Девојки, дали вие што сте со пцос често чувствувате тапа болка во јајниците и долниот дел на стомакот, како не е ни болка, некое стегање, пецкање, вака подолго време ми се случува, но не секој ден. Има простор за паника? Може да е симптом на Пцос? Инаку многу ретко добивам
Да тапа болка, подуеност, нередовен циклус се дел од ПЦОС, ама треба да си направиш хормонално испитување и ќе знаеш со сигурност.
За болката дали е од нешто друго најдобро ќе знае гинеколог да види на ехо, инаку да често се чувствува тапа болка при дијагностициран ПЦОС. Промени го начинот на исхрана, отфрли бел леб и пецива, применувај безглутенска исрана колку можеш почесто, избегнувај благо и газирани пијалоци со многу шеќери и применувај редовен сон ќе се подобрат симптомите до степен можеби и да не ја осеќаш болката во иднина.
Здраво девојки, имам проблем со нередовна менструација над 32 дена бев на гинеколог испитав се и имам пцос со покачен машки хормон докторката ми препиша метформин и спирололактоне , некако несакам да пија хемија да не ми се поремети нешто друго дај кажете нешто природно да земам , нарачав и капки од вирак сега и зедов мио цистин прахчиња .Здраво се хранам и физички сум активна и суплементи си пијам со години.
Мене ми препорачаа да направам тегла мед со чувар куќа билката. Сабајлечки пред јадење се јаде една лажица, и 2 часа после тоа нема јадење. Ќе почнам од денеска па ќе споделам искуство.
Пробај Еловата појака е од миоцистинот, две кесички ќе внесуваш околу 4грама мио инозитол, тој е мн важен за инсулинската резистенција, Мака таблети од now да пиеш, природно ги регулираат хормоните, метил фолат исто од now по едно. И исхраната многу е важна. Испитав интолеранција на храна пред бременост, бидејќи за година се поправив 10 кг... и стварно интолерантна на глутен на лактоза а само тоа јадев се дуев се поправав, колку добро толку лошо и храната прави. Консултирај нутриционист.
Здраво, јас имам ПЦОс и еден период ми беше покачен машкиот хормон, докторката ми кажа дека ако пијам спиронлактоне нема да можам да забременам 2 години. Затоа на времето си одбив. Инаку за ПЦОС си користам метформин, но исто така и Inositol D-chiro 40:1. Кај нас колку што знам има елова и овунорм. Јас си нарачувам од САД оваситол (доста поскапо ама мн ефикасно кај мене барем). А за машките хормони земи и Spearmint tea (не обично нане, peppermint tea), кај нас не сум нашла ама јас го купувам од Косово (Алби мал). Инаку, сите суплементи се хемија, а со нашата состојба треба многу суплементи (Вит б, Д...), тоа е
Јас имам покачен машки хормон, ги зедов Фемисан А во капсули плус Мака ке видам како ми делуваат и вирак капки земам навечер . Докторката ми препиша Овномур но не ги зедов бидејќи од инозитолот мн акни ми излагаат
хмм незнам искрено не сум слушнала за таква реакција, баш знам дека кај пцос го даваат за намалување на акни, намалува желба за блага храна.. ама ете можеби, секое тело е различно
Здраво. Имам полицистични јајници и докторката ми даде спиронолактон по едно на сабајле и уште едни витамини. Ми ги даде поради зголемена влакност. Треба да ги пијам 4 месеци. Но, не ми објасни што смеам, што не смеам.. Дали треба да внимавам на исхрана, алкохол дали смеам бидејќи често си пијам винце, ако не смеам 4 месеци ке побудалам Исто така ми кажа дека притисокот може да ми биде многу низок, а јас секако сум со низок притисок по природа.. Би сакала совет на кратко од некоја што ги пиела веќе чисто да знам што да очекувам. Поздрав