1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полни трпези по социјалните мрежи...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од DenicijaNaPetre, 25 декември 2020.

  1. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    520
    Нешто што особено ми боде очи се сликите од најразновидна храна (било во домашен амбиент или во луксузен ресторан), што секојдневно кружат по социјалните мрежи...

    Мое мислење (со кое секако дека не очекувам сите да се сложат, ниту пак да го осудуваат): во свет во кој сè почесто луѓе умираат од глад и страдаат од сиромаштија, едвај сврзувајќи крај со крај, сметам дека крајно нехумано е водени од мотивот да ја експонираме својата ,,креативност, добра финансиска состојба и желбата за предизвикување завист", да повредуваме нечии емоции и да предизвикуваме фрустрации...

    Сепак, не знаеме што носи утрото, зашто животот е круг, нели?
     
    На ohlala, Orthophill, Elf и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    41.816
    Пол:
    Женски
    Многу често велам дека не ги сакам празниците баш поради оваа причина.

    Имав можност да одам на пракса на болница во период на празниците, еден куп луѓе дојдоа поради прејадување, а посебно после постите. Како да немаат видено јадење. Зошто некој би ја поминал Нова Година на болница само затоа што не си ја знае границата на прејадување. (facepalm)
    А креативност можи да се покажи и без многу претерување.

    Факт е дека не можеме да помогниме на сите. И ние другите кои колку-толку имаме пари, немаме богати трпези секој ден, сепак поголем дел спаѓаме во таа ниско-средна класа па едвај чекаме празник, реално. Е сега на сите не, но барем на некој и барем еднаш во годината сите можиме да помогниме, и тие би биле среќни некој ден и ти би се чувствувал поисполнет (не со храна :D).

    Друго, не знам каде завршува храната од маркетите и рестораните? Сум видела во странство дека ја оставаат во "контејнери" каде секој може да си земи храна без пари. Ова одамна сакам да го предложам некаде кога би знаела каде, зошто да се фрла кога на некој добро би му дошла. Колку е изводливо кај нас не знам, тука и тој што има би се испотепал за муфте ама се тешам дека не до толку.
     
    На sweet-cherry, Scorpiongirl12, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    @DenicijaNaPetre еве ти како многу хумана личност, исклучи го интернетот, живеј аскетски живот и донирај се што имаш на сиромашните.
    Гледам дека и на правен факултет студираш, нели ти е малку неубаво кога постојат деца што не можат ни 4то одделение да завршат, а ти одиш на факултет?
    Зошто не ги донираш парите од факултет на некои организации кои се борат да им обезбедат најосновно образование на децата низ светот?
    Никој не може да те повреди ниту да ти предизвика завист со тоа што ќе си стави слика од ресторан.
    Сама се повредуваш и сама им завидуваш.
    Гледај си за себе и не се секирај за другите.
    Тие што излегле во ресторан не се криви за тоа што некој не може крај со крај да сврзи.
     
    На Sindell, Frosty!, jacqueline.s и 27 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.457
    Искрено не знам што да напишам...
    Често не знам дали се работи за естетиката која е дискутабилна искрено.
    Не сум лажно скромна, ама животот е толку богат, што ми паѓа жал што најголемо богатство е да прикажат што и колку имаат.
    Не експонирам ни трпези, ни нешто што би отсликало нешто што поседувам.
    Експонирам искуства. Живот надвор од кутијата. Моето "убаво" и удобно кое никако не мора да се поклопи со туѓото.
    Секој со своите вредности, ама искрено, едно од работите кои ми создаваат неописива празнина е таа површност.
    Елените, елката, пердувите, тракатанците, трпезата, а душата ... со што е украсена?
    Не филозофирам, а најмалку пак сакам да се направам препаметна.
    Не глумам ни особено емпатична, но навистина умеам да се ставам на местото на тие што не се во позиција да им е добро.
    Верувам дека празниците знаат да бидат едни од поосамените моменти од годината зошто не ги сретнуваат социјалните очекувања од мнозинството.
    Сите сакаат убава елка, убава трпеза, топол дом... но...
    Скромноста не е маана, навистина треба да сме скромни.

    Не може некој да ме убеди дека е некое особито длабоко задоволство да се прикажува некој со богатоста на својот дом и трпеза без задната идеја да создаде завист испреплетен со воодушевување. Ако јас сум си среќна со тоа што го имам... сериозно не знам зошто е тоа важно да отиде на социјални медиуми.
    Можам да споделам пејсаж, за да некој друг се воодушеви, пејсажот не е мој личен (фотографијата да, ама планината не е моја). Можам да споделам дел од книга која ја читам, книгата не е моја, но убаво е и друг некој да намами. Можам да споделам меко детско стапалце, зошто ќе предизвика нежност и кај друг или некоја смешка зошто некој друг ќе насмее.
    Ама мојата трпеза... не знам кого би орасположила или сите тракатанци кои ги поседувам освен самата себе.

    Буквално и искрено, неидеализирачки размислувам така.

    Сериозно не ме интересираат туѓите шитови. И премногу почна тоа - секој нека живее како што сака да се користи ко форма на одобривање на глупости и површни работи. Нека живее кој како сака, ама фор д рекорд Светле од сметководство со трпезата од св.Никола што живее како што сака, те замара со глупости и пак ескивира работа или те замара со глуп муабет како ги месела посните кифли, јер тоа и е се приротетите у животот.
    Мислам стварно периодов се осеќам измасирано од елените на Петкана и очоболната естетика на купените мафини доукрасени со долчела ѕвездички и чудни тракатанци, а последна корисна работа која ја има прочитано е Свет за разводот на првиот брак на Карлеуша, а корисна фактичка работа седење на фризер 5 саати за медовите прамени кои на денско светло преливаат на бејби блонд.... у суштина тоа се тие луѓе.
     
    Последна измена: 25 декември 2020
    На sweet-cherry, Elf, kuc и 27 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.709
    Допаѓања:
    150.457
    Кај нас законски треба прво ова да се среди.
    А и тоа што може, не знаеш колкави административни глупости има.
    Им текнало на многумина. Има форми кои функционираат, но претежно е претешко во пракса.
    Мислам дека @zhap4e одамна има пишувано за ова, повеќе можеби има да каже.
     
    На zhap4e, Jana06, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е во ред за нас што сме цел живот на диета, не е хумано.
    Веднаш се буди нешто да станеш и да земеш од фрижидер да си ги ублажиш барањата.

    Шала на страна.
    Најмногу ме иритираат оние што постојано се жалат "абе знаеш немаме пари во тесно сме" цап следната недела цела порција храна на фејс.

    Ај да е на стори ставено сосема во ред, ама ти цел пост ставен со храна.. незнам.
     
    На Ariel, Dentina, MarigoldA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    595
    Пол:
    Женски
    На сите секогаш да им е полна масата. Тоа не ми сметало никогаш, да сликаат маси, сакале- сликале. Ништо страшно.
    Мене малце што ми забоде очи, сега со коронава, кога беа празници и кога се трубаше да не се бериме по 100 души, кога им ги броев столиците за имендени сликани по 20, ете тоа малце ми беше безвеза.
    Инаку масите на сите да им се полни секогаш.
     
    На eli25, Ladybug98, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  8. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Глупости. Ај да одиме облечени во партали, зошто некој нема што да облече. Ај да не си го средуваме живеалиштето, затоа што некој го нема. Нека мувлосаат ѕидови, што има везе.
    Ај да не се сликаме фамилијарно, затоа што некои луѓе немаат семејства.

    Од мое лично искуство, сите луѓе кои ги знам што се фалбаџии и по социјални мрежи и во реален живот, се токму оние луѓе кои и не можат да си го дозволат тоа што го сликале. Но сепак не ги осудувам, бидејќи мерак им е на душата да се пофалат со тоа каде можеби се наоѓаат. Тоа не е никаков лошотилак, ниту па којзнае колку непристојно.

    Можеби лошо ќе звучи тоа што ќе го кажам, но мене по зависни и злобни ми се оние луѓе кои немаат доволно. Се' некого колнат, се' некој им го земал местото под сонцето, се' некој ги зезнал во животот, а кога ќе се сожалиш и им помогнеш нешто, ќе ти се ис*рат на глава, само да те дискредитираат, од пуста љубомора. И ќе се однесуваат со тебе како со најголем џелат после, како лошо да си им направил нешто. Тие луѓе никогаш нема да успеат, од што се за никаде и не можат да се вадат на тоа дека животот ги направил такви.

    Маж ми е дете од неситуирано семејство и сам се си постигнал во животот, затоа што никогаш не го интересирала туѓата полна трпеза, ниту па деновите ги поминувал во самобитисување и колнење на оние што имале повеќе од него. Решил да си го среди животот, можеби се мачел, но си постигнал успех.
    А да постигнеш нешто во животот, главно нешто е да престанеш да гледаш во туѓата трпеза.
     
    На Abeja, Ena05, Sindell и 13 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.578
    Допаѓања:
    155.704
    Пол:
    Женски
    Она дека од секое лошо има полошо е ... Вистина. Многу работи не треба да ги прајме зошто има полошо. Јас јадам ама има деца кои немаат. Не само шо си купив нови алишта ама и воопшто носам алишта кога има луѓе кои немаат. Легнувам под покрив ама има луѓе кои живеат на отворено, без дом и ова можи да оди до недоглед. За се шо прајме и имаме постои човек кој не можи да прај и нема. И тогаш, зошто го прајме то? За да ги повредиме? И дали то не прај лоши луѓе? Апсолутно не. Едноставно си ја споделваме нашата среќа. Ако некој не сака, е среќен за нас. Барем лично јас сум среќна кога гледам на инста дека пријателите ми се среќни.

    Од таму, јас распределвам моите средства како шо сметам дека е потребно. Ако сакам да сликам нешто и да клам на инста, пак, е мое право. Оти ме радва да го видам истото од кај пријателите, како си поминале конкретно ете за НГ или што спремиле да размениме рецепт. А, и не мора да размениме. Доволно ми е да знам дека си поминале добро.

    И да сакаме не можиме да мислиме на сите кои немаат. НО, доколку познаваме некој кој нема или имаме организација во близина која помага на полошо ситуирани семејства - секогаш можи да се донира и ве охрабрувам за тоа! Сите не можиме да ги спасиме, ама на дел можиме да направиме животот барем кратко да им е полесен.
     
    На sweet-cherry, jacqueline.s, noteforself и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Точно е дека има многу гладни луѓе низ светот, но верувам дека секој гладен побргу би си купил парче леб што се вика, отколку да плаќа сметка за интернет за да гледа трпези. :?:

    Не сликам трпези, ама ако ме нервира некој што слика, едноставно би го блокнала од социјални мрежи. Ако мене лично не ми се допаѓа тоа, не значи дека треба да форсирам да покажуваат лажна скромност сите што им е мерак да се пофалат со трпеза.
     
    На jacqueline.s, CameliaMiller, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Требa секoј дa знaе вo кaквa срединa живее, во каков круг и aкo имa oсет ќе знaе кaкo дa се oднесувa. Тaму кaде штo сите oкoлу тебе се дoбрo ситуирaни и хрaнaтa нa мaсa е нaјмaл прoблем или вooпштo не е прoблем, тoгaш пoстирaњетo нa слики сo убaвo укрaсенa и рaзнoвиднa хрaнa ти е кo "уметничко изразување", кулинарско, ватевер. Во такви средини па и по правило најмалку има вакви слики по социјални мрежи. Ама ние забораваме кои сме, од кај сме и зошто сме па слепо прифаќаме трендови кои не се толку наивни и кјут како таму од кај што излегле туку раѓаат фрустрации од сосем оправдани причини. Па тука доаѓа познатото -остај ме да живеам како сакам, да постирам што сакам, не ми се мешај во кујна, ти си љубоморен и полн со завист, ти имаш проблем со своите емоции кои не знаеш да ги контролираш. И крај на дискусија. Оооок. А е толку многу подлабоко од ова.
     
    На Ambrosia, Lella, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    520
    Уште во описот на темава, со самото тоа: ,,секако дека не очекувам сите да се сложат, ниту пак да го осудуваат", потенцирав дека целта ми е да има ДИСКУСИЈА, а не ГОВОР НА ОМРАЗА!

    Целта на оваа тема НЕ е да се навредуваме меѓу себе!

    Стојам на својот став: полна трпеза не значи полно срце. Доволно е јас да сум среќна со тоа што го имам, како што кажува и @Lilit .
    Не поради тоа што јас завидувам, @Mantub, туку поради тоа што сум била во ситуација секој денар да планирам на што ќе го потрошам, знам како е да гледаш многу, а да не можеш да купиш скоро ништо.
    Доколку можам некому да помогнам секогаш, без исклучок, го правам тоа. Но, никогаш не правам нешто со што некого би растажила или би повредила нечии емоции.
    Човечноста пред сè.

    Од друга страна, ви благодарам што покажавте интерес и ги искажавте своите мислења. Секое подеднакво го ценам - и оние со кои се согласувам и оние со кои помалку се согласувам. Сепак, сите ние сме толку многу различни...
     
    На Orthophill, Nevenche26 и LadyD им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    И што е не човечко ако некој објавил слика од ресторан?
    Тебе ти требаше сликата од ресторан за да сфатиш дека некои луѓе имаат повеќе, други помалку, не го знаеше тоа претходно?
    Никој не ја реди сликата за тебе да те повреди. Сама се повредуваш со тоа што наместо да си ја насочиш енергијата кон други работи, ти застануваш и се замараш дали некој објавил слика од ресторан.
    Никој не може да ти предизвика завист ако ти не си завидлива личност.
    Ти реков, ако е така и ти со тоа што одиш на факултет ги повредуваш ромчињата што не одат ни во основно школо.
    Глумење жртва непотребно.
     
    На Frosty!, noteforself, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  14. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.110
    Допаѓања:
    18.292
    Пол:
    Женски
    Не очекувај емпатија и разбирање од луѓето...Разбирам што сакаш да кажеш ама...
     
    На Emy867, Ambrosia, Nevenche26 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Кoлку рoмчињa кoи немaaт ни oснoвнo имaш ти нa фб или нa фoруми пa дa прaвиш кoмпaрaцијa? Oди вo нивни нaселби и пoкaжувaј им слики пoстoјaнo oд твoјaтa диплoмa, oд твoите фaкултетски денoви, oд рaбoтaтa штo јa имaш вo финa кaнцелaријa блaгoдaрение нa твoјoт фaкултет, дoдекa тие живеaт тaкa кaкo штo живеaт.
    Вo земјa кaде екoнoмскиoт гaп пoмеѓу луѓетo е дoстa висoк, се штo се бaрa е oснoвнa културa кoјa сме јa учеле oд мaли. Не сме јaделе чoкoлaдo пред сите вo мaaлo oсвен aкo имaме дoвoлнo дa рaзделиме нa сите. Твoите не те учеa тaкa? Не oдиш нaдвoр дa гo изедеш хaмбургерoт штo ти гo купиле твoите (тoгaш хaмбургер беше дoживљaј) гo јaдеш дoмa. Нaдвoр oдевме сo кришки aјвaр и мaргaрин зaтoa штo знaевме декa сите имaaт a и дa пoсaкa некoј, имaш дa му дaдеш, не е прoблем.
     
    На Harper, sweet-cherry, papillonP и 30 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.220
    Допаѓања:
    165.789
    Тоа се тие генерации Бриџо, што не ја виделе Бранка Станковска.
    И... Северна Македонија е 51 ва држава од УСА. Што ќе ти минимализам од ЕУ, далеку е тоа|(
     
    На Nevenche26, VDT2906 и Bridget им се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.110
    Допаѓања:
    18.292
    Пол:
    Женски
    Многу добро знам како е да немаш, мајка ми ме израснала сама. Во малото имав едни две "другарки" кој постојано ми се смееа дека немам, а они беа прилично добро ситуирани, како што кажуваш јадеа чоколадо или нешто друго и буквално се лигавеа пред мене, знаејќи дека јас не можам секогаш да си дозволам да имам. Колку ли само пати со солзи сум си одела дома и да им љубоморев, зошто бев дете и не разбирав зошто они имаа се, а јас ништо ми се смееа зошто имам стара облека или купена од пазар зошто они одеа во Солун на шопинг, такви им беа и нивните зошто децата од нив учат. Ама како што кажа членката на првиот пост не се знае животот кај ќе те одведе, и двете ги тресна животот од земја ни на душман да не посакаш такво нешто...
     
    На Elf, noteforself, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  18. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.019
    Допаѓања:
    10.573
    Пол:
    Женски
    Ако гледаме така па ние сме живи, а некој токму во овој момент умира што значи ние сме себични и со самото тоа што живееме додека некој умира... Не е океј пример на плоштад прослава имаше лани што кошташе 200 000 евра украсување плус околу 100к евра Дино Мерлин додека тие што беа таму се вардеа да не ги укдаде некој, и постојано да викаш на питачи немам немам тоа не беше океј, тоа беше луксузирање пример ... Ама па повеќето луѓе што ја сликаат трпезата во домашна атмосфера работеле, заработиле и си купиле за да имаат.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  19. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Не ми пречи, се' додека не се претера.
    Напротив, естетско задоволство ми е да гледам полна трпеза, а и се радувам за сите што можат да си го дозволат тоа. Понекогаш и јас добивам идеи за декорација.
    Да не се повторувам со членките погоре. Само ќе кажам дека не гледам ништо себично. Не можеме да се откажеме од се' само затоа што некој има помалку. Такви секогаш ќе има. Ако најстојуваме да бидеме еднакви, дајте да се откажеме од секоја удобност што ја имаме во животов... Како што знаеме, мислам дека (скоро) никој од нас не би се согласил на тоа доброволно.
     
    На Frosty!, Victorian и Purplelilac им се допаѓа ова.
  20. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.684
    Допаѓања:
    14.320
    Пол:
    Женски
    Јас само едно ќе кажам,после социјалниве мрежи и постирање на работи со кои едни се фалат со богата трпеза,луксузно наместен дом,патувања,убава гардероба се зголемува анксиозноста и депресијата кај многу што не можат да си го дозволат,точно е дека знаеме дека во теорија дека едни имаат повеќе а други помалку ама кога гледаш е сосем подруго и влијае на психа и убедена сум во тоа. Чист пример бидејќи се борев со стерилитет знам како ми беше кога гледав трудници и бебиња по инста,душата ми се корнеше,ама за тоа никој не е крив,ниту јас што не си контролирам емоции ниту луѓето што постираат,не можеш да му забраниш или да му наложиш на некого што да става на својот профил.
     
    На Orthophill, noteforself, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.