечни работи јади но не претерувај и со нив, купувај ги со ниска маслена вредност.
    И уште една многу битна работа СТРЕСОТ! Најголем непријател којшто спречува овулација дури некогаш.
    Затоа храни се здраво и немој многу да се опседнуваш со бременост, бидејќи колку повеќе мислиш толку полошо и постресно за организмот, препушти на Бога.
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.029
    Допаѓања:
    17.528
    Пол:
    Женски
    Влијае и те како, за пцос се препорачува строго low carb режиж, без оглед на тежината што ја имаш. Ти може да не се поправаш ама јаглехидратите да ти сметаат. Како и да е, не викаат за џабе дека храната е и отров и лек. И јас генерално се хранам со работиве што ги наброи, иако знам да направам излет неколку дена неделно и да каснам нешто што не смеам. :sweat:
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.029
    Допаѓања:
    17.528
    Пол:
    Женски
    Во право си, не 100% туку 1000%. Полека но сигурно правам позитивни промени, свесна сум за се што и како треба и не треба. Ама ми треба и вака да ме здрма некој од време на време за да не забегам. Фала ти од срце!
     
    На Doozy, 0ли, BY<3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Баш тоа за исхраната го зборам во три теми истовремено ама тоа само може да помогне за овулација. Со пцос нема играчка и не е настинка да се лечи природно. Не ме сфаќајте погрешно ама хормонален проблем се лечи со хормони, природните методи може само да помогнат.
    Според мене, нема потреба да се чека и да се губи драгоцено време и во краен непосакуван случај да се намали функцијата на јајниците.
    Не знам дали сум спомнала ама сум пробала здрав живот, алтернативна медицина и препарати од треви и на природна база и ништо не функционирало (long term) како хормонална терапија.
     
    На Doozy, Bella_Stella и CareTee им се допаѓа ова.
  20. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Нема на што :)
    Верувај јас и маж ми пробувавме константно после свадбата секој месец, ми требаа цели 9 месеци дури забременив, но морам да признаам бев под стрес и од на работа и + цело време што се мислев за ситници. Потоа после 9 месеци докторката ми препиша терапија со таблети. Иако несакав со таблети се решив да почнам да ги пијам бидејќи сакавме дете.
    Но се случи чудо и пред да почнам да ги пијам таблетите останав бремена. Баш тогаш кога се опуштив и реков не мислам на ништо и оставам на Бога, па кога ќе биде нека биде :) тогаш и се случи без таблети без ништо.
    Опушти се, не се стресирај, здраво храни се и ти ја посакувам цела среќа, ќе биде кога тогаш.:l:
     
    На Bella_Stella, Jana06 и CareTee им се допаѓа ова.