@sweet-cherry и мене ми ги имаа препишано уште пред 2-3 год и не ги почнав. Тогаш андрогените хормони си се стабилизираа сами од себе да речам, откако метформинот го почнав и да припазувам на исхрана и да вежбам. Супер си беа хормоните во нормални граници. Циклусот знаеше да зеза ама генерално добар беше се до последниот пат. Од тогаш абер нема веќе неколку месеци и хормонски апчиња ми препишаа, и тие не ги почнав.. А треба да проверувам пак сега хормонален статус, ради тоа што касни неам отидено да ми земат крв, нели на трет ден треба. Ќе полудам. Како го среди ти циклусот? Терапија примаш некоја? Инаку не би требало ради спиронолактонот да ти касни, тој делува на машките хормони само. Side effects има некои од него? 100% ќе ми речат пак да го пијам ако пореметени се како што беа.
Пиев долго време метформин, вежбав ептен многу, исхраната целосно си ја променив, еден период воопшто ништо со шеќер не конзумирав, млечни производи не конзумирам, е со глутенот само уште повремено се лажам После го прекинав метформинот зошто многу тегоби на желудникот ми правеше, пиев инозитол на NOW ама сфатив дека многу ниска била дозата и сега земав прашок Пикозитол. И суплементи плус пијам ама не знам дали и колку имаат улога за подобрување на PCOS. А инаку за спиронолактонот јас осетив само доста гадење сега за сега, а од тоа и ми беше страв
Јас иам пишувано, при непазење на исхрана па и пауза од вежбање најнизок инсулин имав, како и што, појма неам. Се си беше у ред ама очигледно више не е и пак зеза. Свесна сум дека нема решение за ова ама мачно е вака да не добиваш, сигурно добро ти е познато. Ти значи ептен строго се држиш и си внимаваш. Од коа ослабев не пазам више толку, а сигурно треба. Може и ради тоа вака ми е сеа. Метформинот од 2019 го пијам, предолго време е, не го прекинаа, мене па не ми смета на желудник ич. А коа би го прекинала тогаш стварно ќе бидам приморана да пазам многу на исхрана без отстапувања, што ради контрола на инсулинот па и да превенирам повторно зголемување на тежина, не дај Боже да се вратам ко шо бев. И за Инозитол знам помагал викаат за инсулинска резистенција, a неам пиено. Леле, знам дека имаше доста нуспојави за жал, читав тогаш и мене тоа ме одвраќаше да го почнам. Ајде барем не е хормонски тој. Диуретик бил, ми рекоа као демек знаел и да го симиња притисокот и да се пиел со многу течности.
Имам синдром на полицистични јајници,последен циклус 03.11.2023 веќе ќе полудам...матичната вика нема лек што и да сум пиела ќе било исто.Дај кажете што да правам,нешто да сменам исхрана,вежбање веќе полудев
Еве и јас немам циклус од 28.11 многу лошо. Пијам контрацептив ќе видиме дали ќе се среди нешто. И во февруари сум на ендокринолог.
Па не можеш така да ги оставиш јајниците, мора да добиваш менструација. Иди на второ мислење некаде. Пример, јас ако не пиев апчиња не добивав никако. Оди прво кај друг гинеколог, испитај хормони ако немаш испитано, посети и ендокринолог ако не си била. Не можеш така да оставиш, само од себе нема да се среди.
Ја не пијам контрацептиви нема шанси да се клукам со хормони па шо сака нека е. После и други дополнителни проблеми да си навлечам не фала. Ја у круг се вратам, добивам - не добивам. После релативно регулирање на циклусот да се каже, пак ми се имаше пореметено и 4 месеци немав добиено. Си дојде само од себе ко што и другпат си доаѓало. Хормоните у ред се, ги проверив освен тестостеронот, за кој ми е дадено Спиронолактон, па ќе го почнам сакала или не, ќе морам. А шо бенефит од хормонските апчиња коа се добива дур ги пиеш после прекини ги, пак исто? Цело време ли да се пијат без престан? @Torn хормонален статус дали си испитала? Сите хормони комплет треба. Инсулинска резистенција имаш или не? А исхрана да, потребно е да смениш, да вежбаш исто, си има големо влијание тоа. Со килажа не знам како стоиш. У право е шо ти рекла дека лек нема ама може да се контролира состојбата иако цел живот ќе зеза и тоа е тоа.
@Mrs. right Јас пиев 10 години, со паузи се пијат. Доктор го контролира тоа, испитуваш што ќе ти каже, редовни контроли. Еве ми се регулираше и немам пиено некои 4 години, веројатно и нема понатака да пијам. Јас негативни ефекти немав, секако докторот те прашува за здравствената состојба и болести пред да ги препише. Сакам да кажам не е ништо страшно, пострашно е да не функционираат јајниците.
Ја овулирам ете, на ехо ме гледаше добро вика се е, ама тие цистите само си се формираат и знаат застој голем да праат. На периоди добивам на периоди не. Знам дека не е добро така ама што да се праи. А идам на 6 месеци се боцкам, беше се во ред, последно тестостеронот покачен само, женските хормони добри сите, тироидните исто, како и инсулинот. А овој машкиов скока, другите андрогени и тие во граници нормални, само овој. Не знам уплав иам од такви хормонски, читајќи триста несакани ефекти дека предизвикувале.
Добро кај тебе не е лоша ситуацијата затоа и добиваш колку толку, овулираш, пак подруго е. Само не прекинувај со добра исхрана и вежбање ако веќе практикуваш зашто хормоните можат да се пореметат за краток период. Инаку, лек за пцос е бременост, ова секој доктор ми го има кажано и се докажа кај мене, само што повеќето жени имаат проблем да забременат, на другите им е рано ама се средува кад тад, само што напорно е стално да пазиш на се, испитувања, доктори. Мене и менструацијата ми беше многу напорна, добивав 1-2 пати годишно, матката ми се полнеше со многу крв, стомакот огромен, ми траеше по месец-два, едвај го издржав тоа во средно. Стално протечено, обилна менструација, трчај до дома да се пресоблечеш, слабокрвна, инфузии, паѓање во несвест…многу напорно ми беше, може и затоа многу лесно прифатив да пијам контрацептиви.
Аууу ти ептен драматични симптоми си имала. Иначе и ја пред 4 години ужас бев се додека не почнам со метформинот и додека не се навикнам на него. Све беше пореметено, и се осеќав крш, после коа паднаа нагло хормоните врвот на хоророт го достигнав па се опоравив и од тогаш да не се урочам такви симтоми не осеќам освен ваква заебанција со недобивање повремено коа знае месеци да трае. Многу различни симптоми доживуваме при ПЦОС и секој е приказна за себе. Еве сеа после толку долг период како немав ја очекував ептен обилна да е, не е, скроз најнормално, нит болки иам нит ништо. Чудна работа. Туку се плашам коа ќе прекинам со метформинот како ќе се одрази тоа на инсулинот. Од коа го пијам, се држи во граници супер си е ама после.. Предолго го пијам веќе, редно е да се тргне. Тек тогаш пазење ќе мора. Добро што кај тебе после бременоста се регулирало, што знам и тоа си е индивидуално. Дај Боже кај сите се во ред да биде и да нема никакви проблеми.
Прв пат кога пиев метформин инсулинот ми беше добар и откако прекинав терапија, па после скоро две години пак скокна, почнав пак метформин, ми го прекинаа во третиот месец од втората бременост и еве од тогаш да не се урочам немам проблем. До душа и го немам испитано одамна, можно е да скока зашто ми се враќаат некои симптоми ама мислам со подобра исхрана би се средил.
probaj so mio inozitol, jas go pijam vo kesicki kako Picostil, enzim e i pomagfa dosta za pcos. Poseti i endokrinolog vo meguvreme moze treba metformin da pies da se pottiknat jajnicite.
Хормонален статус уреден,со шеќер не сум имала проблем и тироидна жлезда досега...не е точно дека после бременост се регулира.Првите две години подле бременоста менструацијста ми беше уредна последнава година ме зафркава и многу ми е мачно во исчекување на менструацијата се дуам како балон и многу ми се јаде дури почнувам да се тресам ако не ставам парче леб в уста
Па ова ти е прв знак за проблем со шеќер, направи игтт и интолеранција на инсулин. Според што утврдија дека имаш пцос ако првенствено хормоните ти се во ред?
Znam..dve deca rodiv ista sum so ciklusot..kako mu tekne taka doaga . Pijam ovir picositol i po ok e sega Proveri insulin i skrien seker obavezno. .