1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полни трпези по социјалните мрежи...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од DenicijaNaPetre, 25 декември 2020.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.452
    Допаѓања:
    38.773
    Пол:
    Женски
    Тие што немат леб да јадат, тоа не е поради нас, туку од тие над нас.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.287
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека треба сега да не јадеме затоа што други немаат. Секој како што сака нека си ги троши своите пари, само чуму толку фалење со тоа мора ли постојано да се слика се.
     
    На Elf, DenicijaNaPetre и edna_malecka им се допаѓа ова.
  3. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Не е себично да ставаш храна на социјални мрежи и нема потреба некој да го сфати тоа како фалење, ако размислуваме така се што е на инстаграм е фалење, сите ставаат слики кога патуваат, со дечко/девојка, на море, на скијање,кога ќе се венчаат па прстени па балони триста чуда, венчавки, деца, сите ставаат кога ќе се вработат и нормално не може секој да си го дозволи тоа и не треба да го сфатиме како фалење па и да се потценуваме самите дека ние го немаме тоа. Сите сме различни, јас имам нешто што ти го немаш, а ти имаш нешто што јас го немам.Лично јас многу многуу ретко ставам храна/пијалоци на инстаграм, имам ставено од нешто што сама сум го приготвила:) свесна сум дека има на светот луѓе кои немаат ништо од тоа што јас го имам и жал ми е за таквите ама кога ќе размислам светот е такво место, денес имаш утре можеби нема да имаш
     
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.452
    Допаѓања:
    38.773
    Пол:
    Женски
    Јас имам пријателка што и грав да сваре ќе го слика за на фб и инста
     
    На BabyD0ll и edna_malecka им се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.287
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    Имав и јас таква па ја ставив на игнор да не ми излегуваат сликите не заради тоа што јас и љубоморам, туку едноставно беше пренапорна со тоа " видете јас имам". Дај боже сите да имаат и никој гладен да не биде, ама за жал тоа тешко сепак треба малку осет да се има за све.
     
    На Bezimenka90, edna_malecka, Nevenche26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Хм...
    И двете страни се во право. Различни размислувања,перцепции...

    Ама мислам не е мерило социјалната мрежа за тоа. Не е ни себичност,ни зајадливост времињата се сменија.

    Себично е ако седиш во ресторан и некој ти пријде и ти побара храна,а ти не му дадеш. Е тоа е себичност.
    Бар во Македонија често се среќаваат такви ситуации било каде.

    Зајадливост не е збор вистински кој би го употребила овде, така да мислам колку ќе понесеш од дома тоа ќе ти е за цел живот.

    Ако некој осетил како е да си гладен тој ќе го подели лепчето со останатите. За тоа нема да му биде потребно ни фб ни инста.
    Пробајте да гледате од аспект на храната,малку или повеќе храна секако е богато.
     
    На edna_malecka, VDT2906 и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  7. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    11.129
    Пол:
    Женски
    Ама како гледаме на работите од нас зависи. Јас на инстаграм гледам слики од нечии егзотични патувања на места кај што јас не сум била, и сликиве се очи да си плакнеш. И фала богу не се постирани за мене или било кој да не направат љубоморни, туку некој од ќејф си сликал, па и јас да појдам таму и јас ќе сликам. Засега како љубител на слики, фала им што сликаат. Исто и луѓе по мода што се, нон стоп аутфит нов постираат, некои слики ептен се убави, иако тие брендови што коштаат 300 евра парче никогаш не би ги купила на пример.

    Ако се сликаш со детето, не е дека пораката е "Еве јас дете имам, вие немате". Мерак му е, нека си го тераат. Не знам која среќа е, никогаш не велете никогаш, можеби и вие кога ќе имате од среќа ќе го изнасликате детето, без да бидете свесни дека во тој момент повредувате чувства на некој што нема.
    Ако тргнеме од тоа, сечија слика има нешто што некој друг го нема, не мора да е материјално само. На слики од свадби, дај немажените живи да се изедеме оти немаме такви слики.
    За постирачи на слики што не ни се свиѓаат постои mute/ignore и тоа е тоа, тие што ми се свиѓаат ги гледам, имала јас такво нешто или не.
     
    На Frosty!, noteforself, Lianna Anna и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.569
    Допаѓања:
    39.984
    Пол:
    Женски
    Не сметам дека е зајадливост и фалење. Повеќе е мерак работата. На инста следам братучедка на мм која скоро се пресели во Германија.
    Секој ден објавува што имаат за доручек, ручек, вечера, кој украс го купиле, како ја декорирале елката, чаши, шољи, вазни, блузи, тањири, тестови на децата,завеса, гарнитура, скала...значи секоја ситница што ете она мисли дека ќе изгледа убаво.
    Не мислам дека тоа го прави со намера "видете што имам" туку едноставно и е мерак така да објавува.
    Мене не ми се во ред трпезите наместени за 20+ луѓе годинава, во сред пандемија. На пример "2 rodenden na mojot princ".
     
    На Victorian, flower30, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    Збoрувaме зa хрaнa, темaтa е зa пoлни трпези. Мене личнo не ми е истo пoстирaњетo нa сликa oд пaтувaње и трпези. Јaдење е oснoвa и не требa никoј дa гледa нa мaсa сo јaдење кaкo нa луксуз. А знaеме декa се гледa и не е oк. И не е oти едните се пoтрудиле, рaбoтaт и зaрaбoтувaaт a другите не |(
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.740
    Допаѓања:
    122.005
    Пол:
    Женски
    Разбирам да ти боде очи групирањето на луѓето во вакво време,ама слики од храна....
    Како инаку да се рекламира ресторан? :^)
    Ова „желбата за предизвикување завист“ ти е претерано.Можеш да збориш за луѓе кои ги познаваш,за други не.
    Некои луѓе на тој начин си споделуваат среќа.Или мерак им е.
    Властодршците се криви за лошата финансиска состојба на голем дел од населението,а не некој Петко што турил 3 или 5 јадења на маса.
     
    На Frosty!, Victorian, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.254
    Допаѓања:
    9.049
    Пол:
    Женски
    Има и такви што сакаат да се фалат со тоа дека се излезени во ресторан, па затоа сликаат јадење, ама повеќето барем јас така сметам го прават затоа што им е мерак, ете може некој може да си дозволи еднаш месечно да седне во ресторан и мерак му е тоа да го сподели со пријателите на социјалните мрежи.

    Секој различно гледа на работите, ама реално во време кога целиот живот ни е сведен на социјалните мрежи и каде што имаш пристап до се и сешто, па се фатиш за ова некој што си ја сликал трпезата ми е малце безвезе, затоа што секој човек треба да е благодарен на тоа што го има во моментот.
    Никогаш не сум била љубоморна или не сум се осетила како повредена некој што ставил слика од богата трпеза, а можеби во моментот јас сум имала само пинџур за јадење.

    И за крај џабе е да ти е полна масата, може да имаш и млеко од пиле, ако душата ти е празна.
     
    На Victorian и nextredstyle им се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.526
    Допаѓања:
    38.364
    Пол:
    Женски
    Се знае дека оние што најмногу умираат за валидација истовремено најмногу се фалат со вакви работи.Трпези и сѐ друго.

    Желба за внимание е, желба за себе истакнување и желбата сите да ми љубоморат.

    Меракот е интимен, не е за свој мерак ако поентата е да видат 1000 луѓе.

    Иако на крај и не е толкав проблем сликата во однос на реалниот проблем.Океј, нема да го сликам ручекот за на стори, ама тоа нема да го смени фактот дека некој пак ќе е гладен, и со и без мојата слика, нели?

    Признавам, не сум размислувала до сега како може да влијае нешто што ќе постирам на некој друг, иако тоа е веројатно поради фактот што многу ретко постирам па не ми прошло низ глава.

    Сепак ја сфаќам главната поента и до некаде се сложувам, се губиме во море од лајкови и позитивни критики а неосетно создаваме токсична, виртуелна и лажно розева атмосфера која заличува на систем за мерење на вредноста на луѓето.
     
    На Emy867, Yowannty, Jana06 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    11.129
    Пол:
    Женски
    Океј тогаш, сите сме свртеле офтопик на генерално имање/немање, а не само на храна. Нека среди модератор. :)

    И јас ќе кажам не е во ред да се гледа храната како на луксуз, пошто основна потреба е да сме најадени и напиени, па после се друго, ама сепак не верувам дека сечија намера е предизвикување завист кај другите. Повеќе ми делува дека пораката на сликата со трпеза е домаќинлукот и декорираното да се види а не "имањето".
    Тој што сака да покаже колку има постира суши, муши, месо од ајкула, кинеско, индиско, бут од еднорог, а не кифлињата и сармата.
     
    На Victorian, Purplelilac, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.814
    Допаѓања:
    39.401
    Не приметувам трпези. Не знам дали зашто не ме интересираат нечии сервирачки способности, или па тие што ги следам на инста, или пријатели на фб не постираат такви работи. Гледам она што ме интересира. Друго игнорирам.
    Ако ми упадне во очи убаво јадење еднаш на 5 месеци, барам рецепт на нет.
    Оној што има фејсбук и инстаграм за да види трпези.скоро сигурно не е во оние луге што живеат со помалку од долар на ден. И сам си ги бира следените и пријателите.
    Наместо морал да продаваме, подобро да помогнеме. Санким многу поарно ќе се осеќа некој со неплатени сметки ако не види дека Трајанка јаде прасе со јаболко во уста и холестеролот ќе и се качи. Земи нахрани некој околу себе ако знаеш дека нема. Чак и пофали се со помошта, инспирирај некој друг слично да направи. А не демек " тајно помагам'. Јеа, рајт..
     
    На Victorian, CameliaMiller, Mantub и 2 други им се допаѓа ова.
  15. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.401
    Зошто вината треба да е наметната на обичниот граѓанин. Сиромаштијата не произлегла зошто јас имам/немам, туку од катастрофалното општество и власта. Едно е да сочуствувам со оние кои немаат, но не е моја вината за сиромаштијата, поголемо е од мене за да имам било какво влијание. Ако имам ќе помогнам. Не ставам слики на социјални мрежи, немам потреба да споделувам било што. Но не би сакала да живеам со помислата, да не уживам во животот затоа што некој е понесреќен од мене.
    Сум давала, сум помагала, но моето тука завршува, повеќе и да сакам не можам да дадам. Мене ми е мирна совеста, туку оние на фотељите што седат и маваат коњски ташаци, шепи од мечки, копита од газели, тие треба да размислат, затоа што тие и го имаат влијанието, а богами и парите.
    И не секој слика трпеза, облека итн. за да се покаже колку пари има, туку може сака трудот да го истакне, да прослави некој весел момент, заработил добро месецот и си купил нешто што го/ја прави среќен/на.
     
    На noteforself, 1209, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    Не ни мислaм декa некoј пoстирa зa дa се види кoлку имa и дa предизвикa љубoмoрa. Бaрем не пoвеќетo, се нaдевaм. Тoa гo прaвиме несвеснo oти нaсекaде гледaме убaви слики и се инспирирaме и ние дa пoстирaме нештo финo.
     
    На T.e.d.d.y, Ugly Duckling, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    некои од супермаркетите ко и ресторани и сл. веќе го прават тоа - имаат кошници за донирање храна ко што и донираат вишоци на некои од организациите што помагаат семејства и поединци. Можеш слободно да го пробаш истото. Контактирај ги, соберете се истомисленици и организирајте се. За храната дома шо ја правиме, пример, ретко која организација би дошла да ја земе или би прифатила да ја однесеш пошто, една порција, две се у прашање (мала количина). Тоа директно носете го некому или пакувајте и оставајте негде. Мене тоа ми е навика од студент коа бев пред сто години. Ене и Ретвитни оброк ги имаш кои готват и носат на бездомници, народни кујни, Љубезност, сите сити (Ајде Маледонија), Банка за храна МК.... Сите прибираат вишоци храна и носат.
    Почни/те од некаде.

    Јас, пример, се' што постирам ми е оти е "среќен момент" за мене, или добра фотка и сл. Нит ми е за чатал, нит за лиги некому да правам, нит за лајк или статус некаков да покажам. Не ми сметаат такви фотки по фб, инстаграм... Напротив, на куп луѓе кои постирале нешто интересно, сум им побарала локација на ресторан, кафич - кога било у прашање храна некаде ...или рецепт - кога "се фалат" што зготвиле.
     
    На do-re-mi, Yowannty, Victorian и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.089
    Пол:
    Женски
    Ко што не одиш со дипломата да им ја покажуваш на ромчињата што не одат на школо, така не одиш ни со храната од ресторан кај некого да му ја покажуваш туку си ја објавуваш на свој профил.
    Ако не можеш да се помириш со фактот дека некој има повеќе пари од тебе како што ти имаш повеќе пари од некого, затвори интернет и нема да гледаш слики, а со патетикиве за малце ќе ме расплачеше.
     
    Последна измена: 25 декември 2020
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.908
    Не се работи за глумење лудило дека не знаеме оти едни имаат повеќе а други помалку. Не се работи ни за љубомора, ни за забрани за постирање. Ама ќе дискутираме другпат, кога ќе ја надминеш потребата за сувопарно црно-бело размислување. Тоа за мене е патетика.
     
    На ElenaOfRivendell, DAngel, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.089
    Пол:
    Женски
    Ќе дискутираме кога ќе се научиш да не ваѓаш од контекст муабети и да не хиперболизираш со тоа што ќе дадеш пример за деца што немале да јадат друго освен лепче со маргаринче, па ќе се сожалат другите и ќе ги фатиш на емоција.
    Не зборевме дека треба да одиш и да им плескаш во фаца на сиромашните колку пари имаш, затоа што тоа би било простотилук и безобразлук и никој ама баш никој не оправда такво понашање туку зборевме дека ти е кејф да си ставиш слика на инстаграм и ќе си ставаш и толку.
    Ако ти не можеш да гледаш слики од јадење на инстаграм, твое е да ги одследиш сите што ставаат такви слики, а не да очекуваш дека не треба да ставаат пошто тебе те вознемирува.
    Безобразно би било некој да ти пушта во инбокс слики од јадење знаејќи дека ти немаш што да јадеш.
    Не е безобразно да си објавува на свој профил, сосила не те тера да гледаш.
    Тој што објавил слика од пица можеби 3 пати повеќе од тебе помага на сиромашни, само не е гласен на фемина.
    Знаеш што е патетика? Некој да објави слика од пицата на инстаграм и да му посакаш да биде сиромашен со тоа што ќе речеш - кругот се врти.
    Ако тоа не е љубомора, не знам што е.
    Ко тој да ти е крив.
    Некогаш човек нема никаква намера да повреди никого, само си го фура филмот, на никого не му смета ниту му се наметнува, ама секогаш ќе се најдат некои увредени било што и да направиш.
     
    На Frosty!, kim.k, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.