1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полни трпези по социјалните мрежи...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од DenicijaNaPetre, 25 декември 2020.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    А што има лошо во полни трпези? И по улица има полни ресторани и питачи. Прашањето е на каде ја вртиме главата? Дали ќе се прејадеме пица или ќе го оставиме последното парче на питач?
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    13.759
    Пол:
    Машки
    Не сите имаме мака со прејадувањето (fingers) :beer:

    За новогодишната ноќ во Битола прејадени нема, пијани многу
     
    На theowndemon, Ugly Duckling, Ariel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    4.659
    Некои луѓе едноставно се поимотни и можат да си дозволат луксузи. И искрено, океј е доколку не претеруваат и да си го постираат секој оброк, не ми пречат. Супер би било и да донираат некој оброк, што и некои го прават. Ако не споделиле слика, не значи дека не помагаат.

    Јас лично, не ги ни следам таквите што претеруваат. И секој може да го направи тоа.

    Мене ми е банално за луѓе кои главата ќе ми ја наполнат од стенкање колку немаат пари и слично, а еден куп слики за фалење. А они со кредити до гуша...

    Друго што е важно е да не се срамите или потценувате самите поради фактот што некој има побогата трпеза или поскапо декорирана вечера. За мене тие таквите се повеќе празни во душа, или едноставно имаат недостаток на внимание.

    На крајот на денот, побитно е со кој ќе го споделиш тоа што го имаш на маса, отколку колку чини. :)
     
    На Осе, supergirlmb и Ariel им се допаѓа ова.
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Мене сликите од полни трпези ми се тажни. Не поради тоа што некој друг можеби нема, туку што полната трпеза се пласира како некое достигнување.

    Од друга страна, јас многу сакам да гледам слики од здрава храна, за инспирација.

    Сосема поинаку ги доживувам овие две работо, иако и полната трпеза, и смутито или салатата се храна. Ама првата ситуација ми е фалење со храна, што никако не можам да го разберам, а втората е споделување здрави навики кои некому можеби би му помогнале. Сосема различни вредности се ова.
     
    На Nevenche26, Biljarkata, MissSpark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Се е до тоа како гледаш на нечијата полна трпеза.
    Никогаш ми нема засметано нечието 'имање', туку моето немање.
    Преиспитајте се.
     
    На Nevenche26, Ivanna23., Frosty! и 10 други им се допаѓа ова.
  8. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    65.478
    Пол:
    Женски
    Мене баш ми е убаво да гледам слики oд храна, убаво сервирано, декорирано, како еден вид уметност го доживувам. Не го гледам како фалење. Многу сакам јас кафе да сликам, во убаво филџанче, или на интересна позадина и сл., не значи дека се фалам дека имам кафе :drunk: , едноставно уживам во тоа. Или сум готвела нешто со ќеф, сум декорирала да кажеме колачиња, торта, мерак ќе ми биде да сликам. Секогаш некој ќе има повеќе, некој помалку.

    90% од тие што имате пишано дека "не се фалите" и дека ви е тажно постирањето слики од храна имате ставано слики во темата "што последно си купивте". Може некој што ја чита темата не може да си го дозволи тоа што вие сте го купиле. Или во темата што последно сте купиле за децата. Исто е.
     
    Последна измена: 27 декември 2020
    На Angie1432, FancyCinderellla, Осе и 25 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.982
    Допаѓања:
    261.047
    Лично, скоро ништо не постирам никаде освен на форумов, а ни тука не баш често искрено.

    Завист не сум осетила према никој, а досада - да. Знаат да ми бидат напорни луѓе, тие просто ги игнорирам. И 99% не било ради храна, искрено.
    Очигледно гледам слики кај што има храна што не можам да си ја дозволам во ресторани во кои не можам да отидам, ама мене па стварно не ми засметало.

    "Љубоморам" на авантуристи, не ради тоа што имаат пари да отидат кај им текне, него ради тоа што јас им го немам духот.

    Она што сум постирала тука, претежно шминка, телефоните, и рандом работи, било од ќеиф, оти ги купувам со преголем ќеиф, знам дека има луѓе што се радуваат на исти работи, и јас се радувам кога ќе си купат па споделиме искуство.

    И за крај, себе не се мислам скромна, не сум скромна. Не е дека не знам колку храна може да се купи со мојата најнова палета пример.

    Тоа што сум ја купила не значи дека не сум донирала.
    Значи само дека сакам да си овозможам ќеифи, и на крајот на денот, од никого не сум земала, туѓ леб не е тоа во мојата фиока.

    Што и' да правите, некој ќе ви завидува.
    Ама "осет" е многу недефинирана работа, за мене тотално е "без осет" Петранка упорно да следи што правам а при тоа се' што постирам и' смета.
    Петранка мисли дека јас сум "без осет" што она не платила сметка, а јас сум била негде или купила нешто.
     
    На Nevenche26, Осе, Frosty! и 10 други им се допаѓа ова.
  10. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Исто, и мене ми е убаво да гледам убаво сервирана храна.
    Сигурно не става некој секој ден храна само за да покаже дека има, најчесто се објавуваат такви убави слики,скоцкани.
    Ако ни е жал дека некој нема, колку можеме убаво би било да помогнеме, а не да се окривуваме дали имаме , а некој нема, зошто на сите не можеме да им помогнеме секако.
    Сум била во ситуација да имам се додека бил татко ми, сум била во ситуација и тоа само пред неколку години, во 21 век да живеам 2 години без струја и да се бањам со канчиња.
    Никогаш не сум завидувала, среќна сум што сум жива и здрава и посакувам сите да имаат, полна душа и полни трпези.
    Пак ќе кажам како и со јадењео, така и други работи во животот убаво кажа членката,се борела со стерилност некој ставал слики од своите деца, тоа е нормално мораме да се носиме со тоа.
    Некој се слика со татко му, мојот е починат,не значи дека не треба да имам луѓе со татковци на социјалните мрежи.
    Се радувам кога се луѓето исполнети и нешто ги радува.
    Јас сум човек кој се радува на ситници, зошто знам колку вредат.
     
    На Осе, noteforself, SofiMar_ и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Сериозно, дали сериозно има тема за ова ?!

    Не ми се верува што читам, кои психоанализи се направени на луѓе што ставале слика од трпеза/храна.

    Луѓе во Македонија живеете, на што љубоморите на макароните и на компирите што се “убаво” сервирани, на тавчето, на две парчиња шунка и три парчиња кашкавал на мерење ??
    Ретко кој става слика од суши, школки, јастози итн...ја такви по инстаграм немам :)

    Луѓето (најчесто) полнат трпези за слава која се дешава еднаш во годината, и вие за тоа успеете да ги направите да се чуствуваат виновни, затоа што некој немал што да јаде.

    И ако овие првите не постираат слика на инстаграм од трпезата, овие вторите ќе бидат најадени ?!

    Обичната раја не е виновна што некој нема што да јаде, тоа е до државата !

    И мене ми е мерак да гледам полни трпези. Некој вложил време и труд за да ја направи трпезата и сосема во ред е да го сподели тоа !
     
    На Nevenche26, Осе, Ivanna23. и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Исто само да надополнам она што веќе го кажав.
    Оние кои имаат навистина малку финансии за храна, имаат малку финансии и за сѐ друго, така што ниту еден од нив не би ги трошел последните пари за интернет на кој ќе може да се уклучи на социјални мрежи и да го следи Петре или Божана со полната трпеза.

    Крајно донирањето на луѓе во ваква ситуација мислам дека е најдобриот начин да покажеме хуманост и грижа.
     
    На Осе, Bezimenka90, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Што знам, мене ова со цели трпези од птичја перспектива поише ми е фејсбук ствар и баш фазон на постарите по социјални мрежи. Невкусно ми е и сељачки сега во специфичната ситуација слики од собиранки по 15 души на слави, иначе ниту објавувам, ниту ми пречи.

    Нејсе, ако вака гледаме на социјалните мрежи, секогаш може со буквално сѐ да повредиш некој што нема и посакува нешто што имаш. Некои имаат облик на тело поприфатен од општеството или попосакуван за некој што сака да ослабне или да покачи килажа, некои имаат почиста кожа и можност да вложат во нега, некои имаат широк круг на друштво или се во врска додека си ти осамен (иако прашање е колку се всушност искрени тие односи зад фотографиите).
    Лично мене најмногу слики од патувања од низ секакви места по светот ми предизвикуваат копнеж, ама ни на крај памет не ми е дека некој ми должи да се крие зашто јас ради разни причини многу оскудно сум можела да си приуштам досега. Сакам и фотографија, и кога ќе застанам на свои нозе во блиска иднина (се надевам) за да можам повеќе да си приуштам, искрено не би се воздржувала од споделување.

    Така да, да, сè се сведува на тоа дека секој има право да постира што сака на свој простор, и има други начини да се испочитуваат помалку привилегираните од вакви исфорсирани и лажно скромни анализи.
     
    На Elena69221, Осе, Waverly Raven и 13 други им се допаѓа ова.
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Епа само селфиња, слики од бебиња и зеленило да се постираат на социјалниве мрежи, за да не се најде некој повреден и увреден... Од толку погрешни работи што се постираат по мреживе, и храната стигна да биде навредлива, ајт...

    Не можам да спојам негативни емоции и предизвикување фрустрации од слика со храна.
    На крај краева, живееме во ваква вукојебина, што луѓе чекаат прилика да се дотераат, да украсат, да наместат трпеза, и жени или мажи што едвај чекаат да спремат нешто убаво по повод, и нормално дека имаат желба да сликнат, па и да споделат. Апсолутно никој не објавува таква слика секој ден и апсолутно никој не може да забрани на некој да слика и објавува што му душа сака.

    И да, можда не знам што ќе ми донесе утре животот, ама тоа не значи дека треба да се полнам со горчина што некој имал, има или ќе има повеќе од мене да стави на трпеза.
     
    На noteforself, Осе, supergirlmb и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.574
    Пол:
    Женски
    Член сум на некои групи на Фејсбук каде објавуваат слики од храна и споделуваат рецепти. Еднаш се случи некоја членка да стави слика од храната ама заедно со целата трпеза на сликата имаше и некои козметички предмети на крајот од масата. Скромно подготвено, ама имало труд. Па кога почнаа потсмевања во коментари... Се гледаше и од позадината дека не се работи за некои богаташи, скромна куќа. Тука имало место, тука ги оставиле работите. Можеби не им е место на масата заедно со храната, ама злобно да ругаш некој за тоа не е никако во ред.

    Овој трендов со сликање на трпезата не ми се допаѓа, чалам е. На некои луѓе треба да им се објасни дека нема да пропадне прославата ако ја поминат во приватност, без сликање храна.
     
    На noteforself, VDT2906 и Jana06 им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.991
    Пол:
    Женски
    Ако се проблем полните трпези,тогаш поголем проблем се сликите од летувања по егзотични земји,зимувања со фул опрема.
    Мене не ми смета,се воодушевувам на талентот и умешноста да се спреми храната.
    Често идеи собирам,зашто сум таква неталентирана.
    И ете тие кои сликаат можеби повеќе помогнале на некој кој е гладен,од некој кој не се расфрла со слики од трпези но парчето леб сам си го јаде.
    Подобро е наместо да се натегаме што е добро или не е,да се ангажираме да помогнеме,како на овие од постот на Лилит...искрено сега првпат ги видов ,ме шокира сиромаштијата...
    Е сега ако некој се фали,тоа не го поднесувам.Има една блогерка македонка,во странство има прекрасен блог за храна,магија прави буквално....но,но...постојано напнува за лајкови.Е тоа ме иритира и се што прави паѓа во вода.
    И порано имало полни трпези,не е измислена топла вода,само немало социјални мрежи да се сподели.
     
    На supergirlmb и kuc им се допаѓа ова.
  17. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Секој од нас нешто нема. Некој не може да си дозволи толку преполна трпеза, некој не може да оди на патувања, некој нема деца, друг нема партнер, трет нема кариера. А секој кој има нешто од ова споделува по социјални мрежи. Не гледам ништо лошо во тоа. Во последно време луѓето станаа многу љубоморни , завидливи не знам многу лоши сме станати. Наместо да се радуваме на таквите убави моменти кои некој ги споделил мислејќи дека пријателите ќе се израдуваат(било да е слава, било дете, работа)нив всушност им пречи тоа. Да, посреќни биле луѓето кога седеле заедно цели фамилии, роднини и пријатели на скромните трпези и разговарале како зготвиле, што има ново старо а не како сега маси преполни, телефони во рака а душата празна. Не мора да се претерува секој ден со ручекот ама да се сподели некогаш интересна трпеза., торта, колач не гледам ништо лошо. И од каде знаеме дека можеби и тие што постираат не даваат на тие што немаат. Оваа година покрај коронава ќе ја паметам и по многу осуди помеѓу луѓето...
     
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.975
    Допаѓања:
    8.741
    Пол:
    Женски
    Ни ме интересирало ни па ќе ме интересира кој/а каква трпеза постирал/а. Масата може да е полна, душата да е празна исто како што може душата да е полна, а масата празна. Може и двете да се полни, а може и двете да се празни.

    Ме чуди темата, ако не ја видев сега на крај памет немаше да ми дојде баш за трпезата. "Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓиииии" :music:
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lavica_30

    Lavica_30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Не сум гладна, не сум љубоморна, ама сликање трпези од чалам не можам да поднесам, особено како што е сега перидов на слави, па тоа слики слики, различни агли, па некој трагичен обид за добра декорација.... и не само ова, споделување слики со светци за здравје и мајки кои секој ден си ги објвуваат децата по 100 пати, та брндави, та прљави... (facepalm)
     
  20. Sindell

    Sindell Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2018
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    871
    Пол:
    Женски
    Не обрнувам баш внимание на тие објави со трпези.
    Имам пријател секој ден објавува слики од ручек и вечера и тоа во сликите ја има и постапката :rofl: не е арен малце (ќе отидам оф топик) ама кога ќе видам објава од луѓе што купиле нов автомобил со 100 слики сликан од секој агол и ќе напишат со здравје да си ја возиме и вакво емоџи ;) ми се лоши . Не им завидувам во никој случај ама ме иритира напишаното и емоџиштето!