Uh, here we go again. Откако беа избришани мислењата ми одговори. Coincidence? Да ми одговореше пред да се случи тоа сега ке имав материјал и да цитирам и да одговорам, вака и мислењата на дотичниот кој ги лајкнуваше/поддржуваше се избришани. Иначе го поддржуваш ставот дека жените кои имаат секс порано во врска можат автоматски да бидат обележани како "лесни" што знаеш многу добро и какво друго значење има тој збор, а тоа не го мислиш и за мажите, што е несватливо за една жена така да си ги ограничува правата на слободно однесување во однос на мажите. За тоа ми беше муабетот и во многу други теми те имам забележано со сличен став, затоа и те прашав. Конкретно за вториот болд мислам дека нема смисла да се меша религија кога станува збор за права меѓу жени и мажи. Што има врска кој е прв создаден, кој втор? А и да има врска, тоа неможеш со сигурност да го знаеш. Докази нема за тоа. А кога веќе зборуваме за морал не ти треба религија за да разликуваш добро од лошо, или морално од неморално, се што ти треба е здрав разум и емпатија. Само тогаш ке бидеш слободна да правиш што сакаш без притоа никој да не биде повреден, а не да се ограничуваш со генерализирани изјави од некоја шовинистичко-настроена машка единка. Погоре ми даде баш дипломатски одговор кој не ти се поклопува со мислењата во останатите теми, а сега јас да "требам" мислења по различни теми за да ти докажам поента немам ни намера, а ни време искрено. Си знаеш ти што имаш поддржувано по темиве најдобро. *Да не сум офтопик, не мислам дека има полова рамноправност и тоа нажалост го среќавам секој ден преку различни примери. Што е најразочарувачко и жени гледам сеуште како се дискриминираат меѓусебно од банални причини. И после сакаме почит, е нема почит.
Да, го лајкнав тој коментар или тоа мислење. Сметам дека, не само женските туку и машките, кои туку така легнуваат велејќи дека си имаат потреби, даваат одраз на животни а не на луѓе. Тука е епитетот ,,лесен". Можеби не е тој најсоодветен збор, но во секој случај, човечки е да ги совладаш таквите животински нагони наместо да им подлегнеш. Како луѓе, сметам дека нашиот ум треба да ги контролира таквите телесни нагони, а не обратно. И да, има и други работи што можат да се прават во врска. На некои личности им е чудно и не разбираат како врската може да функционира без секс додека мене па ми е сосема и јасно и нормално како може. Ги спомна коментарите мои, викаш мојот одговор не се поклопува со нив. Како што не одобрувам некои постапки од другите, поточно, не ги сакам баш тие постапки, така не си ги сакам ниту своите грешки од минатото. Кога нешто не е добро, човек го менува, нели. Па сега ако ти и останатите ова го сфаќате како заостанато, дискриминирачко или не знам какво мислење, тогаш океј, не се бунам.
Јас досега нит сум видел нит сум слушнал за таква дискриминација во МКД. Баш најчесто гледам се бара работничка наместо работник. За бутик, за парфимерија, за канцеларија итн. секогаш се преферира женско. Да не сакаш да работиш во рудник? Или да бидеш ѓубраџија или да товараш камиони? Пошто тоа се професиите каде се фаворизираат машките. Инаку сите други работи одат врз основа на тоа кој колку има во главата.
@Anon Мислев на дискриминација во однос на примањата, а не на избор на професија. Баш вчера на вести кажаа дека мажите имаат 16% повисоки примања во однос на жените. Тоа ЗАРАБОТУВАЊЕ требаше со болд да го пишам
Си слушнала за gender wage gap myth. Тоа го користеа како аргумент левичарите во прошлиот век. Наводно жените заработуваат помалку од мажите. Ама проблемот е во тоа што се земаат вкупните примања на жените и вкупните примања на мажите и се споредуваат. Резултатот не е тоа што мислиш. Ако двајца работат иста работа, едниот маж, другиот жена, иста плата ќе земаат и би морале да земаат. Мислам дека е тоа со закон. Тоа што постои разлика од 16% посто се должи чисто на тоа какви професии и животни избори прават машите и жените. Жените не се толку посветени на заработување пари колку што се мажите. Тие повеќе сакаат работа без голема одговорност, или можеби да родат деца и да се грижат за нив, додека мажите повеќе сакаат да се посветат на работа и напредок во кариерата, зошто општеството од нив очекува да се грижат за семејството, финансиски гледано.
@Anon А каде се илијадниците жени што работат во текстилната индустрија за мизерна плата и лоши услови?
И што? Нема мажи што работат шит работа во мизерни услови? Поентата е дека нема дискриминација. Дека и двата пола го добиваат истиот raw deal. Дополнителен аргумент. Ако жените се помалку платени зошто побогу некој би вработил маж? Секој сопственик на бизнис сака да потроши што е можно помалку на плати. Тогаш сите ќе вработуваа исклучиво жени.
@Anon Знам дека на многумина сеуште им е тешко да се помират со фактот дека не постои веќе комунизам и дека е минато, дека променети се животните навики и начинот на живот на жената во опшеството, денес веќе на жената не и е приоритет да раѓа и да седи дома, избираат кариера, а бременоста и семејството го одложуваат, ти сакаш да ми кажеш дека поголем број од вработените се мажи, па и затоа е таа разлика во примања, факт со кој не се сложувам. Да, законски мора да се еднакви примањата, но во пракса не баш. Еве уште една статистика на ниво на Европа http://star.vest.com.mk/default.asp?id=77761&idg=4&idb=1157&rubrika=Kaleidoskop
Види деца колку толку ќе се раѓаат така? Кој ќе ги раѓа? Жените. Дали ќе изгубат можда година на породилно? Да. Дали може и да ја изгубат работата кога ќе се вратат? Да. Дали после година дека неработење ќе бидат на исто ниво како некој што не отсуствувал? Не, ќе работат полошо и ќе им треба време да се вратат на исто ниво како што биле пред породилното. Е сега, ако работодавецот е рационален и фер, ќе ги награди сите работници без разлика на полот врз основа на тоа колку придонеле. Колкав ќе биде придонесот на жената што се вратила од породолно во споредба со мажот не отсуствувал? Помал. Оттука помала плата. Башка што не земаш плата додека си на породилно така? Пресметката ги зема сите плати на мажите и на жените и ги споредува. И оттука испаѓа дека има нееднаквост. Christina Hoff Sommers објаснува убаво. Се надевам знаеш англиски добро. Почни од 1:30.
Веќе жената е активно присутна во сите сегменти од општеството, така што може да се каже дека е изедначена во правата со мажот.
Нема потреба постојано да глумиш и да се тераш да не правиш нешто само затоа што луѓето како тебе ќе ти стават етикета лесна.Еве јас не помислвам дека некој е лесен па сега ти види.
Се залагам за потполна полова рамноправност. И во домаќинствата, и на работните места, и во јавноста, и во приватноста.Секаде! Сите сме од крв и месо на крај краева