Ај оди со деца нови на форумот расправај се за човекови слободи и права на социјалните мрежи, не го дрви со мене, не сме на иста бранова должина.
Тоа перчење е спој на скораевичи со невоспитание и неизживеаност, со никакви подлабоки вредности. Сори нат сори. Не има секакви, па и такви. Се што правиме за некоја своја емоција или емоција што сакаме да ја пробудиме кај другите. Чиста работа. Ако и се радувам на трпезата дома, ќе и се радувам сама со себе, интимно. Ако сакам да ми завидуваат или да ми се воодушевуваат, ќе ја ставам јавно, а тогаш пак, го поставувам прашањето, а зошто? Што ќе ми донесе тоа? Задоволство? Сериозно... некои работи колку и модерното време да ги носи, само имаме повеќе услови да упражњаваме некој егзибиционизам во нас. Мотивите никогаш не се од ете така...
Страшно ме иритира посебно сестра ми коа го прај и ќе ме тагне. Немање никаква интима. Морало се на изволте. Е, така се осеќам.
Само тоа ли е? Не знам, јас не ги разбирам социјалните мрежи. Мислам, ги разбирам од поинаква перспектива, не од корисничка. Која е поентата на Инста, кој е мотивот да се зачлениш, освен да се пофалиш? Ако социјалната мрежа е алтернатива на реален социјален живот, сите ваљда сакаат да се пофалат, не само скороевичи. За вредностите се согласувам. На муабетов, се погоди сликава од Чка во другата тема
Збориме за трпезите сликање конкретно. А инаку, секако дека не се за пофалба само, туку и за споделување на доживување. Пишав и во првиот пост. Пејсаж за да се воодушеви и некој друг што не може да отиде, бебешко ноџе зошто ме топи и друг да растопи, дел од книга, зошто ќе прочита и некој друг нешто. Во ред е да се пофалиш, ама кога фалбата е за материјални работи, храна... сељачко е... Дедо ми викаше -фалбата е р'ѓа. Храна? Оти? Предмети? За што? За што сем за курч и желба да им завидуваат...
Ја па деновиве се изнагледав од оние колачињата со путер за нова година, дали тоа значи се фалат? Ќе правам деновиве па да видам со кои очи ќе ме гледаат другарчињата ако ги ставам на инста
Па се спомна и лепчето со ајвар, затоа реков се да се спомне. Читам што е насловот и поголема глупост немам прочитано одамна. Фино лепо се што ви ствара негативни емоции во животот може да се одбегнат. Ако и смета на девојката полните трпези може слободно да си ги избрише од пријатели таквите личности.
Искрено , мене повеќе ми боде очи кога луѓето среде пандемија се собираат по ресторани , па и по дома . Ок е ако си со луѓе со кои и вообичаено имаш контакт , или живееш со нив и си сигурен дека не се позитивни на ковид . Тоа што објавуваат слики од полни трпези , кој како сака . Јас лично не објавувам , освен од кафе .
Кој што сака нека прави. Јас да сликам трпези и да ставам по фб ни на памет не ми паѓа. Слики од јадења ставам ретко само во ФИ. А, на Инста споделувам многу ретко слика од некој интересен коктел/пијалок. Ако видам јадење некој дека постирал по мрежи само скролнам си. Не ми се интересни тие работи на мрежите. Јас уживам во Бадникова вечера и спремање и ручеци за празници. Немам грижа на совест не знам. Секако кога видам деца дека просат им купам некое геврече или чоколатце. Може е себично не знам. Но, си ги ценам момените со моите дома пошто знам дека нема да траат вечно. Трпезата ни е секогаш скромна, колку може да си дозволат толку. Не се замарам со слики на фб да гледам кој што ставил на трпезата. Да сум искрена многу ми се посмешни со дескрипшаните отколку самата слика од трпезата.
кратко и јасно - се сложувам со твоето мислење. Јас многу не ја трупам трпезата ама сликање од птичја перспектива да се види се не практикувам. Ретко редам такви слики на социјалните мрежи а ако ставам тоа претежно е од кафе/чај со колаче благо или таква работа. Од друга страна не гледам никаква корист од тоа да се "пофалам" на фејсбук/Инстаграм со наместена софра. Џабе ти е полна софра ако масата е празна. Подобро скромно ама сите на маса
Кој не му се допаѓа, нека не гледа. Игнорантно. Сликање трпеза по слави, прослави, божици, нови години не е од сега, одамна е таа мода по фб. Моите никогаш не се замарале со тоа, не се замарам ни јас. Познавајќи ги личностите што секоја година и секоја собиранка со јадење и пиење ја ставаат на тапет, не можам да кажам дека не е од комплексот - видете ме, што имам и колку. Еден муабет да сврзиш со истите особи, ќе дознаеш син им колку повеќе од тебе заработувал, кај биле ќерката со зетот на одмори и колку потрошиле, што ново си купиле, фалби, фалби, само фалби. Напорни ми се такви особи, не ме прават љубоморна, туку ги жалам дека мора да се докажуваат пред секој непрашани. Мене ми е некомотно секој да знае колку, како и зашто имам, пример, не ми е тоа фора, напротив, што помалце, тоа подобро. Па и со една обична трпеза ако е во прашање.
Ако некој постира една слика од трпеза или јадење, воопшто не ми смета, дури и сакам да гледам ако е убаво наместено. Поголемиот дел со кои што се следам на инстаграм, ако постираат јадење, или некој пијалок, тоа го прават од естетски причини.
Мислам дека претерано експонирање на приватниот живот на било кој начин на социјални мрежи е непотребно. Сликите се уметност, исто и храната може да е дел од естетика и уметност. Секако има разлика полна трпеза храна, сликана само заради храната и професионална слика која прикажува и значи повеќе (атмосфера, амбиент, ентериер и сл). Цели трпези не сликам, не гледам поента во тоа, но добро сервирано јадење, пијалок, со добра позадина и целокупна замисла на сликата, воопшто не ми сметаат. Може некој е одличен во сервирање и естетско подготвување на храната, не гледам причина зошто да не го сподели тоа на својот профил.
Ја сфаќам и едната и другата страна. За мене лично умереноста е најдобра особина. Еден факт е дека ако човек завидува на полна трпеза, ќе завидува и на многу други нешта. На социјалните мрежи се постираат толку различни интереси, што буквално на сè може да се љубомори. Почнувајќи од најосновното како храна, пијалоци, облека па сè до патувања, образовни достигнувања, преселби, хобија, круг на пријатели, објави со партнер, прослави на родендени, годишнини и слично. Друг факт е дека кај нашиот народ има еден вид на мазохистичко однесување, со кое иако некој им пречи што објавува, никако не можат да се натераат себеси да го отследат тој човек и да се ослободат од зависноста за информирање за секој негов чекор. Во обид се да направат нешто од себе, а се заглавени во еден свет каде најчесто се прикажува само она што носи задоволство и исполнувачко чувство. Трет факт е дека постојат луѓе кои се навистина толку површни. Споделуваат само материјални нешта, зошто најверојатно она другото изостанува. Си даваат надеж дека за тоа другото не треба труд, посветеност, грижа, љубов како да одгледуваш растение, туку едноставно треба да ти следува само по себе. Во секоја релација со други или со самите себе потребно е многу повеќе од само зборови и многу повеќе од „еве ти лајк да знаеш дека многу те сакам“. Крајно ќе говорам за себе. На фејсбук сум некои си 12 години отприлика. Знам дека како дете многу ми значеа тие лајкови, објави, коментари, пријатели. Сета среќа е што со тек на време сама почнав да проценувам колку сето тоа е всушност нерелевантно. Научив колку е убаво човек да си зачува одредени нешта само за себе, а воедно како да нема проблем со споделувањето на другите, бидејќи сите сме толку различни индивидуи што тажно би било да посакуваме да сме или да поседуваме/доживуваме сè што е или поседува/доживеал некој друг. Она што може да ми пречи е претераноста. Не сакам да гледам цел албум слики од полни трпези секој втор ден, исто како што не сакам да гледам 150 слики од нечиј одмор плус по две слики дневно секој од идните 35 дена, два албуми од роденденот на детето, пет кафиња со другарки на секои два саати, секој ден откако си преселен во друга држава и доживувањето како одма си ја заборавил Маќедоња, дневна доза политички с*ања за како тој што си го гласал ќе нè опраи. Откако ги отследив сите со погоре наведениве напнувања, имам 40/50 максимум луѓе чии објави ги гледам. И да ви кажам помирна главава не ми била, а се радувам на сè што ќе постираат без оглед дали јас тоа го имам/сум го исполнила или не, бидејќи знаат за најважното - умереноста. Последно, најважно е колку се употребува мрежата. Ако мене ме прашувате, животот е најубав со не повеќе од 15 минути дневно на истите.
Мислам поентата беше дека во нашево општество со ептен големи класни разлики, би било убаво да се воздржиме со фалење со храна. Нешто кое ни е основна работа и најпотребно на сите. А не секој може да си ја дозволи таа богата трпеза, па уште фали да гледа по социјални мрежи како се гоштеваат другите. Станува збор за тоа што е убаво да се има осет, а не за завист и љубомора. Освен тоа, за празниците се прави изобилство на храна, која често и се фрла. Подобро да ги поканат (сега со коронава да им испратат) и да го поделат тоа со пријателите и со некој што нема да си дозволи толку. Не значи дека фалењето е со лоша намера, ама сепак е фалење. Со храна. Да немам за јадење, мислам повеќе би ме здоболело тоа да гледам колку храна се фрла додека јас гладувам, отколку тоа што некој се гордее и сака да се пофали со својот труд.