Многу им се придава значење на социјалните мрежи. Голем дел од луѓето ги користат да се пофалат види што имам, види што јадам и незнам што. Мене тоа тагнување на секое одење негде, седнување на кафе и незнам што ми стана детски. На факс кога одев и ќе седневме негде да јадеме нешто, другарка една буквално не ме оставаше да јадам дур не се сликаме и не излезе убаво барем една слика, као олабави човек, секое седнување негде е ова, ко неизлезени од дома. Сега чат пат знае да ми пише "па вие нигде не одите, само дома сте" , ја и викам "од кај тоа?" "Па ништо по фб немаш објавено". Демек ако немам слика дека јадам, не јадам. Или ако не објавам дека сум во ресторан на пица, чуму излегување ако не сум објавила? Што знам кога ќе почнат сега слики по почетнава со Бадникова вечера, од "видете што имам на масава" слики преку глава ми е и тие неколку дена фб на минимум ми е сведен, од што се напорни.
Многу сакам да гледам слики од убави трпези и јадења, без разлика дали од дома или во ресторан. Перфектно декорирана храна, креативност и шаренило. Има една група на фејсбук, какви слики постираат, ептен им се воодушевувам, се гледа колку љубов и труд е вложено во готвењето. Порано мислев дека постирање на вакви богати трпези на социјалните мрежи е малку нефер кон оние кои немаат а ги гледаат тие слики, сега сфаќам дека таа лажна скромност е само уште една форма на virtue signalling. Ако нечија содржина те повредува, нема да ја следиш, многу е едноставно. Милион работи може да нѐ направат да се чувствуваме тажни, тоа не значи дека личноста треба да престане да постира, туку ние го имаме изборот дали ќе го гледаме тоа или не.
Никогаш не ми предизвикал фрустрација било каков луксуз кој го има по социјалните мрежи, луѓето на кои им предизвикива фрустрација имаат проблем со завист мислам.
И мене исто. Баш сакам да гледам такви ствари. Јас не можам да ги разберам мислењата како членката. Океј ни ја не сум богата ама сеа сите ако земеме да тагуваме за сиромашните тогаш и ние да не јадеме ништо. Ептен некој ако е во тесно ќе му се помогне. Ама па сега да не ставам спомен ради некој да не го повредам тогаш тоа е негов проблем. Ако се осети повреден ради тоа.
Лично мене не ми пречат полните трпези на социјалните мрежи , туку сознанието дека некој не може да обезбеди достоинствен оброк за себе и семејството , и тоа најчесто НЕ поради своја вина .
Мене па ич не ми смета, не сум мрчатор за такви работи, социјални мрежи користам за забава. Посебно ми е убаво кога си разгледувам трпези за Бадник и Велигден, па има некои толку многу убаво се на место, со задоволство си гледам. Не го сфаќам тоа дека еве се фалат имаат што да јадат. Еве фб и инста за што се користи, за слики највеќе баш и нема што да се учи на нив, така да се е забава. Ако на некој му смета јас не знам па зошто воопшто ги користи. Или па зошто некој ставил 27252571617 слики, ставил затоа што сака, ако не сакаш да гледаш не следи ја личноста и ќе немаш мака. На фб имаше и една Хрватска група за готвење, па какви трпези има со ќеиф ги гледам. Си црпам и идеи за готвење.
Луѓето кои се екстремно сиромашни сигурно немаат да платат 1000/500денари за интернет за да ги гледаат софрите
Подобро слики од полни трпези, отколку цитати од „мудрости" на Инстаргам сториња. Бљак. Доколку некој објавува фотографии со убава естетика, секоја чест за луѓето што знаат да направат убава фотка и позитивна содржина на социјалните мрежи во ова токсично секојдневие на кукање, негативност и безживотност. Доколу на некого му оди добро во животот и објавува убави фотографии, тоа не значи дека се фали. Зарем да објавува несреќни фотографии и да постира колку е несреќен за некој да не се скрши ако ги види или да не мисли некој дека се фали? Или да му биде забранет пристап на социјални мрежи затоа што животот му е океј? Па дај боже сите да имаат полни трпези, убави дестинации за шетање, убава облека... Помалку љубомора и занимавање со туѓите животи, повеќе фокус на сопствениот живот и како да го извадите максимумот од него за да бидете среќни.