Кај има бе Second hand shop кажете, мене не ми смета. Од сајтов не би порачала ништо пошто сакам во рака да го фатам парчето и да си проценам колку е квалитетно или носено. Другарка така се договори со една, па по пошта и го прати и немаше врска со тоа на слика, и да, носено беше.
http://mojagarderoba.mk/items/dodatoci/ ... vnik-gucci демек часовников гуцци...ами јас овој истиов го имам 350 ден си го купив....ц ц ц...некои има стварно фер се ама некои.....немам коментар!
Што се нема да видиш на мојагардероба...ги извадиле од подрум и ај сега ќе ги продаваме по ненормални цени.некоја ставила штикли со натпис: црни штикли со машничка напред,висина околу 10 цм ,иако од внатре си излуштени не се оштетени од надвор. и им лупнала цена 499
Ја на пример студирав во странство. И таму сосема си се луѓето ОК за Second hand парчиња. И шо е важно дотерани си се сите. За малку пари може да си најдеш многу убави парчиња. Има некои шо се познава дека се стари,скинати испокубани ама има некои шо се како нови.Јас на пример си зедов ташна на esprit нова нова за некои си 200 денари. И ја од почетокта си мислев ее како,од некои други ке носам,ама ко минуваш многу време со луѓе шо им е нормално да си носиш такви работи и ти се навикнуваш со таа помисла.Иам изнакупено многу работи до сеа од такви дуќанчиња,за ич пари сум дотерена и тоа се си гледам да се некои марки.Ако од таму купам 5 6 партали, за тие пари од трговски можам да купам само некоја си обична маичка.До народот е,некој тука да те види и да знае дека си купуваш од такви дуќанчиња одма луд ке те направи.
девојkи а што мислите за ова парче, проценка? http://mojagarderoba.mk/items/obleka/10819/fustan-nov 1000 денари беше
мене лично не ми се допаѓа бојата, но за тие пари секако дека вреди исти такви фустанчиња по бутиците ги продаваат по 5-6 илјади, една моја другарка шиеше исто такво само друга боја за апсолвентска и излезе околу 3000ден материјал + шиење.
Страната е добра работа. Но луѓево кај нас мн погрешни ја сватиле за што навистина е таа. Има мноогу кои што ставаат артикли со преувиличена вредност на нив колку што би можеле да се купат нов па кој би купил бе би се малтретирал по пошти со чекања незнам што кога истото за иста цена од продавница може да си го купи. Не коментирам за сите фала богу има и такви кои кои се искрени добронамерни Целта не е да се стават 200 артикли извадени од подрум туку понови работи за кои може ете не ви се погодил бројот сте утнале при изборот а не некои од 1872 год смешно е навистина за такви артикли може да се најдат насекаде низ градот во заостаната роба по 100- 200 а овие му ставаат цена 500 глупаво навистина. Многумина почнале да ја користат страната без да прочитаат упатство дека артиклите треба да имаапристапна цена за сечиј џеб,и најпрво да си се преслушат себеси дали ти би дал толку пари за артиклот пред да ја запишеш цената.
http://mojagarderoba.mk/items/torbi-i-c ... 506/chanta би си купила 1298370392864 поубава чанта од бутик на за 1500 туку за дупло помалку http://mojagarderoba.mk/items/torbi-i-c ... 993/tashna или пак оваа ја има во кинески за 150 ден
Сабајлево чачкав низ моја гардероба и наидов на нешто што ме запрепасти Цените катастрофа, ужас ја искрено за фустанот не би дала ни 100 ден. а не а 6000 http://mojagarderoba.mk/items/obleka/13 ... ano-fustan за ташнава па ич http://mojagarderoba.mk/items/torbi-i-c ... 3415/tasni
Абе ајде глупости 6000 пфф јест да има таму некој убави и ефтини ствари ама ова и гледам истата девојка продава топилка за восок 5000 ден. со два патрона јас мојата ја земав 2300
А да се отвори посебна тема за Моја Гардероба нема ли да е подобро? Само за тоа се пишува последно време во темава, а се постираат и нови работи од девојки што купуваат на eBay па препродаваат, што не е Second Hand и е надвор од темава. А баш убава дискусија си се разви на почетокот...
Додека вие се туфкате за тема, еве јас да ве поздравам со еден пар добриии чизмички... http://mojagarderoba.mk/items/chevli/5929/shtikli Кој прв ги нарача, негови се... Јас стварно незнам со кој памет ставаат вакви модели, барем сега има можност за 300-400 денари од кинеска, пазар или некоја ефтина продавничка да се купат попристојни обувки со помодерен модел. Барем јас у последниве година дена уназад не сум видела никој со вакви чизми.
Ам Најубава, ај тогаш и јас тебе да те поздравам. http://mojagarderoba.mk/items/chevli/94 ... talijanski Едит: страницава е непресушен извор на глупости http://mojagarderoba.mk/items/chevli/8549/unikat http://mojagarderoba.mk/items/chevli/8621/cizmicki И готово, не отварам веќе.
Ај, ај, па и на Бувљак има многу поубави ствари. Овие изгледа на сајтов гледаат како можност да исчистат шупите и оставите од све што не им треба а нема ни да им затреба. Стварно треба сајтов да си ангажира некои модератори кои ќе ги чистат ваквите глупости. Добра е замислата, но со вакви понуди оставаат многу лош впечаток.
Златно Пренди за 200 денари здрави, прави а овие нека се надат да ќе продадат чанти кои не вредат ни мизерни 100 денари а не 1000 како што им ставиле .