Таман се решив, останав трудна ќе одам за брада дефинитивно оти цел живот го поминав со чупалица во рака. Највеќе ме плаши тоа што нема да смеам да се чупкам ни депилирам измеѓу сесии. Каде правеше, има нешто врска каков ласер се користи, колку пати направи за да ги снема? Да соберам инфо со време
Кај Анчевски.Година дена и повеќе ,почнав уште додека пиев контрацептиви .На 2 3 месеци ќе одиш ќе ти кажат.Од мене полошо не си сигурни,никој не е! Сабајле се поминувам со восок ,до навечер имам пак.Не ми се одеше никаде со дневна светлина што имаше дружење,кај да одев носев чупалица,восок на одмор ..мислев дека никогаш нема да се реши .Фала му на Господ.Брадата ми беше како четка буквално,сега немам ништо ! Надусниците уште некое така,сега бев пред недела дена после 5месеци.
Женски Уште од мои 15 години почнав да забележувам влакна на лицето. Прво беа бели, па со текот на времето станаа црни. На брадата од неколку влакна сега се повеќе, имам и по вратот, а и од страните на образите по некое влакно. Последниве неколку месеци менструацијата знае да ми касни по неколку дена. ТСХ и тестостеронот ми се благо покачени, а матичниот ми вели дека засега нема потреба од терапија. Имам ќерка од 4 години, но искрено во глава ми се вртат 1000 прашања. Што ако се полицистични јајници? Што ако подоцна не можам да имам уште едно дете? Следната недела ќе одам на гинеколог, но до тогаш би сакала да слушнам искуства. ❓️Дали некоја од вас имала влакна на лицето и како ги отстранувавте? ❓️Исто така, дали некоја со полицистични јајници имала проблеми со зачнување или сепак успеала да остане бремена без потешкотии? Благодарам однапред на сите што ќе споделат искуство.