1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Половна облека (Second Hand Shop)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од OrdinaryGirl, 10 јануари 2011.

  1. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Sesil Double agreed (y)
    И јас не ја гледам причината во купување облека на старо, при толкав избор по продавниците, а има и доста ефтини работи, нови и убави.
    Second hand повеќе ја гледам во купување на некој автентичен предмет, нешто лимитед едишн што било, па ајде желба е да се има. А како што рече Сесил, од друга страна, пак тој што продава, се надева на профит, а мисли дека продава Диор и Шанел :D А уствари подобро би било да ги донира во Црвен Крст, т.е да иде облеката во хуманитарни цели :)
    :d::drunk:
     
    На Barbie20 и Sesil им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не знам како се вика, ама нема шанси да ја утнеш, со огромни букви пишува по излогот Second hand :)
     
  3. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
  4. anooo

    anooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Zdravo na site.
    Imam premnogu gardaroba parcinja sto ponekogas ne sum ni gi oblekla na mene.
    Ako e nekoj zainteresiran da gi pogledne neka mi pise vo inbox ke vi ispratam sliki i cena.
    Poveketo se od brendot na Zara, Mango, H&M, Bershka ...
    Pozdrab
     
  5. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Знам дека по другите држави имаат second hand продавници во кои можат да се најдат убави и сочувани брендирани парчиња по многу ниски цени. Кај нас знам дека има такви продавници, немам посетено некоја од нив меѓутоа од она што го имам слушнато од блиски не ни вреди да се посетат затоа што облеката е крш а згора на се и цените не се ниски како за нешто кое е веќе користено. Освен тоа ја имам забележано онаа нашата страна моја гардероба. Со чесни исклучоци, забележав дека поголемиот дел од облеката и додатоците кои се нудат заслужуваат да одат директно во отпад. Секое второ парче е со најнизок квалитет, модата му е многу одамна помината, голем дел се и оштетени а што е нај трагично цените им се превисоки. Забележав дури и парчиња чија цена е повисока одколку нови да се купат. :D
    Јас лично би купила на пример некое такво парче само доколку е од некој доста скап бренд кој не би можела да си го дозволам а е сепак сочувано.
     
    На Milkini му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Ниту сум купувала ниту пак имам намера да купам.
    Прво многу ми смета мирисот во продавниците за секнд хенд, а и тоа што го продаваат е катастрофа и за без пари да го даваат да не го купиш.
    И второ кој знае кој го носел па сега јас да го носам. Нема шанси. Не дека не носам носена гардероба од друг, да но од луѓе кои ги знам и кои ми се блиски.
     
  7. Smoley

    Smoley Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2016
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, дало знаете активна страна каде би можела да продадам фустан (еднаш носен) од Елена Лука?
     
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Пробај на мојагардероба.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.941
    Пол:
    Женски
    Jac ве читав овде феминки околу купувањето на старо, па решив да си купам нешто онака како за проба.
    Разгледував по http://mojagarderoba.mk/ иако претходно никогаш не сум купувала и ми се допаднаа едни еспадрили, па решив да си ги нарачам. На сликата ми изгледаа како ептен нови ама бев скептична дека ќе се такви и во живо.
    [​IMG]
    Oваа слика беше ставена на страната за купување. Денес си ги земав и во живо изгледаат дури поубаво од сликата, ептен се нови и удобни.
    [​IMG]
    Eве како ми стојат :l: За 500 денари се супер:inlove:
     
    На Nausicaa, marchi-cool и LivingGlam им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    14.385
    Пол:
    Женски
    so zdravje da si gi nosis,jas vejke 5 godini kupuvam i prodavam na mojagarderoba.
     
    На Jane.Birkin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Twigs

    Twigs Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Здраво, една другарка имаат бутик, ако се со етикета може да ги препорачам тие што ги имаш, само пиши ми го твојот профил од моја гардероба или е-плакар за да и покажам.

    П.С. Јас ја користам моја гардероба за работите што сум ги купила што убаво изгледале во бутикот, а откоа дома ќе ги донесам ќе се предомислам или нема да можам да ги комбинирам, или едноставно нема да имам прилика да ги облечам, па подобро некој друг да им се радува и да ги носи, плус ми прават проблем при селење, само зафаќаат место а не ги носам....на муабетот еве го мојот профил: http://mojagarderoba.mk/katejovanova-16885
    следи попуст за феминки ^_^
     
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    14.385
    Пол:
    Женски
    dobri ti se proizvodite ;) eve i moj profil - prodavnica http://mojagarderoba.mk/marchi-8799 se iznakupiv i iznaprodavav od ko doznav za stranicava :)
    inaku @Twigs mozes da si otvoris stranica na fb ili profil na fb jas imam napraveno za secondhand i kozmetika od avon sto imam na zaliha i dobro mi odi prodazbata
     
  13. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    До сега немам купувано секнд хенд облека,а богами и во иднина нема да купам.
    Прво не би можела да облечам облека која претходно е носена од непозната особа.
    Второ, за износени партали лупнати астрономски цени , сакаат профит да направат од крпи за бришење прашина! Секоја чест на исклучоци, но на моја гардероба што сум гледала, поглемиот дел од облеката се ужас, би ми било срам да ја подарам ,не па да продавам таква "облека".
    Едит : со кој памет продаваат долна облека, треба да веруваме дека не е носена?
     
    На L-a-r-a22, tigrica92, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. A1989

    A1989 Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    http://mojagarderoba.mk/aannee-25288


    Девојки повелете разгледај те си ако ви се допаѓа пишете ми.

    дали има некој слушнато за Ри Сторе во скопје каде се откупува облека????

    Поздрав

    Девојки дали некој знае каде може да се продаде облека искористена само по еднаш.
    Имам доста парчиња од брендовите на Зара Манго Х анд М страдивариус
    Сите се како нови.
    Се обидов на моја гардароба но не успева веке една година.
    Дали би знаеле некое место каде што би биле заинтересирани да ја откупат
     
    Последна измена од модератор: 31 октомври 2017
  15. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Девојче,приметив дека и вчера пишуваше на темиве и ставаше линк за твојата облека.
    Најдобронамерен совет ќе ти дадам.
    Го погледнав линкот и искрена да бидам,цените ти се превисоки за секнд хенд облека.Парчињата од овие брендови кои си ги набројала се високи и толку чинат да си ги купиш кога се на попуст.Нови.Неносени,необлечени,со етикета.Затоа не можеш да ја продадеш облеката и никој нема да ти ја откупи по цената за која ги нудиш.
    Плус,летна гардероба е.Знаеш ли колку чини една маичка во маалска продавница од овие фирми кои ти ги нудиш?
    Не повеќе од 300 ден.
     
    На Alisa22, Acka22 и Elence93 им се допаѓа ова.
  16. HappyHope

    HappyHope Нов член

    Се зачлени на:
    21 март 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Продавам фустан од Елена Лука, само еднаш износен. Нека ми пиши ако некој е заинтересиран
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
  18. S.Snezana

    S.Snezana Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2015
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    1.624
    Пол:
    Женски
    Imam nov fustan od stranstvo donesen, mal mi e sakam da go prodadam ACD09A32-81B8-481C-833D-97C0BE7106F3.jpeg
     
  19. CinnamonBambi

    CinnamonBambi Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    Со години сум веќе член на Моја гардероба, и вистина е дека има некои што продаваат парталчиња или преносени работи за високи цени, ама има и такви што имаат скроз нови работи со пристојни цени. Порано повеќе продавав, последно време само купувам :D
    Јас тоа што продавам и е означено со НОВО значи сум го купила онлајн и не ми е точно, или без проба од бутик и не ми се свиѓа како ми стои. Ако нешто е носено, наведувам колку и ставам ниска цена.

    http://mojagarderoba.mk/cinnamonvoid-12581

    А баш би сакала да има асален бутик за половна облека кај нас, тој на Рекорд искрено е ужас... влегов по втор пат сега скоро и имаше само испуфкани џемпери :/ Абе во белград имаше огромна продавница со препреубави, како нови работи за смешни цени. А да не збориме за странските thrift shops...Ама кај нас уште владее тој менталитет дека е срамота да се купува половна облека |(:x
     
  20. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Јас не сум во Македонија, и овде кај што сум купување секонд хенд е најнормална работа, многу луѓе што сум ги запознала, посебно студенти купуваат облека исклучиво така.
    Прво ми беше малку шубе, ама кога видов колку добри работи се наоѓаат, до сега се имам изнакупувано. Робата ако не е убаво сочувана воопшто не ја ни изложуваат, а лесно се наоѓаат брендови за нула пари во споредба со цената во продавница, плус се ископуваат ептен кул и специфични парчиња, и цело време носат нови.

    Плус има и секонд хендови за high end марки ама тие се изгор. Не мора Диор де, ке си ги шеткам Поло џемперчињава од 10е, у реду е. :wasntme:
     
    На lawyermm и CinnamonBambi им се допаѓа ова.