1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Половна облека (Second Hand Shop)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од OrdinaryGirl, 10 јануари 2011.

  1. ELIOTT

    ELIOTT Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
  2. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
  3. 2036

    2036 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    75
    Не сум влегла во ваква продавници. Некако шубе ми е да купувам облека што некој ја носел. Знам дека ги носат на хемиско, но сепак не би купила.
     
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Боже ајде поубаво да се објаснам.
    Луничка моја гардероба е сајт страна на нет од каде што можеш да порачуваш за продавници со половна облека не сум слушнала дека има кај нас не сум ни влегла па ни знам како изгледа сето тоа ова сакав да кажам.
     
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Licno jas ne bi kupuvala, ama bi ja prodala oblekata moja koja e ednas ili nitu ednas oblecena na sajtov. So deka mi stoi doma, samo mesto da zafajka. Nekoj mozebi ke si ja nosi :)
     
  6. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.060
    Ако знаат жениве на сајтов што е плис, карнер или набор јас во колено ќе си пукам. Немав зачитано описи ама очигледно се што е меко или сјае како и секоја верзија на полиестер спаѓа под свила, а под корсет се подразбира било кое парче кое е за горен дел од тело, најобичен памучен топ = корсет, а и елекот исто така. А па овие од бижутериите што продаваат накит и "оригинални" Витон ташни ми се врв. Комедии станал сајтов.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  7. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Тоа дека е облека од мртовци е чиста глупост. Дури поголемиот дел од облеката не е облечена ниеднаш, ама се продава како секнд хенд.
    Инаку јас не би купила од таква продавница, ептен ми е шубе. Не делам со другарки облека, а не пак да земам од којзнае кој што можеби ја носел.
     
  8. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Татко ми ми купи од Швецка патики на пума за само 1000 денари само еднаш носени, како нови беа.Како не мртовци носеле обавезно.А и што ако носеле? Ги носеле пред да умрат,тие сигурно не ги дале така.Исперени се или на хемиско се носени.
     
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    17.012
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    665
    Имам две бохо кошули купено баш какви што сакам, мераклиски, најубави у свет и пошироко. За 150 денари бе. Џишка нови!

    Едни потколенки карирани 300 денари. Тој на каса во секонд хендот у Битпазар еден темно црвен каиш и маица на прерамки ми ги даде за 200, му заправив муабет. :D

    Вива ла циганштурија!
     
    На sleepingbeauty и pamelche им се допаѓа ова.
  11. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    http://mojagarderoba.mk/items/obleka/15 ... n-br-38-40

    Ako ponekogas sakate da se cuvstvuvate kako dama, togas ovoj fustan e prav izbor! :up:

    На темата, целиот концепт за second hand продавници во нашата држава е изместен. Гледам блогерки од надвор, за 2-3 долари купуваат кошули, пантолони, фустани. Влегов во second hand шопот на Бит Пазар еднаш и цените не беа воопшто ниски. Ми се допаднаа некои кошули, беа по 400-500 денари. Имаше и second hand шоп во мојот град и истата приказна - маици по 300, кошули по 400, фармерки 500. Чекајте малку, во Пренди за 220 денари можеш да купиш нова маица, фустанче, некои пантолони...а овде уште втора рака, а по иста, а некогаш и повисока цена. No way, Jose.
     
    На Cacy и AnaBe им се допаѓа ова.
  12. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    поголемиот дел од таа гардероба ја носеле познати личност а тие не излегуваат двапати во иста облека во јавност и ја продаваат мене не ми преци да купам
     
  13. AnaBe

    AnaBe Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    jas si poracav od mojagarderoba tasna mala mi stasa po kargo a jas treba da i pratam pari na smetka koga ja vidov celata rgosana a na slikata ne bese takva stara iznozena sto se veli `dupnata od nosenje` a cenata i e 300den :D preeskapo za nea ni 80 ne bi dala i sega kako da i ja platam?i koga mi e nezgodno da ja nosam so mene u grad pa kamo li da i ja platam a tasnata emala plik tasna :D taka da..pazate so ovaa mojagarderoba a cenite voopsto ne mu se niski prepre skapo e za stari noseni raboti
     
  14. AnaBe

    AnaBe Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Tocno taka se soglasuvam so tebe slucajno na face ja vidov stranava i totalno promasuvanje 1 vo si rekov se ke bise 100.200den kako so neli odgovara na second hand ,no koga vidov ceni 1500d 2000d 500den 350d so mu pominala modata :( za stari raboti nekoi ima od babamu sandali bozeeee pa stranava e za zaebancinja kako nekoja sala e :D pozdrav :D
     
  15. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски

    не ја плаќај, пиши и на профилот и врати и ја, а на страната остави и негативен коментар, да знаат и другите кога ке купуваат од неа што ги очекува :)
     
  16. AnaBe

    AnaBe Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    taka ke napravam za dzabe si davav 80den za kargo.fala ti za mislenjeto za drug pat ke znaam da ne se izgoram:)za tie pari 300den na namalenie ima ubavi plik tasni
     
  17. Stefaniya

    Stefaniya Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    70
    Јас имам земено од Пренди блузичка,ама незнам дали ќе му дојде секнд ханд шоп? :^)
    Се е по 200 и вака блузички за низ населба ќе се најдат,интересни се и убави а и за машки има избор на блузи повеќе.Инаку имам неколку пати влезено,еднаш памтам во Куманово каде што имаше и работи по 50 денари :o и кога ми кажа АМА НОСЕНИ СЕ и кога видов дека на едно место е малку искинато си излегов секундарно и од тогаш немам влезено во ниедна. :lol:
     
  18. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.300
    Пол:
    Женски
    Јас пред една година си бендисав од New Yorker едно мантилче, кремасто, меѓутоа цената му беше 2600 ден, што ми беше многу скапо и не го купив (си купив од шутка). Сега пред некој месец, во онаа продавницата кај БитПазар го видов луѓе истото, потполно истото, по цена за 700 ден., дури и етикетата му стоеше. Еее ваква останав! :o Ама имав веќе кремасто и не си го купив, инаку ич немаше да му ја мислам.
    Инаку една познаничка чија мајка работи во истата продавница (ама некаде кај трговскиот Беверли Хилс), ми има кажувано дека таа облека не била носена, туку од бутиците што стоела по излози, што не можело да се продаде, со некоја фалинка итн. И навистина повеќето од облеката си има етикета од оригиналниот бутик, само плус му додаваат етикета од ШикШик.
    Јас исто сретнав оригинал дресови, ама од играчи кој веќе не играат за тој клуб, кои нормално не можат да се продадат во спортските продавници, па затоа и ги продале на фирмава.
    Иако ништо се’ уште немам купено од таму, сепак често влегувам, оти ми е мерак да копам по купиштата облека, а ако бендисам нешто секако дека ќе го земам. :)
     
  19. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    До сега немам купено, но не гледам на ова како нешто толку страшно и срамотно. Можеби во ваквите продавници нема да влезат некои кои имаат доволно за да купат нешто брендирано, но помислете само на оние кои немаат средства за да се подноват минимално. Секој би можел да се снајде... И се разбира, облеката во никој случај не треба да ја продаваат скината и исфлекана. На пример доколку е фабричка грешка, застарени модели од бутици (зашто мислам дека и бутиците им ја продаваат тука онаа облека која не им се продава). Лично јас на ова гледам како на бизнис, и доколку има ваква продавница кај мене во град би ја посетувала. Ако не да купам, барем да продадам нешто.
    Колку само облека фрлам што е неизносена и омалена или некоја измината мода која не би ја облекла, некому би се нашло за да комбинира или да го употреби материјалот за ефтини пари ако ништо друго.
    А сите оние кои сметаат дека да се влезе во ваква продавница е премногу срамота и никогаш не би се осудиле да носат нечива облека, нека помислат на тоа колку многу од нас имаат доносено облека како мали од постарите роднини. Така да....ова е ситурно исчистено и до некаде вредно за продажба, во спротивно не би било тука.

    Да се надоврзам на темава, знам дека пред неколку години на одмор во Грција, до нашиот апартман имаше ваква продавница каде што имаше навала.И тоа строго од туристи. Излегуваа со полни кеси и задоволни од шопингот. Една Србинка ми кажа дека за 3 евра купила црвени фармерки со етикета H&M залепена под етикетата на бутикот. Кога ги извади и ги видов, беа нови необлечени- а причината за тоа што се нашле таму и по таа смешна цена беше што должината на ногавиците не беше иста, фабричка грешка која не се продава во бутиците на H&M. Таа секако нема да ги носи пократка-подолга, но ќе ги скратела како шорц што реално за 180 денари во секој случај и се исплати.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Има во нашиот град вакава продавница Second Hand Shop.Еднаш влегов така со една другарка таа сакаше да види што имат.Ама немаше ништо.Што би ми се допаднало.
    Јас никогаш не би облекла алишта од втора рака незнам зошто.Ама некако ко шубе ми е. :puke: