Фала ти многу, дај Боже да бидам пример како твојот. Вие ме мотивирате и ми давате сила најискрено. Инаку каков проблем имаше ти со пцос ли? Хормони ли ти препишаа?
Да ПЦОС имав јас. Искрено неможам да се сетам на името од таблетите зошто не ги ни искористив...Но знам дека докторката рече од кога ќе добијам циклус после 3 дена да почнам да ги пијам за да се воспостави овулација, дали се хормонски или не навистина не знам. Сега скоро секоја втора жена се соочува со овај проблем, најмногу ради исхрана бидејќи се е со конзерванси,адитиви и хормонски инекции во месо и тн. Храната е многу смената на денешно време. Подобро да готвиш дома, помалце брза храна зошто незнаеш какво и од каде е месото по локаливе. Јас после секој оброк јаглехидрати и ако јадев нездрава храна многу подуена бев во цело тело.
Сигурно кломифен сакала да ти даде за да стимулира овулација, тој се пие од трет ден. Во право си за храната ептен, и јас се осеќам ако јадам нешто од бело брашно секогаш ми е тешко после тоа. Претежно си готвам дома, брза хрнана скоро и да не јадам, на прсти се брои во годината колку ќе каснам. Тебе каков ти беше циклусот пред д а забремениш, редовен или?
Мене циклусот ми беше редовен но секогаш каснеше,некогаш 3 дена,некогаш 5 дена,некогаш дури една недела
Варијација до 7-8 дена и не се смета за некое каснење, така да редовен ти бил, lucky you. Јас последнава година дена ја немам таа среќа, а претходно бев исто како тебе со ептен мали варијации ама си добивав. Очигледно настанала некоја промена во организмот.
Јас точно после 3 месеци си добив менструација без прималут знаев дека ќе добијам имав многу мен.. болки затоа и почекав непиев ништо иначе друг пат по 6/7 месеци немав.
Имам едно дете ама ифв правев 5 години се мачев мислев да останам природно ама тешко беше и на крај се одлучив за ифв.
Здраво феминки! Пред 5 години имав проблеми со покачен инсулин и со цисти на јајници. Имав редовна менструација. Пиев метформин и споринолактон една година. Откако се нормализира одев на редовни контроли. Веќе 1,5 година се обидуваме за бебе но безуспешно. Правев хормонални тестирања и ми беше кажано да го тестирам уште еднап пролактинот и доколку е висок ќе пијам терапија. Јас од резултатите не гледам да имам птоблем со пролактин. Ќе ве молам за мислење
Иако е во граница, за постигнување бременост е висок, идеално е кога би бил 10-15. Затоа докторот ти рекол дека е висок и предложил терапија доколку е пак вака. Но не се секирај, не е многу покачен, брзо се средува.
Testot za insulinska rezistencija i ogtt testot e isto ? Tie koi dobivte terapija metformin go pravevte ogtt testot ?
Огтт тестот се прави за откривање на инсулинска резистенција и скриен шеќер. Јас имам инсулинска резистенција и пиев Метформин.
Иста е постапката ама ако сакаш да откриеш и инсулинска резистенција ќе мора да ти мерат и инсулин заедно со шеќерот. Не секаде го мерат инсулинот. На пример во Синлаб на огтт тест мене ми мереа само шеќер (и тоа само два пати наместо три). Затоа најдобро е на Клиника за Ендокринологија да одиш.Таму ти даваат протокол и како да се храниш неколку дена пред тестот за да бидат поверодостојни резултатите.
Го пиете ли уште метформинот откако се породивте? Едно време не го пиев потоа пак ми го дадоа и еве уште го пијам, инсулинот си е висок стандард, шеќерот низок. Мачно ми е да го пијам ептен ми се гади од него во последно време за разлика од порано. Зар цел живот се пие Пцос цел живот имсм и ќе имам, инсулинот ми е висок од нив според ендокринолозите.
Јас го прекинав метформинот после 3 месец од бременост. Така ми рече гинекологот. Јас за метформинот секогаш се консултирав со гинеколози. Цел живот ќе имам пцос. Метформинот од друга страна не е наивен лек. Е сега ниукогаш не успеав да се вратам на килажата од пред бременост заради тоа што не пијам метформин ама тоа ми е помалку битно.
@JoyJoy @anastasijaki Пред колку време се породивте? Баш мислев дека се средува проблемот со полицистични после пораѓај, барем мислење е на повеќе гинеколози. Сакам вака од искуство да слушнам. Зарем пак истите процедури кога ќе се решам за второ?
Јас имам дете од 4 години. Полицистилните јајници не се средуваат после породување. Не знам од каде таква информација. Инсулинската резистенција не исчезнува никогаш. Јајниците имаат помалку цисти ама тоа не значи ништо. Кај некои жени кои немаат голем проблем втора бременост може да дојде и спонтано (зашто овулациите се подобруваат после породување), ама ПЦОС не исчезнува никогаш (баш заради инсулинската резистенција). Ние имамве и други проблеми па добивме дете со ивф. Потоа пробавме со трансфер со смзрнати и не успеа. Ново ИВФ немавме веќе психички сили да пробаме. Ќе си останеме на едно дете нека ни е живо и здраво.
@JoyJoy и јас го пиев до трети месец, но еве пак ми вика ендокринологот да го пијам, ако не го пијам големи се шансите кога ќе се потроши инсулинот да се добие дијабет Затоа не знам што да правам. За килажа и со метформин па не можам да сум ептен слаба ко што бев треба и диета @Jana06 јас сум пред три ипол години, и ништо не е сменето се е хаос ко што беше и циклус и јајници..
Офф, баш се надевав дека сум завршила со пиење терапии. Немам проверено инсулин повеќе од година, треба и контрола на скриен шеќер да направам ама ајде нека направи малиот 2-3 месеци. Внимавате ли на исхрана?