Половна облека (Second Hand Shop)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од OrdinaryGirl, 10 јануари 2011.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Second Hand Shop

    Чика ма... Па работите не се вадени од гроб Боже сачувај! :sweat:
    Туку им припаѓале на луѓе кои се мртви!

    Иначе во СК имаш на битпазар една огромна, пред мавровка - карши факултетите му доаѓа. На др места незз
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.517
    Допаѓања:
    92.098
    Пол:
    Женски
    Second Hand Shop

    Ла-Чика ги закопуваат со ташни, ама сигурно не им ги откопуваат ташните за да ги продаваат. :lol:
    Инаку имаш на Битпазар, до Стопанска банка е ако не се лажам.
     
    На Vitamin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Second Hand Shop

    ^^ Е ташни баш не сретнав низ продавнициве. :?: Тоа што е најдобро - продавачките или газдите на дуќаните си го земаат за себе, ама може да се најде по нешто.
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Second Hand Shop

    Има и ташни барем знам за во Охрид во таа што е над Арена знам така се наредени надвор. Јас лично никако не би купила не менам гардероба ни со другарки кој знае какви се можда во светот да се хемиски исчистени но овде во Макдонија за пусти пари и од дома парталите ќе си ги донесат за да ги продадат. Имам слушнато дека во светот ваквите продавници се снабдуваат со роба така што ќе умре човек и да не фи фрлаат ги даваат во вакви продавници не велам дека човекот умрел носејки ги сите но сепак од каде знаеме дали тој имал некоја кожна болест?
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.223
    Допаѓања:
    27.816
    Second Hand Shop

    Имам купувано ама не од Македонија. (инаку во Ск има нова продавница секонд ханд, во Центар, позади Кинг Бургер - спроти Валијант и имаше ептен убав капут за 500 денари)
    Кога бев во Америка, купував многу од Good Will и Savers . Таму повекето луѓе купуваат од овие продавници кои се огромни и има се и сешто. Од книги, до кондури, до прозороци, чаршави..
    Јас имам купено екстра зачуван куфер (самсонајт за 10 долари огромен), сукњи од по 2 долара, книги, украси, накит (ланчиња) и фармерки. :)
     
    На LivingGlam и OrdinaryGirl им се допаѓа ова.
  6. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Second Hand Shop

    Е аман облеката и припаѓала на мртовец. |(
    Па и тие биле живи, шо има врска што сега не се живи. |( Пазете да не ве прогонуваат на сон што им ја носите облеката. :lol: :lol:
    Може да се најде некое добро парче, ѕирнете убаво разгледајте. ;)
     
    На LittlePinky, maca99, girl1985 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.730
    Пол:
    Женски
    Second Hand Shop

    Сум била во таа на Битпазар што е. Мене шубе ми е некако. Влегов чисто од љубопитност, ама мислам дека и да најдев нешто што ќе ми фатеше око не би го купила. Ипак некој друг го носел...

    Едит: А и мислам дека насловов на темава треба да биде Половна облека[Second Hand Shop].
     
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Second Hand Shop

    Бидејќи живеам во Мелбурн,имам обичај со другарките да одиме во sedond hand shops.
    Обично идеме по тие во богатите населби,може да се начека екстра работи за бадијала.
    Имам купено шанел плик ташничка за 10дол,кожна јакна армани за 50дол.
    Секој пат кога одиме начекуваме некое интересно парче.
    А тоа дали е облеката од умрени,па несум ни размислувала,си ја дадов јакната на хемиско и си ја носам.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  9. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Second Hand Shop

    хахахахахаха лелееее бе луѓе грешно се изразив !!! :tmi: :tmi: :tmi: Оф мори мајко! :tmi: :D Сакав да знам дали луѓе кога ги закопуваат ги закопуваат со ташни :?: ( што не е во склоп на темава али ај :D ) а сакав исто да кажам дека језа ми е мртовци што спомињате и дека нивни биле алиштата, па сега се дадени во Second Hand Shop - ови ... Од језа се испобунив скроз, испомешав и реченици и све... Сега кога си прочитав што сум напишала се утепав од смеење ... Јадна ја ! :D
     
  10. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Би купувала зошто да не..Посебно накит или некое фустанче или блузка.Долна облека не би купила,а незнам ниту пак кој би купил и со кој ум ја продаваат :rofl:
    За жал не сум видела досега ваква продавница :^)
    А како се движат цените пример..ептен е ефтино ??
    И да,во каква состојба е облеката!?
     
  11. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Сум влегла во 2 вакви продавнички, едната што е на Битпазар и една малечка во Аеродром, кај Три Бисери. Мислев дека никогаш нема да купам, ама никогаш не вели никогаш. Си купив две сукњички по 200 денари, едната е тексас од H&M, а другата летна шаренка од Esprit. Душата им ја извадив од носење. Не ми изгледаа носени, и резервни копчиња си имаа. Убаво си ги исправ дома 2 пати, си ги натокмив и воопшто не ми беше шубе. Оттогаш не сум била, ама верувам дека ако одам пак ќе ископам нешто. И за тоа дека припаѓале на покојни луѓе, жал ми е ако облеката припаѓа на некој што не е меѓу живите ама подобро да ја продадеш отколку да ја фрлиш во ѓубре. Вака некој ќе биде посреќен со уште едно парче облека.
     
    На Trnche, sonce777, girl1985 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Јас не сум сретнала таква продавница, но зошто да не купам ако нешто ми се допаѓа, особено ако е некоја марка... а + за ефтини пари!
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Сум била во вакви продавници и морам да кажам дека не е се' носено.
    Има и работи кои не се облечени ниту еднаш, мислам се познаваат од километар.
    Долна облека - категорично не.

    Имам купено едно шеширче баш од таа на Битпазар за 100 ден.
    А е преубаво и немам видено такво никаде во Скопје.
    Неносено воопшто.

    По некоја блузичка многу одамна имам земено и едно фустанче кое го скратив само и го убив од носење.
    :lol:

    Има убави парченца, само треба да се разгледа внимателно.
     
    На viki44e и LivingGlam им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.265
    Допаѓања:
    57.077
    Пол:
    Женски
    Јас се инспирирав да наминам деновиве да видам што имаат. За долната облека пак ќе речам - сигурно е нова со фабричка грешка, не верувам дека е second hand (и баш ќе прашам ако видам).
    Викиче, како што кажа Трендафилка - има парчиња кои изгледаат сосема нови. Обично се одлично зачувани сите, не се познава дека се носени, иако има и такви.
     
    На viki44e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Не сум влегла во ниту една продавница. До душа незнам ни каде се лоцирани. Од љубопитност би сакала да видам што се се продава, но не би купила гардероба бидејќи ми е шубе. Можеби би направила исклучок ако се работи за некоја интересна чанта или паричник. Чевли и гардероба а собено долен веш, никако. Иако незнам како би изреагирала доколку видам некое ептен неоддоливо парче :D
    Па мооооожеби и би го купила. :)
     
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Не знам точно пред колку време беше, ама бев во контакт со една девојка од Германија.
    Типката негува преубав стил, мислам стварно прекрасен, просто со подзината уста те остава. Ми има кажувано дека речиси 80% од девојките таму, преферираат да купуваат во вакви продавници. Кај нив оние богатите кога ќе купат нешто и им прошол меракот, го оставаат во ваквите продавници, и среќниците кои ќе налетаат можат да се снабдат со брендирана гардероба за смешни пари. Станува збор за облека која е двапати или воопшто необлечена.

    Кај нас не знам како стојат работите. Сум поминала кај таа на Бит Пазар,ама не сум влегла...
    Знам дека има една кај Олимпискиот Базен. Можеби ќе поминам некој ден, па ќе ѕирнам , зошто сум сигурна дека има работи кои се одлични!
    Колку што знам има и една продавница кајшто носат од Германија, и тоа не се носени, туку се со некоја минимална грешка.
    И кај се наоѓа тоа во Три Бисери? Првпат слушам....
     
  17. littlegirl92

    littlegirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    јас знам за таа кај олимписки и знам дека има една кај бит пазар ама му доаѓа после бит пазар во една зграда (нешто сонце ѕвезди мислам се викаше :D )
    иначе ако најдеш нешто супер зосто да не го купис?? па ке го испереш и готово
    овие алишта од продавници што ги купуваме којзнае низ што се не поминале па никому ништо

    а за накит и ташни јас си се имам почастено прекрасни ланчиња и ташна и совршена кутија за накит од цигански пазар ( е тука може и мртовец да се најде богами) :D :D :D
     
  18. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Баш под ресторанот Три Бисери. Има Зегин аптека, кога ќе застанеш баш пред неа, буквално пред врата погледни десно и ќе ја видиш продавничката (подобро од ова не знам да објаснам) Мала е, ама ако имаш среќа да донеле нова роба гарант ќе најдеш нешто.
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  19. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.629
    Допаѓања:
    2.473
    па немам налетано на таква продавница во Велес, во Бугарија има премногу и знам таму ги продаваат алиштата на кило, само никогаш немам влезено ни да разгледам. ај во наредна прилика ако налетам некаде обавезно влегувам да видам што има :)
     
  20. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Сега за сега со овој ум не би си купила а незнам зошто ама и од помислата се ежам..може ќе го сменам мислењето ама како што сум чистотлива и склона кон алергии не верувам..Немам ништо против додека друг ја носи облеката од second hand shop ама јас НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ