second hand облеката ме потсеќа на филмот за шопохоличарката и нејзината зелена марама. Но, јас не би можела да носам облека која веќе некој друг ја носел, јас дури сакам со тикета да ми стои на орманот додека не се одлучам да го носам тоа ново парче облека... А за сајтот, нормални ли се да продаваат на таа цена, како што се сега попустите низ ГТЦ, поевтини се работите...
http://mojagarderoba.mk/items/nakit/42323/prsteni Што викате за прстениве, убави се, намалени се сите 3 се 150 ден. мислите дека вреди да ги купам?
Не би сакала да носам веќе носени алишта, колку и да се хемиски исчистени сепак подобро ќе купам едно нешто, но ново (нормално по прифатлива цена)
Никако да купувате веќе носена облека. Мајка ми ми имаше кажано дека некој човек од ваква продавница си купил каиш, како каубојски. По некое време човекот починал. И,кога испитале каишот бил радиоактивен. Тој каиш припаѓал на некој човек од војска. Затоа нема шала со вакви работи,најбитно е здравјето.Има многу ефтинки продавници каде што можете да си најдете убави работи.
До сега никогаш немам купено такава облека,а не ни планирам.Некако гадлива ми е помислата дека некој непознат го носел парчето облека,па сега јас..бљак
извини велис дека не си сакала носена облека,а немозам да сватам како можеш да замислиш други да ја носат твојата?затоа што велиш дека ја даваш твојата облека на други.Зарем тие не се луге штом носат облека од други?
Од сите досегашни коментари од овој највеќе се згрозив, ептен ми е сега језиво. ilent: Ниту имам до сега купено половна облека, ниту во иднина ќе купам. Неможам ни да помислам да разменувам облека со некој што го познавам и ми е близок, а не да купувам облека што некој непознат ја има носено, без разлика што таа е "Хемиски" исчистена.
Преска баш разгледував низ мојагардероба и налетав на едни доста убави фармерки и за доста ефтина цена па сакав да ве прашам дали некој од вас има искуство со мојагардероба безразлика лошо или добро ако сака да сподели со мене и секако да ми објасни како оди испраќањето оти девојката не е од мојот град.
Сликите кои ги постирав од балетанките кои се по 350 денари во Персин, ги ставиле на сајтов мојагардероба, со цена од 550 денари. Аман бе, не сме луди, гледаме, имаме фејсбук, прашуваме за цени не сме од Марс.. Бог да чува. http://mojagarderoba.mk/items/chevli/143929/baletanki-novi
Се согласувам со тебе. И во мојот град има продавница за балентаки кои се по 250/350 денари а на моја гардероба ги ставаат по 500.
Затоа што не си отишла во право време. Јас секогаш наоѓам нешто убаво и се тоа скоро зачувано и ново, да не речам колку свилени маички имам купено и кошули кои чинат по брдо пари да ги купувам во Манго и слични на него. Инаку главната продавница е во Тетово над Верото, бев минатиот викенд и купив тони облека за по 60 денари парче, гооооллллееееммм дел од нив беа сосе етикета, значи не носени туку стара колекција, епа нека ми прости Теранова од лани пантолоните што пак ги извадиле за по 1400 денари а лани ги гледав по 650, епа не сум глупа јас. Инаку си купувам многу често и си ја перам во машина и си ја носам, немам микакви предрасуди. Неколку пати имам кажано, во Манго лично ја имам видено Каролина како врака маичка и истата после ја ставаат на рафт за продавање, а она ја носела на некој настан, откако замина продавачките ја изоговараа дека ставила многу парфем и дека ќе треба замисли да ја стават во магацин да се излуфтира, нема да можеле да ја остават вака, ама нели она е Каролина а овие не знаеме кој ги носел. Искрено се што сум купила е преубаво и мислам дека можам само да сонувам такви работи во Скопје да најдам на друго место, на пример Кappa тренерка за 60 денари, Jack`n`Jons дуксер за 120 денари, H&M кошула за 120 денари сосе етикета, ех едно ли е, минатата недела купив некаде околу 20 парчиња од Тетово
Мој совет ви е да не се лажете по страната мојагардероба ниту за облеката ниту за други работи. Баш моментално разгледувам во Кам маркет од таму земам некои работи дезедоранс (малку поголем од вообичаените) за под пазуви е изгледа во Кам маркет истиот 90 денари некоја си го ставила 120 денари. Гел за туширање го имам дома истиот од тие германските ли какви се во кам маркет околу 45 денари таа го ставила 100 а па истиот гел само од мед и млеко 130 денари нзачи ужас. Некои мислат милионери ке станат. Кремовите за туширање од орифламе се 89 или 99 денари некој им ставил цена 200 денари. Ужас невиден!!!
Наместо да купуваш половна облека за цената по која се продаваат парчињата и се останато (козметика,накит,обувки,чанти и др.), можеш да си купиш нови работи.Цените се префорсирани.