1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Половна облека (Second Hand Shop)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од OrdinaryGirl, 10 јануари 2011.

  1. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Во последно време низ градов гледам дека се отворија повеќе Second Hand продавници за облека. Од љубопитност влегов во две-три колку да видам што гардероба има. Не знам дали сте влегле во некоја, ама еве ќе ви ја доловам сликата - најразлични парчиња гардероба, нема некаков ред, во некои се купуваат алишта на кило, нема броеви на облека и такви ми ти чуда. Се заинтересирав всушност од каде е таа гардероба и ми кажаа дека наводно ја носеле од Италија и била донирана од луѓе кои веќе не ја носат. Некои парчиња облека изгледаа навистина излитено, но некои беа чичка нови! Ми фатија око некои блузички, и по некој капут, се мислев дали да ги купам, ама на крајот излегов со празни раце. Сепак, ми беше шубе, од кај да знам кој ги носел... Другарките коментираа дека често во тие продавници носеле облека од мртовци :puke:

    Сте купиле ли гардероба од Second Hand Shop? И дали би купиле некогаш ако нешто навистина ви се допадне?
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Second Hand Shop

    Немам купено досега, а додуше не сум ни налетала на таква продавница.
    Вака кога ќе размислам, мислам дека не би купила, освен ако нешто многу, многу ми се допадне, на пример фустан некој. Фармерки во никој случај не би земала.
    Како и да е, тие пред да се пуштат во продажба хемиски се чистат.
     
  3. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Second Hand Shop

    Ја имам купено облека од секнд хенд шоп.
    Блузето беше 250 денари цело чипкасто и преубаво, и тоа на етикетата пишуваше H&M. Некоја си го купила оттаму поскапо, а јас за 250 :lol:
    Исто еднаш купив кожна сукња кратка за 170 денари, таква да барав немаше да најдам. И ако ја најдев ќе кошташе сигурно над 1000 денари.
    Има убави парчиња, може да се најдат. Перење пред тоа, и ништо страшно.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Second Hand Shop

    Не сум влегла а многупати сум поминала покрај такви продавници.
    А да и јас имам слушнато она за мртовци :?:

    Иначе баш од вакви продавници низ странство се купува онаа vintage clothing.

    Мене шубе ми е да купам таква облека не знам зашто. Подобро од шутка, бит пазар итн. ќе купам него да земам облека од некои непознати луѓе од странство кои ја носеле истата.

    Ама не сум влегла бе, може некад ќе купам од кај да знам ако ептен ми се засвиѓа. Не викам пред време дека никад не би купила ;)
     
    На Belieber163 и Angelche им се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.094
    Пол:
    Женски
    Second Hand Shop

    Немам купено. Еднаш влегов во онаа на Битпазар што е, мислам дека таму од Германија им е гардеробата. Носат работи на кои одамна им е одмината модата, а можам да кажам и дека воопште не се ефтини. Во некои продавници каде, каде има поефтини парчиња. Сега за сега не би купила, но не се знае.
     
  6. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    Second Hand Shop

    немам купено нешто од таква продавница кај нас во ср има само една таква и пред некој месец ја отворија не сум ја посетила бидејки пред дуќанот имаше извадено некои работи кои не ми се допаднаа и ми изгледаа некако ептен стари е сега не знам од каде ги носат ама не би купила ништо додека во бугарија кога бев на одмор налетав на таква продавница мора да кажам дека се разликуваше од нашата и тоа многу имаше прекрасни парчиња облека се гледаше дека се прилично нови и зачувани.
     
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Second Hand Shop

    Во Македонија не сум наишла на вакви продавници барем до сега, но затоа во Црна Гора ги има ехееее!!! и имам влегувано само што за разлика од овде таму на секое парче облека си има етикета на која пишува од каде е парчето облека сепак ниту тоа не се знае колку е вистина :?:.
    Знам дека пред ставање во продавница се носени на хемиско тоа го знам поради тоа што на една другарка мајка и е продавачка поседува таква продавница...А да имам купено неколку баш онака убави парчиња гардероба,мегу големиот избор сигурно :!: се наоѓаат многу убави и онака како нови парчиња облека ;)
    И кога би имала прилика и доколку нешто мислам дека е зачувано и не :!: толку носено а убаво пак би купила...
     
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Second Hand Shop

    Имам влезено ама онака чисто од љубопитност а никогаш не би купила незнам некако ми е језиво да носам нешто што некој друг го има носено немам појма од каде е облеката и кој ја носел. Како што видов има баш се па дури и чевли и ташни цените се мнгу ефтини. А ги има во Македонија низ многу градови.
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Second Hand Shop

    Леле баш ме потсети со темава што учевме по англиски. :lol:
    Јас по Скопјево немам приметено ваква продавница.. А она што рековте со мртовците језа ми дојде. :?: Инаку по Англија и Америка, наставничката од курс ми вика се од вакви продавници купувале. Имало разни сувенири, рамки за слики па до облека и делови за коли. Сигурно е мноогу поефтино ама порадо би купила облека од Бит Пазар или од Еко Шопинг него од овде. Кујзнае кој ја носел, со какви болести, нормално дека тоа е однесено на хемиско чистење и се тоа ама ипак не би. Сега јас не зборам дека сум скроз сигурна дека нема да купам, ако нешто ептен ми се засвиѓа и морам да го имам :lol: ајде ќе го купам. Ама вака не. :)
     
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Second Hand Shop

    Инаку заборавив да напоменам дека во една од тие продавници имаше и гаќи на продажба! ГАЌИ бре луѓе, гаќи!! Е од нив не купувам, па и од Victoria's Secret да се!
     
    На cresa-jagoda, Linn1, girl1985 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    125
    Second Hand Shop

    Јас досега не сум налетала на ваква продавница и сега што прочитав од вашите коментари добив желба баш да влезам и да видам што се има во ваквите продавници :) .
    Инаку незнам јас мислам дека не би купила од овде нешто, ама ај да не зборувам пред време, никогаш не вели никогаш :lol: .

    п.с. се изнасмеав за ова со гаќите, па и гаќи од некого ли се продаваат :rofl: :rofl: :rofl:
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Second Hand Shop

    Немам купувано од таква продавница,но и никогаш нема да купам,иако ете се чистат хемиски,но сепак не би купувала нешто.
     
  13. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Second Hand Shop

    Имам влезено во таа продавницата што е кај Бит Пазар, ама искрено ништо не ми се свиѓаше.Помината беше модата на сите парчиња облека. Исто имам видено и карши Олимписки базен едно,ама не сум загледала баш убаво,само така од поминување. Но,како и да е, кога би нашла нешто што ми се свиѓа и секако по поволна цена би купила. Секако нема гаѓи да купам,ама мајчка или капутче некое да. :)
     
  14. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Second Hand Shop

    Леле... :o! Немам коментар.
    Дефинитивно не би купила ништо на старо, на облека мислам, а поготово НЕ долна облека! Мртовци...,ма кој знае кој ги носел пред тоа, иако се хемиски исчистени..Не. За накит, може и да размислам два пати, стар накит, а под тоа подразбирам мнооогу филигран, па, зошто да не? :)
     
    На Linn1 и rossonerka им се допаѓа ова.
  15. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.082
    Second Hand Shop

    Имаше во Кочани пред неколку години таква продавница, една другарка се сеќавам си зеде блуза за 80денари, смешно :D Имаше доста избор, дури и патики имаше (само не знам кој би си купил second hand патики)
    За она од мртовци била, па што ако била, ако не ти кажат нема никако да познаеш, као ако е од мртовци има магија фрлено на алиштата, глупа работа, суеверија |( Мртовецот сите алишта си ги носел на себе кога умрел нели, а и шо ако умрел во нив... Ајде отидов офф топик, се извинувам. :$

    Би влегла во таква продавница и денес, може ке најдам некое добро парче....
     
    На Vitamin, Twinkles, Angiie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Second Hand Shop

    Во Охрид има две такви продавници. Кога ја отворија првата пред неколку години имаше навистина убави нешта, и јас си купив три блузи. H&M се, ги купив 200-300 денари, неколку пати ги исправ и си ги носам. Многу се убави и сите ме прашуваат од кај ми се. :) За 200 денари сигурно не би купила толку квалитетни блузи во кинеска продавница.
    Оттогаш не сум влегла, но ми кажаа дека веќе не носат убава роба.
    Секаде низ светов има вакви продавници и воопшто не е срамота да се купува оттаму. Во побогатите земји купуваат, носат една сезона и ги даваат. Може таму да се најде нешто што сме го барале долго време по продавници, а немало.
    Е долна облека не би купувала. :o А таа да не не е second hand, туку со фелер? Зашто обично во ваквите продавници има и некористена роба со фабричка грешка. Не верувам дека некој би купил second hand гаќи.

    За блузите немам гајле. Како што реков - ги исправ неколку пати и готово. И да се од мртви луѓе, не ги носеле мртовци. :D
    Може да се и почисти од робата стоена по магацини што ја купуваме на друго место, a ако веќе гледаме така - и неа којзнае кој ја пробувал.
     
    На Twinkles, LittlePinky, CoverGirl10 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Second Hand Shop

    Точно е тоа то го кажа Ливингглам. Плус во странство може да се изнајмуваат на пример брендирани ташни за одредено време.Можеби глупо звучи, ама ако ти прави мерак некоја мнгоу скапа чанта, зашто да не :)
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Second Hand Shop

    Нема шанси да купам нешто од секнд хенд, којзнае кој го носел. Башка сум слушнала и тоа за мртовците... Грдо. И без пари да е не би земала
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Second Hand Shop

    Јас би си купила ако налетам на таква продавница плус да имам некој денар и да си најдам нешто интересно. Тоа ќе се испере, замислете само колку пати си менувате облека со другарките, исто ви се фаќа. :) Ич не се гнасам од вакви работи, сега секако дека гаќи не би носела скраја да е. Во Велес имаше мислам една ваква пред некое време, ама имаше многу грди работи внатре. Ако се отвори некоја нова со убави работи ќе си купувам, зошто да не? :)
     
    На Twinkles и CoverGirl10 им се допаѓа ова.
  20. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Second Hand Shop

    Лелееееееееее само јас не сум налетала :o :) Кажете бе девојки во Скопје каде има вакви продавници??? Баш планирам да видам што има.. ^_^ Иако облека не би купувала може ќе се најде некоја ташна, како што сум фанатик за ташни супер ќе ми дојде некоја Италијанска :!: :D ... Гледам на Youtube девојки од Америка што си купуваам од Second Hand Shop - ови па и не им се така лоши работите... Сеа за кај нас незнам што носат тука :?:, а и тоа со мртовците језа ме фати малце, ама па ваљда не закопуваат некој со ташна мајко му :!: :?: :D