Полнети јаболка - туфахии

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 27 јануари 2010.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    1.452
    Знае ли некој како се прави овој рецепт? 8)
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    1.452
    Туфахија



    За подготовка на овој десерт за 4 лица потребни ви се следниве производи:

    - 4 јаболки
    - 300 гр. Ореви
    - 400 гр. шеќер
    - лимон
    - каранфилчиња
    - ванилин шеќер
    - цимет
    - 600 мл. млеко
    - хопла
    - 1 литар вода

    Потребно време за подготовка на овој десрт е 20- минути.

    Најпрво ги лупиме јаболките и им ги отстрануваме семките. Јаболките ги ставаме во еден сад со вода за да не потемнат.

    На оган ставаме едно тенџере И во него ставаме 1 л. вода И 500 гр. шеќер. Лимонот го цедиме во цедалка, а сокот го додаваме во тенџерето за да не се зашеќери шербетот. Во зовриениот шербет ги спуштаме јаболката.

    На оган ставаме уште едно тенџере И во него го ставаме 600 мл. млеко И 400 гр. шеќер. Промешуваме со лажица И оставаме да се загрее млекото. Потоа во тенџерето ги додаваме мелените ореви И циметот. Промешуваме И додаваме ваниллин шеќер.

    Со лажица решетка јаболките ги превртуваме во тенџерето со шербет. Тенџерето со филот го тргаме од оган И го ставаме на работната маса. Потоа со лажица решетка јаболките ги вадиме од шербетот И ги редиме на чинија. Земаме готварски шприц го полниме со филот И ги филуваме длабнатинките од јаболката. Земаме еден сад за матење ја ставаме хоплата И ја матиме со миксер. Потоа изматената хоопла ја полниме во готварски Шприц. Земаме по една филувана јаболка И ја ставаме на чинија за послужување. Потоа со шприцот со хоплата ја декорираме јаболката одозгора И од страните. Декорацијата ја завршуваме со парчиња киви.


    Превземено од сајтот на храна и вино
     
    На fairy88 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    Јас правам еден рецепт многу едноставно-јаболката ги мијам ги чистам внатре убаво да нема семки потоа полнам со мармалад по зелба од сто сакате,наросувам шеќер и цимет преливам со малку масло и се печат..добар апетит ! :)
     
    На La diabla му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    1.452
    Звучи вкусно. може да се проба. А со каков мармалад ги правиш ти?
     
  5. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    јас ги полнев со мармалад од вишни и многу е вкусно,можеш да ставиш по желба каков сакаш :)
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.032
    Полнета јаболка ми е чест зимски десерт

    Ги мијам јаболките, ги вадам семките од внатре (исто како што чистиме патлиџан за да направиме полнет патлиџан).
    Внатрешноста ја полнам со сецкани ореви, посолувам со цимет и ставам 1 лаж шеќер или пола лаж. во зависност од големината на јаболјата и печам. При печење шеќерот се карамелизира врз оревите.
    Врз печената јаболка одозгора ставам 1 лаж мед и шлаг
    Фантастични се
    [​IMG]
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    10.056
    Допаѓања:
    173.487
    колку долго ги пеЧЕс отприлика?
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.032
    Зависи од големина на јаболка, отприлика половина час, ќе видиш јаболката ќе омекне и кората ќе и се згужва.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.