Имам носено половна облека, ама од сестра ми. Озбилно, сум влегла во таа продавницата на Бит пазар мислам дека беше. Сега баш и ја разгледав оваа страницата што сте ја постирале, некои работи и цени, стварно се смешни. Незнам, јас никогаш не би купила, шубе ми е. Поарно, сама ќе си соберам пари, и ќе си купам од обична продавница.
Девојќи да ве прашам дали купувате во Шик-Шоп или Шик-Шок (незнам како е), онаа продавницата со секон хенд облека од Германија на Битпазар. Има нешто избор?
Другар ми кажа дека имало на приземје во Т.Ц Бисер и продавницата носела облека од Данска. Бил некој таму? Единствено што ми рече другар ми е дека решил да влезе и толку смрдело што веднаш излегов. Ништо чудно да преувеличува, туку бил некој таму па? А што се однесува до мене не сум за вакви работи. Единствено од Асос од маркетот ама не е исто пак.
На сајтов не се токму со цените. Толку имам да кажам. За second hand партал лупаат цени глава да ти експлодира, едино да разберам оние кои продаваат нешто што е стварно необлечено, ама да не става цена како штотуку да го купила од продавница, пак треба да е доста пониска од оргиналната. Ама за носени алишта? Нетокму. Па од Битпазар обетките си ги најдов овде, 200 ден разлика, ја мајката. И венчаница да си продадеш на сајт не можам да разберам, еднаш носена, абе ај.
Јас успеав да продадам нешто од оваа страна. Се разбира ако сакаш да продадеш, ќе си ги симнеш цените. Мене ми се многу ниски, поскапо нешто од 400 денари немам
http://mojagarderoba.mk/items/obleka/1886/crven-top ова ми се засвиѓа ама 400 денари не давам за жива глава!Ценава е преголема за блузата,а плус тоа што е носена
http://mojagarderoba.mk/items/obleka/1768/maichka http://mojagarderoba.mk/items/obleka/17 ... a-preramki 350 ден. 350 ден. 350 ден.
А ова видете го http://mojagarderoba.mk/items/kozmetika ... k-za-nokti Лако го продава 120 денари а во Golden Rose е 80
Hajjакото е ова http://mojagarderoba.mk/items/nakit/1889/biserni-obetki обеткиве јас ги купив 10 или 20 денари на пазарот во велес
http://mojagarderoba.mk/items/obleka/1998/bluza Ова блузиче еднаш облечено е 600 денари, а во продавницата Дака фешн од кај што го купила ни еднаш облечено - НОВО е 300 денари
странава почна да излегува од конторла мене ми изгледа дека почнаа намерно да купуваат евтини работи за да овде ги продадат по повисоки цени, а не за да се ослободат од гардероба која "малку носена" им стои дома
Искрено ниту јас мислев дека ќе се продаде брзо ако се огласи нешто по пристапна цена. Купуваат бе, верувале или не, чекаат да се стави маица/штикли/марами за кои е очигледно дека продавачот сака да исчисти плакар, а не да заработува. Така штикли купени за 1000-12000, еднаш или два пати носени, зошто не би ги дала за 200-300 плус биле од Avanti, дури и кутијата ја чувам откога сум ги зела Инаку има смешни цени, коа ќе ги види човек, дали да плаче или да се смее. Не е народов глуп, па да му препродаваш ефтини работи по енормна цена. (Зборам за девојки кои е во тек со цени и кои секоја недела шетаат низ бутици). Погоре некои спомнаа дека имаат купувано лак за 80, а тука се препродава за 120 или најобична пазарска маица наоѓана за 50-100 денари тука и лупа 300-400 цена. Во Австралија и јас се чудев кога братучетка ми збореше за вакво нешто. Мило ми е што почна да се развива тука, почнавме да се модернизираме. Таму девојки кои најчесто купуваат брендирана облека, наредна година кога ќе помине мода ја огласуваат на ист начин, па оние кои не можат да си дозволат поскапа облека, купуваат. Не како кај нас, мислат праат бизнис. Леле земав маица за 100, ја шитнала на некоја од периферија која врска нема со цени во Центар или надвор од Скопје, за дупла - тродупла цена. Епа јбг дур има офци ќе се стрижат.
http://mojagarderoba.mk/items/torbi-i-c ... ena-tashna Ја видов баш истава за 5 евра во Солун. Не им се мешам во одредување на цена или нешо слично ама мајдфак прават со ова цениве и само будала би ја купил. Нека не ве мрзи, барем кога ќе видите на оваа страна нова облека, прво прошетајте низ продавници сигурно некаде ќе ја најдете низ Скопје или другите градови за многу поефтино или па ќе си најдете уште поубава.
Ако разгледате поубаво и се најдува по некое убаво ,ново и сепак ефтино парче. Има луѓе на кои очајно им требаат пари...Тоа е...