Не е така. Знаеш дека тоа е облека на кило и дека 80 денари чини кило облека? За 80 денари можеш да си најдеш пижами, ролка и мантил? Кога немаш, не си во состојба да бираш ефтина а квалитетна облека туку гледаш да се облечеш за беспари колку да пројде лош период.
Познавам неколку примери меѓу кои и една популарна јавна фаца кои купуваат брендирани second hand партали јер бренд. Лично никогаш не би купил, радо би обична маица од Стружанка него да се курчам со половњачки брендови.
Не знам колку чини облеката на кило, знам дека е многу пониска таа цена во однос на таа што се продава во дуќаните. Е сега, дека за 80 денари ќе најдеш пижами, ролка и мантил во секнд хенд шоп, нема. Или барем јас не сум видела тие неколку пати кога сум влегла. Дека купувам по 240 денари пуловри од Теранова кога се на акција, купувам. Дека сум купила кошула на долги за 450 денари од Ваикики и Страдивариус, исто сум купила. Фармерки кои ми се точни во должина за 700 денари од маркет, исто земам. Е истите не ги купувам да ги имам на претек, туку по 2-3 парчиња за разнообраза а се класични, па можам да ги комбинирам како сакам. И надополнувам по потреба, не ако нешто ми се допаѓа во пролаз или по последен тренд, и пак гледам да е ефтино. Кажав, не сум јак конзумер на облека во целост. Не се луксузирам, и ако имам лош период, нема да купам ништо ако тоа што го имам е ептен парталаво и не може да се зашие, место да купам облека втора рака. Ако ептен мора, ќе гледам да биде најефтино, да. Тоа е мојот избор, и јас така правам. Секој друг како знае и сака, така нека прави. Не налагам мое мислење, ниту пак изложив некакви предрасуди за тие што купуваат облека втора рака.
Мене ми е сосема во ред купување од вакви продавници, нема ништо страшно ни нехигиенски затоа што секако облеката се пере.Ми се допаѓа самиот концепт и е еколошки и финансиски исплатливо. Не мора под second hand да се сфаќаат само стари партали, во странство многу почесто го практикуваат ова и може да се најде половна сочувана облека од брендови кои се инаку прескапи. Ама жал ми е што во Скопје нема вакви продавници каде што нудат убава облека, инаку би си купувала работи.
Јас искрено имам до сега купено 4ри парчиња што би биле во категорија полова облека. На отворен маркет имаше блогерки и други млади девојчиња кои исчитиле плакари, облека со етиќета, пристојни цени, брендови познати и некои помали. Си купив ново џемперче. Во Скопје имаше една продавница кај Веро Џамбо, за полова облека и најдов едни летни панталони, 3 години ги тепам од носење. И пред месец си купив едно фустанче од новиве Инста бутици за полова облека. За 300 денари ми се погоди, плус за 150 ден ми го поправи шивачката како што го замислував, нов фустан. Во Македонија немам видено огромен број на продавници од овој вид. Тие неколку што се, пример таа на Рекорд, еднаш имам влезено и труеше, изгубив желба да разгледувам, а облеката изгледаше демоде. Во америка thrifting е сега во тренд, а ниските цени дозволуваат па секој да е дотеран во рамки на свој буџет. Јас едвај чекам да дојде септември, да се отвори продавницата на Игралиште, лани кога имаше поп-ап во еден кафич си купив нови шорцеви, баш какви што сакав. Ќе помогне да го популаризира second hand шопингот, иако веќе има доста млади кои го практикуваат. Супер од еколошка перспектива, а и те прави флексибилен. Подолго време бараш тоа што го сакаш, но има нешто интересно во авантурата, мене парчето повеќе ми значи така. Јас, што би рекла другарка ми сум многу комплициран купувач. Ако купувам, барам нешто специфично, пример бела маица ама должина, отворот околу вратот, ракавите, дали е проѕирна или не, материјал.. се ми е однапред решено, барам специфично нешто и ќе си го барам со години, ама кога ќе го најдам, среќаа
Дали сите овие работи ги најде во Скопје и каде? Долго време барам second hand shops со убави алишта но не знам каде ги има.
Позади трговскиот Буњаковец , во по ниските згради, околу Улици и Патишта има дуќан. Се наоѓаа интересни работи. Имам купено црн долг кожен мантил со каиш за 800 денари, нема кој не ме праша од каде пари за ваков луксуз. Одамна не сум билс, сега незнам како е со роба.
Можат да се најдат добри парчиња облека во вакви продавници.Многу маици и панталони ми траеле и траат со години. За шубе,треба да ти е шубе и од облеката во Ваикики и сличните оти и таа некои ја допреле и пробале. Ќе земеш и ќе ја испереш 2 пати пред да ја облечеш и готово. Човек кога нема пари не пребира.
И јас бев таму, стварно убави ствари има, девојката добри парчиња земала, ама со цените стварно беа претерани. Имам приметено дека повеќе од овие second hand продавници што робата ја носат од странство стават многу големи цени. Кај можеш скинати патики за 2000 ден. да продадеш? А одиш во иста таква продавница во странство и истите тие дали ќе ги продадат за 5 евра. Имам и продавано на мојагардероба порано и цените што ги ставав беа прилично ниски (до 500 ден сé).
Јас многу сакам купување на втора рака. Не разбирам како на некои им е грдо, кога и облеката во обична продавница е пробана 100 пати, ја фрлаат по земјата, со дамки итн. Само еднаш да се испере парчето, како ново е. 70% од новата облека што ја купувам ми е thrifted, но купувам само онлајн од мојагардероба или инста продавници. Каде поточно има во Скопје вакви продавници? Не сум од таму и ако може да ми оставите адреса за следен пат кога ќе одам. Исто слушнав дека има ваква некоја продавница во Аеродром? Дали слушнал некој? Ги следам Игралиште на инстаграм и многу слатка облека имаат. Како одеа цените?
Во Кисела Вода имаш една не знам дали уште е отворена и една до Центар бар. Јас кога бев видов една обична бела мајчка некаде накај 800 ден беше.
Уште немаат локација викаат дека ќе отворат во септември продавница. https://instagram.com/igraliste_sk?igshid=hvinz792w3zh
Не би купувала од вакви продавници затоа што без разлика што се пере облеката мене ми е гад да носам облека која претходно била носена од други. Во Охрид видов пред неколку години имаше таква продавница и ми делуваше ко да натнале партали за фрлање изгледаше. Имав повеќе облеки делумно нови и сакав да ги фрлам зошто само место ми фаќаа и една другарка ми предложи да направам акаунт на моја гардероба па таму ги продадов направив околу 5 илјади денари .
Штета што кај нас не е толку популарно. Во Америка има многу вакви продавници. Посебно во места каде што живеат побогати луѓе, како Лос Анџелес, има многу убава брендирана облека бидејќи тие постојано купуваат нови работи и старите ги донираат. Буквално на YouTube гледам само thrift hauls и ми се плаче кога ги гледам алиштата. Се надевам во следните години ќе стане по mainstream да се купуваат алишта на втора рака. А и верувам во тоа бидејќи на Инстаграм има се повеќе и повеќе вакви продавници. И јас продадив нешто на мојагардероба и заработив околу 1000 денари.