Добар гинеколог кој би помогнал за регулирање на ПЦОС и проблеми со инсулинот? Комплицирана ми е ситуацијата и навистина ми треба некој кој бил во слична ситуација да ми препорача добар гинеколог. Фала ви
за ова ти треба ендокринолог не гинеколог, добри ендокринолози на клиника, искра битоска, саша јовановска, најдобра беше бранкица крстевска но отиде во пензија .
@alisija Бев на ендокринологија кај Др. ПЕрцан, но сепак таа е само ендокринолог... ми даде да пијам Глукофаж и ми рече за 4 месеци контрола,.. кога поминаа тие 4 пак истото... Затоа барам гинеколог кој подобро би ја водел ситуацијата, за да не стагнирам туку колку е можно да ги елеминирам симптомиве.
па види пцос е ендокрино заболување кој би го решил ако не ендокринолог? ти кажувам зашто и јас сум истиот проблем и глукофаж ке пиеш цело време нема прекинување , ке внимаваш и на исхрана нема благо, нема бел леб, газирани сокови, тестенини, ке го проверуваш инсулинот на два месеца како се движи, мене многу ми помогна метформинот за редовем циклус, останатите хормони како ти се? имаш зголемена влакнавост? ако си со вишок килограми обавезно да ослабеш. инаку мене гинекологот од систина ме прати на ендокринолог и дп ден денес он не се замара со прпблемите за хормоните, сам си кажа за тоа стручни се ендокринолозите не ние, не си го погодила правиот ендокринолог ти, е сега ако сакаш да забремениш тогаш ти треба следење од гинеколог за овулација.
Кај мене има ризик од развивање на дијабет, ендокринологот ми кажа дека со покаченото лачење на инсулин може да развијам дијабет тип 2. А немам влакнетост.... но во последно време имам симптоми на намалена функција на тироидна и тука многу се загрижувам... и циклусите ми се пообилни.. Сега како ти е тебе ситуацијата? цистите ги снема, се доведе до нормала?
јас две ипол години пијам метформин па скраја да е шекерот ми е супер , затоа мора да го пиеш метформинот ама ако не внимаваш на исхрана џабе , мора и на тоа да се пази , цистите нема да ги снема такви ке ни се цел живот со такви сме родени, жени кои и родиле деца пак им се такви јајниците, се што можеме да направиме е да им се подобри состојбата ама целосно извлекување не постои. А за тироидната мора да примаш терапија, не смееш да бидеш без терапија.
Јас разбрав дека цистите настануваат од прекумерното лачење инсулин, дека ако се среди тоа, ќе се средат и тие. Си имале хормоните некој свој биланс и ако еден почне да зеза и да лачи повеќе или помалку (во случајнов инсулинот) и другите исто. А циститее дека се резултат на не се сеќавам сега дали повеќе или помалку женски хормони. Затоа сакам кај добар гинеколог да отидам, мора да има целосно излекување, размисли и ти... убедена сум дека може да се елиминираат скроз, макар и цело време да сме на глукофаж.
мила во оваа проблематика сум со години, лечев и стерилитет, најврвните гинеколози ми го кажале ова, има жени со пцос а нормален инсулин, единствено може да се направи дрилинг на јајници тоа е народски кажано бушење на јајноците кај жени кои не овулираат природно ниту со лекарства, како сакаш да не испадне те разубедувам, ама ете појди на гинеколог истото ке ти го каже.
кој ти кажал дека се лечи пцос или е неупатен во тоа или ти не си разбрала , 12 години поминаа откако прв пат дознав дека имам пцос, тогаш бидејки бев тинејџерка ми даваа контрацептиви за регулирање на циклус, потоа кога сакав да забременам се префрлив на метформин, забременив родив, син ми има скоро година уште ми се исти јајниците. Колешка од работа има веке 50 години, три деца, и на старост е уште со истите јајници, ама еве не знам може ке бидеш ти првата во светот што ке се излечи
Иста сум и јас девојки, ПЦОС, циклус од 37-9 дена, зголемен инсулин, зголемена тежина, тироидната оди накај хипо+хашимото (имам тпо-антитела), плус и зголемен крвен притисок... На ехо јајниците ми се во нормала горе-долу, има 5-6 фоликули ама за дијагноза било над 10 итн. И мене ме пратија на ендокринолог, одам кај Саша Мишевска на клиника. Правев хормонален статус( хаос), огтт(лошо), ама цело време препораката беше диета и контрола, ништо друго. Истражував многу на интернет и на своја рака почнав безглутенска исхрана, ги исфрлив комплетно сите шекери, пијам секој ден б-комплекс, магнезиум, селен. Од пред месец дена пијам и метформин.За 2 месеци веќе се чувствувам многу подобро, се спушти инсулинот, исто се регулираа и ТСХ и Т4, ама половите хормони се во дисбаланс, женските се ок, ама машките се сите зголемени. На своја рака почнав да пијам капсули витекс пред месец дена,треба да ги доведат половите хормони во ред ама се уште е рано за да кажам дали има ефект. На ендокринолог сум на контрола по 2 месеци, па ќе видам како е состојбата.
за машките хормоми јас пиев спиронолактон и декстаметазон имаат антиандрогено дејство, ми се намалија хормоните од нив. ме чуди како не ти дале ништо, мене само андростендионот ми беше накачен па ми дадоа..
Пробав со спиронолактон ама од него ми се зголеми шеќерот, страв ми е да не си стимулирам сама некој дијабетес зашто ионака одам накај предијабетес, а контрацептивни не би требало да пијам ради притисокот и зголемената тежина
од колку мг пиеш метформин? да пробаш со декстаметазон мене тој највеке ми помогна, се пие во 23 часот зашто тогаш почнува лачењето на андрогените хормони.
kolku sto znam spironolakton vlijae na aldosteronot.za isftlanje poveke voda od organizmot.ne mi e jasno kako vlijae na polovite hormoni.
2 пати по 500мг, а некогаш и 3 пати ако јадам премногу јаглехидрати тој ден. Фала за препораката, ке се консултирам со гинекологот или ендокринологот на следно одење
има анти андрогено дејство и ја се чудев ама најчеста терапија е за пцос заедно со метформинот, баш пиши на нет ке видиш http://youngwomenshealth.org/2014/02/25/spironolactone/
@Elaria А кај кои доктори одиш? Гинекологија и ендокринологија? И дали можда некоја од вас има прочепкано по нет за хомеопатски лек можеби за ПЦОС? Не се давам, ќе ги излечам
Kaj Надица Героска гинеколог, а Саша Мишевска на ендокринологија, ама не можам да кажам дека сум нешто посебно задоволна. За хомеопатски лек немам чуено, ама почнав да пијам капсули витекс на природна база-chasteberry fruit, на нет ептен ги фалат, наводно ги доведуваат хормоните и циклусот во ред. Само еден месец ги пијам па уште е рано да коментирам за нив. И за мака корен во прав прочитав дека помага, ама не сум пробала.