Па не е баш така, бидејќи велиш дека се само миоинозитол, а само мионозитол е Еловата а во ист кош ги ставаш Пикозитол и Елова, а составот не им е исти. Некој што не е упатен ќе се "изгори" со Еловата, ем поскап, ем посиромашен состав.
Не знам кој дел од ВИДОВИ НА ИНОЗИТОЛ не ти е јасен, Елова и Пикозитол имаат САМО МИО ИНОЗИТОЛ од ВИДОВИ НА ИНОЗИТОЛ. За најдобар ефект треба МИО и ХИРО инозитол во однос 40:1, кој го нема ни во Елова ни во Пикозитол, ни во Миоцистин. Кај нас се само Фертилимин, на Амазон и иХерб има повеќе видови, Инофолик Комби кај соседите исто има Хиро-инозитол. Муабетот е за инозитол како суплемент, а не за брендот и миксот со помошните состојки. Прочитај малку повеќе пред да скокаш.
Здраво девојки, гинекологот ми даде да пијам Chirofol за ПЦОС. Дали имате искуство? Ми рече дека акните ќе се намалат и циклусите ќе бидат редовни. Досега пиев контрацептиви па малку ми е чудно што овие се на природна база не знам дали ќе има некаков ефект, а не се баш евтини.
Немам искуство со овие. Мене ми даде фолиномел да пијам ама и тие се скапички. Јас пијам мака капсули некако ми помогнаа многу
Здраво девојки, бидејки сум ново дојдена во Скопје, дали може да ми препорачате добар и искусен гинеколог за матичен лекар од кој сте задоволни во пределот на Карпош. Се извинувам што малку улетав во разговорот.
Никакви таблети тие само си земаат проценти на тоа што го даваат ова тие најубав природен лек. Една тегла мед со 300гр. чувар куќа исецкано во медот од тоа се пие 3 пати на ден големи лажици од тоа цистите ќе испукаат и ќе можеш да си останеш бремена инаку ќе ти прават проблем.
Здраво,имам полицистични и нередовна менструација последна имав крај на април пијам Метформин од 1000г ми препишаа на ендокринолог.Ама многу сум подувана и само се нервирам ,никаква промена од таблетите немам,ги пијам веќе 3 месец.Дали да се смени начинот на исхрана и физичка активност да се почне ваши искуства?
Дали да се испита инсулинска резистенција и хормони? кога ми проверуваа шеќер на ендокринолог 7.5 ми беше
Обавезно Зар немаш испитано? Тогаш како препишале метформин ако не ти испитале се што треба? Каков шеќер ти испитале, гликемија ли е ова? Ако е гликемија, висока е тогаш. Пак мораш на контрола, на гинеколог, на ендокринолог.
Во јуни ми испитаа шеќер видоа е висок и дадоа метформин ни инсулинска дали имам ни хормони испитани дадоа битно да пијам тоа
Ти имаат испитано, види убаво во сите резултати. Не може без комлетна крвна слика да ти даде глукофаж од 1000. Треба движење, треба вежбање, треба внимавање на исхрана, треба повеќе вода...
Како установиле за полицистичните јајници, со ехо само? Треба и хормоните да се проверат. Еве мене на пример гликемијата не ми беше висока, додека инсулинот беше и пореметени речиси сите други хормони. Мораш да го испиташ ова.
Да знам затоа прашава ама ги немаат сите хормони на клиничка биохемија бар мене упатот за таку ми беше