1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полова рамноправност

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Go-Girl, 5 март 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Се збори за жена не за титула пратеник,без разлика.Како прво жените се посамостојни и свесни од мажите,мажите само се фалат со својот рационален ум и само си делат мислења и судат и мислат дека се во право.Жената е таа која што треба да готви,да пере и други работи,но тоа се однесува и за машкото,но има и мажи што не работат и чекаат на готово.Ретки се машките што се работливи како тато,без разлика чив татко.Тој што работи не се фали и критикува.
     
  2. korovin

    korovin Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    Дека се жените дискриминирани, и тоа не по наша вина, тоа е факт, кој што можам да го потпишам со двете раце :!: А тоа дека сами треба да се избориме, да, ама едноставно и во тоа сме дискриминирани во борбата за остварување на своите права :!: Овде владее балканскиот менталитет, мажите најмногу ценат домаќинка жена што ќе пере, чисти по дома, деца ќе гледа, а не дај боже да успее на поле на кариера....Тогаш уште неморална ќе ја направат... Демек мажите успеваат со труд а жените не треба да бидат успешни зашто од старт се претпоставува дека до високата позиција дошла со неморални постапки.... Или ако е успешна, готово, крај, кавги, расправии, глупости... Јас се трудам и успеав да се реализирам до некој степен во политиката, ама се тоа резултираше со сингл статус, без дечко, зашто на било кој потенцијален дечко не му беа јасни моите партиски обврски, настап, говори, и слично.....Е сега, има и мажи кои би те разбрале ама треба да ги бараш ко игла у сено..... Успеав и да инфилтрирам повеќе жени во политиката кога добив соодветна функција, ама повеќето се плашат што ќе каже мажот дома, дечкото дали ќе дозволи....И тука доаѓаме до ситуацијата кога сами на еден начин сме криви за нашата нереализираност во поглед на половата дискриминација.....
     
  3. korovin

    korovin Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    поздрав тања тотално се согласувам со ова што го имаш напишано
     
  4. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    94
    Пвеќето од жените се чувствуваат убаво во туѓа закрила,кога доминантниот ги извршува задачите надвор од домот, покрај кој се чувствуваат заштитено и сигурно, и кога целиот тој товар на туркање во толпата паѓа на другата половина што навистина звучи олеснително.Индивидуално е правото дали жената ќе избере дали таа ќе ги обавува сите тие пробивања или ќе дозволи некој друг да го прави тоа за неа.Самата бира дали ќе биде доминантна или субмисивна.
    Точно е дека околу 80% од раководните функции припаѓаат на мажите (како што прочитав погоре) и тие се веќе докажани како врвни пратеници, министри, директори и тн.Но, тоа не значи дека некој нам ни го одзема правото за успех во тие води.Темата е полова рамноправност, а не процентуалната застапеност на мажите кои се на власт.
    Друга работа е тоа што рамноправноста и еднаквоста се две различни нешта.Рамноправни, но не еднакви. Ќе бидеме еднакви кога технологијата ќе стигне до таму што ќе им овозможи на мажите да раѓаат деца (или ќе ја тргне оваа обврска од женскиот род). Биолошките прдиспозиции сами налагаат дека во природа на жената е да да биде носителот на потомството што не секогаш ја жртвува кариерата поради амбициите на мажот.Но, пак нема никакво одземање на правото.
    Се е во главата, ставовите и совеста.Се додека ни е важно како ќе не свати менталитетот на народот-ништо не сме направиле.Ако јас знам како сум постигнала нешто, макар и најмала ситница нека е, ако пред себе сум чиста и ако самата знам како сум дошла до тој резултат, ма нека зборуваат ако сака и усти нека им паднат не ми можат ништо.Јас воопшто и не размислувам за тоа.Тоа што сакав да го кажам, дека често пати жените сами се дескриминираат, па потоа некој друг е крив, сме немале прво и такви глупости.Додека не се научиме да живееме со сопствените права, вечно ќе бидеме во потрага по истите.
     
  5. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    100
    Повеќето жени се се чувствуваат убаво во туѓи крила зашто така се воспитувани од системот да бидат ме сфаќаш.И денешните жени извршуваат 2 пати поголема работа од мажот тоа треба да го знаете.Жената и мажот се биолошки еднакви само се создадени со различна анатомија заради потребата од размножување и ред други работи.Човекот кога се раѓа он е бел лист хартија тој ништо незнае,незнае што е жена,маж туку подоцна впива од средината и учи.И машкото никогаш неможе да раѓа тоа е чиста заблуда.Тоа е против природата.Ние едноставно сме такви создадени.Ајде сега и на машките да ставаме цицки,вагина и ред други работи.Машкото и женското се половно еднакви според биологијата но не се рамноправни поради воспитувањето од системот и ред други работи.Жнеското уште кога се раѓа се учи,воспитува дека треба да биде мирна,да не крева збор,примерна,да биде послушна,секогаш таа прва да попушта пред мажот,таа е таа што треба да се жртвува за мажот и ред други работи додека машкото се воспитува спротивно од тоа.Мажот не е ништо попаметен од жената туку културата намерно прави жената да не ја интересираат работите коишто донесуваат таа да напредува во животот и никогаш да не ја осознае вистината за неправдата којашто и е нанесена.И тоа е точно дека неможеш да ги обвинуваш секогаш мажите дека ти е се криви за вашиот неуспех у животот.Барем у мојата професија сите жени коишто беа вредни,паметни,учеа,трудољубиви,амбициозни сите станаа успешни во својата кариера и ништо ама баш ич не се помалку поспособни од мажите туку напротив од многумина се класи подобри.Само со квалитетно образование,упорност,амбициозност,квалитет,самопочит можете да ги смените работите на овој свет со ништо друго.Многу е грешно ако мислите дека дргу треба да ви ги среди работите.Ниеден закон неможе да ја спречи дискриминацијата туку мора вие сами да почнете да ја спречувате во својот дом,семејство,друштво,општество и друго.
     
  6. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    94
    Boyfromtown, не се изјаснувам овде за де разубедувам во нешто.И онака сам по себе си контардикторен, како бе може жените и мажите да бидат полово еднакви :lol: Зарем анатомската градба не е и биолошка, ма дај ќе се посомневам во струката ми :lol: Ти некое ново откритие ќе внесеш во науката.
    И доста стереотипно гледаш на воспитувањето.Ако кај тебе или твои роднини си гледал како ги патријахално ги воспитуваат да робуваат на мажот, да не смеат уста да отворат, послушни да бидат-не значи дека кај сите така.Ниту сум така воспитувана, ниту пак ќе воспитувам така.И уште многу други вакви примери има.Нема утре да дозволам, ако имам ќерка да биде погазувана само затоа што е женско.Во животот никој не те гали!
    Си имаш право на свое мислење и не ми го наметнувај.Крај на дискусија.
     
  7. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Па јас мислам дека за некои работи нема уште полова рамноправност како од типот на некои балкански измислици дека жената не знае да вози треба да биде домаќинка или да изиграва некоја слуга на мажот и уште многу работи да не набројувам кои за мене како женско се стварно не битни и не ме допираат,а за правата на жените во денешно време па и не гледам дека се нешто не почитувани,секоја жена колку што знам има право што сака да прави со што сака да се занимава да биде успешна или пропалица,да влезе во брак со некој што ќе ја малтретира и ќе го омаловажува женскиот род или со некој што ќе ја почитува,тоа е се избор на жената,мислам дека во денешно време жената не е дискриминирана освен ако самата не се постави така,ако не се држи до тоа дека таа како женско треба да му служи на мажот да чува деца,да го пере да го пегла тие работи може и тој да си ги направи најдобро е заемно да се прифатат тие обврски,како и за професија мислам дека во сите области каде што постигнува мажот успех може и жената,се е до самата жена како се доживува себеси без разлика што секогаш ќе кружат прости малограѓански муабети,лично јас не се доживувам како дискриминирана ,знам дека имам право на се што сакам како и секој граѓанин во државава,ете така! :lol: :up:
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    1. Не. На секое поле има нешто што влече повеќе накај едниот, отколку накај другиот пол. Машко бебиситер, жена таксист, уште од старт некако обратно ви одат тие две комбинации.
    2. Зависи каде, која земја, кое поле, каква е ситуацијата. Во помоголем број од случаевите верувам не се почитувани. Потценување на женскиот пол од страна на машкиот како посилен, ќе постои и постоело и претходно.
    3. Најголема нееднаквост? На работното место, па до некаде и во училиште. Ваму каде што учам јас предавала професорка по спорт и спортски активности, која не знам дали се уште е вработена, и на машките им ставала петки, додеки на женските душата им ја вадела, како припаднички на понежниот пол.
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Дефинитивно во денешно време еднаквост нема. Дискриминацијата постои. Правата на жената не се почитуваат, не како женски права туку како права на индивидуа, личност особа. Сакам да кажам дека со самото што е жена и се одземаат и права кои немаат врска со полот.
    Сум имала фала богу само една врска во која сум го имала овој проблем. Јас како жена треба да седам дома, а мажот да оди по кафани. Моја должност е само мажот куќата и децата. Не смеам за мојата мајка да се грижам и да одам кај неа на гости и да ми чува деца, демек само свекрвата имала ПРАВО на тоа. Сум требала да ќутам кога тој ќе кажел ќути. Ме нервира кога некој дели женски и машки работи. Ако можам нешто да сработам ќе сработам, не е битно машка женска работа.
    Значи тоа е во глобала.
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    *Нема еднаквосто помеѓу мажите и жените,немало и мислам дека во блиска иднина нема да има.Не дека не сакам да има,јас сум за тоа да има еднаквост но тоа во суштина е така.ЈАс лично сметам дека жените се доста интелегенти и дека можат да извршуваат работи што ги извршуваат и мажите.Но се додека живееме во патријахално опшество каде мажот е фактички главниот тоа нема да се смени.Но не зборам за жените во целост,постојат жени кои сепак успеале да достигнат еднаквост со маж.Иако се ретки сепак постојат.Пред се во поразвиените земји каде и опшеството е поинакво.
     
    На mileystar и Ицолгудбејбе им се допаѓа ова.
  11. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Ако толку сакаат рамноправност, зошто мислат дека ако не ја плати сметката е геј?
     
  12. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    жените серамноправни со 'посилниот' пол но тие сами прават тоа да не изгледа така ,тие сами се дискриминираат во некои сл но во некои и се дискриминирани од мажите
     
  13. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Мислам дека има дискриминација меѓу половите, а и има. Штета :(
     
  14. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Нема. Не се почитувааат. Во секоја област: професионална, семејна, општествена итн итн.
     
  15. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Ми се згади од коментарите на видеово. Се гледа дека има уште многу пат да се изоди за да се постигне рамноправност. Ако некогаш се постигне. Не се сметам за феминистка, но видеово многу ми се допадна и мило ми е што Обединетите нации превземаат некаков чекор.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Polova ramnopravnost dali ima ?Hm ,iako zvuci klise ,ke kazam nema ramnopravnost ! Kolku i da se lazeme sebesi,realnosta bode oci ...Baba mi vikase : sakale ili ne,mazot e sekogas nad zenata..Sad but true.
     
  17. mc.lyte

    mc.lyte Нов член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се согласувам со исказот дека мажот е секогаш над жената,туку дека жената секогаш се одлучувала за компромис и го ставала мажот над неа. (пр. законски е пропишано дека презимето може жената да си го задржи, да го додаде презимето на мажот на нејзиното или да го земе презимето на мажот. Но во 80% од случаите жените се одлучуваат кон тоа да го земе презимето на мажот).Мојата порака до сите жени е да не си ја погазуваат својата личност за да го нахранат машкото его. Бидете тоа што сте и немојте да се менувате за никого. Тој што ќе го побара тоа од вас не ве почитува како личност. Барајте си ги своите права и не правете компромиси за никого. Исто така најважна е поддршката што жените си ја даваат меѓусебно.
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Еве @♣ Alba Viduam ♣ ќе ти одговорам овде на прашањето.

    Прво, конкретно на ова прашање ќе ти одговорам вака: Јас не се сеќавам дека лајкувам мислења, како што викаш, шовинистички и омаловажувачки. Можеби ти така ги сфаќаш тие мислења, јас малку поинаку гледам на нив. Викаш, се изјаснувам за помали права на жените во однос на мажите. Па види... светов е создаден по одредени правила.
    Прво е создаден мажот, потоа жената и уште од тоа време се знае кои се нивните права. Е сега, дојде период кога жените се почувствувале дискриминирани и дигнале револуција, настана феминизмот. Жените (современи) сметаат дека треба да бидат рамо до рамо со мажите. Епа мој став е дека тоа ,,рамо до рамо" е погрешно. Јас ги прифаќам оние правила од Бога дадени, а не нешто измислено од фрустриран човек. Притоа, ако жената е позади мажот, а не е до мажот, тоа воопшто не значи дискриминација. Тоа значи дека секој од нив си има свои права како таков (маж/жена). И јас лично не гледам тука ништо лошо.
    Зборуваме за права. Зависи на какви права се мисли. Ете, во таа темата, муабетот беше за секс. Кога станува збор за секс, не гледам тука зошто едните би биле омаловажени а другите не. Ете муабетот беше кој колку би чекал во врската за да има односи или кој бил лесен и дека девојките се тие на кои им се лепат такви етикети. Невиноста е една убава карактеристика и за девојките и за момчињата. Тоа што девојките кои не се невини ги бие полош глас од момците кои не се невини, тоа ни јас не го одобрувам. Не се согласувам тука дека девојките се поголема ,,канта" од машките. Во однос на тоа, двата пола ги гледам исто. И машките и женските по својата (не)чистота се исти.
    Ќе се вратам на другите права. Можеби мажите ги имаат повеќе, а жените сакаат да се израмнат со нив, но едно е сигурно: мажите на жените не треба да гледаат како на нешто подолно од себе, туку треба да се надополнуваат едни со други.
     
    Последна измена: 1 февруари 2017
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    А кои права ги има мажот, а ги нема жената?:?:
     
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    ти то озбилно?
    Еве на пример нееднаквост во однос на можноста за вработување и заработување
     
    На Maca_<3 и Dust им се допаѓа ова.