1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полиња со диви нарциси (Винка Саздова)

Дискусија во 'Книги' започната од La.Reina.Del.Sur, 22 мај 2011.

  1. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    необична приказна за љубовта и неверството. Писмото што останува непрочитано во џебот од едно палто е причина за едно долго патување кон секој изминат и иден миг од животот. Сто и осум жолти ливчиња со непроменливата порака: Разбуди ме. Страниците од дневникот, испишани во потрагата по себе, се единствената нишка во лавиринтот на љубовта. Митови што еманираат од нашето најсекојдневно постоење. Доброволни прогонства и разделби ни ги отвораат портите кон вечноживите детства. Мириси што можат да ги разбудат најскриените агонии на животот, секогаш еден чекор пред нас. Како можеме да го пронајдеме она што не сме ни занеле дека воопшто ни припаѓа. Противречноста на исчекувањето. Да се проникне во човекот е исто како тој повторно да се роди. Дали тоа, што еднаш суштински се скинало, може совршено да зацели?


    Староста преку младоста, минатото преку иднината. Обете судбински вкрстени во вечното сега.

    За сите љубители на книгата: Нема да зажалите ако ја прочитате !!
     
    На riba79, WarriorAngel, DeRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. pepelashka.20

    pepelashka.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    18
    Ја прочитав. Многу убава книга :)
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Преубава книга,многу ми се допадна.
     
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.983
    Пол:
    Женски
    Многу убава...Винка напишала прекрасно дело :)
     
  5. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Баш се мислев дали да ја земам. Ја прочитав Последниот чај и многу ми се допана. Ме интересира која според вас е подобра, првата или втора нејзина книга?
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.735
    Пол:
    Женски
    И двете се прекрасни, вторава е некако многу повозбудлива и позабавна, не те остава на крај, ти иде последните 100 страни да ги прочиташ во еден здив :)
     
  7. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Прекрасна книга, многу возбудлива, интересна, се чита во еден здив. :)
    Ја препорачувам.
     
  8. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Јас ја прочитав и искрено некаде на средината на книгата се заморив од неа Сара па Сара веќе не знаев која Сара зборува но не се откажав затоа што јас ниедна книга не ја оставам недочитана и не се покајав интересен крај што е малку чудно за македонските автори но е за пофалба. Искрено се надевам дека ќе има продолжение :D
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Треба почесто да се читаат книги од домашни автори, тоа сум го рекла стопати.
    Има нешто свечено во тој чин, кога читаш книга од својот, мене лично ме исполнува со некаква гордост и достоинство (знам дека звучи блесаво).

    Дали оваа книга ме исполни со гордост поради своето постоење?

    Неколку месеци упорно ги избегнував и двете книги на Винка, а сега ќе кажам и зошто:
    помило ми е да прочитам книшка од некој кој се помачил за издавање на истата, од петни жили да видат страниците бел свет, отколку некој/а кој го има луксузот наречен – своја сопствена издавачка куќа.
    Пробав некако да ги тргнам настрана овие почетни предрасуди и конечно ја отворив Полиња со диви нарциси.

    Слушнав и прочитав многу пофалби, но немаше место за толку во мојата рецензија.
    Не дека романот е лош, едноставно не е толку добар.
    Приказната имам чувство дека е позајмена од неколку други книги. За мене е сублимат од сите оние кои трагаат по себеси и вистината, како дел на Коелјо, како една на Пенелопи Лајвли во лајтмотивот, налик на Изгубената роза од еден турски автор.
    Едноставно, немаше ништо ново во оваа книга.

    Но, тоа и не ми беше најголемиот проблем. Нарацијата тече спокојно, но сепак интригантно и пофалби за тој дел. Те тера да читаш понатаму, започнувајќи уште од првата страница.
    Но нејзиниот стил ме разочарува. Има толку многу клише реченици и изрази, што дури и да поседува некаков сопствен стил Винка, од пречесто употребуваните вакви фрази, не може да дојде до израз и да исплива нејзиниот сопствен печат и замисла.
    Некаде низ форумов прочитав – како да земала прирачник за тоа како се пишува бестселер и седнала да пишува. Е токму така се чувствував и јас, не можело поубаво да се објасни.
    Некако е насила пишувано, само со цел да му се допадне на читателот.
    Со причина светот се поклонува пред Карлос Рузи Зафон, освен неверојатната способност да создаде нова, свежа и инвентивна приказна, има неверојатна моќ за сплет на зборовите.
    Тие се нови, непрочитани, невидени, нечуени и освојуваат поради својата оригиналност.
    Тука ја нема.

    Во секој случај ја препорачувам, да речеме дека Винка се обидува да направи чекор повеќе од други македонски автори и да се вклопи во некој модернизам кој владее во светот, ама за мене – се’ уште не е доволно подготвена и созреана.

    Во врска со сижето, главните ликови Сара и Војдан кои се свршеници веќе 3 години и за кои сите сметаат дека имаат врска од соништата, се разидуваат поради неверство.
    Сара го започнува патот кон себеспознавањето, додека и двајцата се во трнливо искушение повторно да ги проживеат и истовремено да научат од своите грешки во минатото. На своето патување, или подобро кажано бегство, Сара ќе запознае мистериозна старица која ќе го смени нејзиниот живот...
     
    На anichka94 и korisnichka им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.081
    Допаѓања:
    11.224
    Ја читав , па така - така. Има и многу поубави книги. Не знам зошто ама странските автори некако поубаво пишуваат од нашиве, јас така мислам.
     
  11. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Многу убава, книга. Малце приказната ми беше дежа ву, ама ми се допадна стилот на пишување, многу богат со стари архаични зборови им е дадена нова современа форма и воедно многу поетски некако. Ги воскреснува старите зборови што многу ми се допадна. Ми се допаднаа пак ќе речам стилот и нарацијата, но приказната ми е ништо ново.
     
  12. Lemony

    Lemony Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    66
    Бидејќи ми ја фалеа книгата, зедов прочитав малку...и толку....конфузија ми се створи, не бев доволно концентрирана можеби
     
  13. elka.timova

    elka.timova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    сакам да ја читам па убава ли е уште малку на одмор 8) ама брзо читам зошто јас не читам книги на плажа
     
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    На список ми е за читање. Треба да си ја купам. Штом последниот чај ме воодушеви не се сомневам во оваа. Дополнително воведот во темава ме направи уште повеќе да посакам да ја земам в раце и да почнам да ја читам.
     
  15. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Дачи некпј ја читал Луна од истата авторка, од Винка Саздова.
     
  16. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Полињата ги пробав еднаш порабп ама не ми заоде, некако ми се повторуваше, може не ми бил моментот, сепак ценам македонски автори, незаменливо е да си читаш во оригинал :)
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.544
    Пол:
    Женски
    Ако би ги подредила книгите на Винка Саздова по нивниот кавлитет, според мој вкус, оваа би била на второ место. Интересна содржина иако не изобилува со голем број настани, ми се допаѓаат описите (на ликовите, на нивната состојба, нивните емоции, како и она што ги опкружува, пример ливадата и куќата на старицата).
     
  18. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Интересна книга. Ја најдов на полица кај мајка ми и ја пролистав. Многу пати ја загледував, лани ја прочитав и сега се што паметам е Сара.