што мислите за депилаторов http://mojagarderoba.mk/items/alatki-za-razubavuvanye/13614/depilator-mashinka-depilator-fuego-novo
Па прашај во некоја продавница колку пари е нов да си купиш. Јас мислам дека и овај не е скап а добра марка е
Умирам по чизмиве, морам да си ги нарачам http://mojagarderoba.mk/items/chevli/7488/crni-chizmi WTF им е на овие бе?
Се согласувам. Јас разбирам некој да продава нешто што му го поклониле а не го ни облекол, или што не му е таман ама овде повекето работи се веке износени и тоа убаво износени. Во врска со половна облека...Не, не би купила па не знам која марка нека е. Евтина е облеката за 600 денари фармерки ке си купам ама знам оти се нови и ке се отепам носејки ги, а половни шо ке ми се и беспари да се. Во странство купуваат ама таму скапа е облеката, овде за 1000 денари можеш да се облечеш комплет.
незнам која е вознемиреноста за страната искрено,никој не му става нож на вратот на луѓето за да порачаат од таму.Јас имам ставено неколку ташни нови кои никогаш ги немам носено и се потполно нови, има девојки кои имаат бутици и ставаат нова облека за продавање исто така и ташни,е сега што има све и свашта има не велам не продаваат алишта износени и од пред 15години а и ставаат буквално секакви глупости ама има секакви луѓе,ос страната си имам порачано надоградба за коса дали ке се зафркнам или не ке видиме облека не препорачувам никој да порачва посебно не носена,а за ташни можи зошто да не а и убав накит може да се најде...
не ти препорачувам искрено може еднаш двапати па и повеќе да го имат искористено а да пишат ново е сепак ќе го ставаш на кожата од мене НЕ...
Никогаш не сум влегла во некоја од таквите продавници во Скопје .На времето имаше една во мојот град,и влегов ,ама се разочарав.Облеката имаше некој чуден мирис и ретко можеше да се најде некое носиво парче.На тв имам гледано како изгледаат тие продавници на запад,ова го сфатив онака генерално што не значи дека сите така прават.Прво облеката која ја продаваат строго ја контролираат,дури и половната облека ја класираат по класи,па според тоа и цена .Првата класа во никој случај не смее да ја надминува половината од нивната вистинска вредност. :up: За разлика од кај нас што лупаат цени како да ги земаш од продавница со етикета
lunicka јас пишував за сајтот мојагардероба ако си запознаена а за продавници за половна облека незнам и не сум запознаена во мојот град незнам дали има такви продавници...
Миме не реков ништо лошо само го изнесов своето мислење. Па и тој сајт е еден вид продавница нели. А во Скопје знам дека има такви продавници,по другиве градови не знам.
Што мислите за освежувачот и развлажнувачот на воздух како и за неговата цена?http://mojagarderoba.mk/items/dodatoci/7445/osvezhuvach-i-razvlazhnuvach
Никогаш не сум купила ниту пак ќе купам .. Мразам да зимам облека од блиски , познати па камо ли од некој што не го знам .. Шуга ми е .. Еднаш моите влегоа во таа продавницата за second hand на Бит пазар а ја пак не ни сакав да влезам ..Го мразам мирисот кога ќе влезам во кинеска продавница па камоли како мириса таму ..
Леле да сте ми живи и здрави , се изнасмеав со коментарите ваши и сликите што сте ги ставиле. А сликата што ја постави најубава, чизмичките леле умрев. Со овие да излезеш, како крава во диско. Па и уште уникат напишале. http://www.femina.mk/out/?id=6362f27b75 ... 9%2Funikat едит: уствари ливинг глам ги постирала бе.
^ Се чудам бе и јас, од кај ги купиле тие уникатни парчиња, еве ко краварките на Најубава на пример? Зошто стварно се уникат, one and only Само дека не е гардероба и не ми е јасно што бара таму Некои луѓе едноставно мешаат поими зошто поентата е да ја продадеш облеката која не ја носиш, а не сето ѓубре од дома, а администраториве на странава или се слепи или па не се замараат со тоа што се постира. Какви се не глупости се имам изнагледано на странава, абе на човек едноставно да не му се верува колку "таленти" крие ова Македонијава.
администраторите ја направија страната и мислат завршиле, сигурно не ја ни отвораат да видат што и како се постира на неа. мене ми влезе во око оваа кутија и неможев да не искоментирам http://mojagarderoba.mk/items/nakit/145 ... a-za-nakit девојката ја продава за 500ден, а истата во најновиот каталог од авон е 129ден
јас на сајтов се смеев за еден пар штикли, штета што нема коментари под производите, да и кажев на таа дека штикличките што ги продаваше за 1200 (иако беа стварно сочувани и убави) јас си ги купив за 700 во Рамстор
Мене повеќе ми личи како да настрадал некој далматинец,ама нека не се разочарува девојката,Круела сигурно ќе ги купи
Мислам дека имаше во мојот град ваква продавница.Ама мене ми е некако шубе да влезам таму,а камо ли да купам нешто.
Ја би сакал да ги прашувам тие што се ежат од зборот умрени...Дали некој човек откако ке умре може да носи алишта...Во вакви продавници има алишта и детски и за млади и за возрасни...Зборот умрени не треба да ве ежи сите ке умираме еден ден никој не излегол жив од ова планета... Во овие продавници можеш да најдеш и богатство....да штедиш и да се облечеш убаво...Има маици Адидас Нике Пума и други брендови од 195 ден, само со ова маица ја штедев 1000ден... Треба да имаш време за да најдеш убави работи... Има такви продавници низ Скопје, во таа што има облека од Данска има најубави парчиња...една се наога Во 3 бесиер една наспроти мавровка кај автобуска станица на 2 спрат...но најголема е во Тетово ка супермаркетот Веро 2 спрат 1000м2 каде што има многу избор и можеш да си пазаруваш колку што ти душа сака а да не трошиш ништо...