Успеваш да продадеш нешто? Јас на почетокот кога ја направив продадов доста работи но после тоа ништо и се откажав некако.
И кај мене многу слабо оди продажба. Имам направено околу 5-6 илјади денари ама тоа беше уште на почетокот. Сега ставам доста ниски цени за парчињата што ги продавам и за тие се ценкаат да им ги спуштам уште повеќе. Епа не можам јакна или чизми во топ состојба за 100 ден да ги дадам. Буквално ставив фармерки нови со етикета (мали ми беа) за 250 денари, значи mom jeans со висок струк, значи какви што се носат сега, и ми пишуваат уште да се намали и таа цена ставената. За 100 ден да дадам нови фармерки со етикета. Навистина претеруваат, а кога ќе видам некои глупави штикли ги ставила за 900 и после пишува продадено, не ми е јасна психологијава на луѓево.. демек ако ги ставиш поскапо (дури некогаш поскапо и од што си ги купил) демек повеќе вредат и ќе дават 900 за носени штикли, а 250 за нови неносени фармерки не? Чудно ми функционира групата... И уште нешто што многу ме нервира е што не пишуваат коментари. Ќе ги изнамолам да ми напишат коментар а ваму кажуваат презадоволни, а не пишуваат. Една дури ми вика ќе го затворам профилот нов ќе отворам, затоа не можам да ти напишам коментар... ма немој... глупости живи не знам зошто толку им е тешко.
Да и мене на почетокот ми одеше после ништо јас накај 4 или 5 илјади заработив. Баш како што викаш тие работи што ги ставав евтино не ми се продаваа а тие што намалував цена побрзо ми се продаваа. Баш едни наочари ги купив 250 од Битпазар ги ставив 350 на страницава и не ми ги купуваа на крај ги ставив 750 и замисли ми ги купија. Реално доста работи што не ми требаат продадов , алишта што не ги носев парфеми и шминки што не ги користев , супер е концептот на страницата .
на почетокот да,многу брзо и лесно се продаваше. Сега потешко ама има што купуваат. @Alisa22 @LovelyGirl3 споделите линк од вашите продавници ќе ве заследам
Сега само што поминав на Бит Пазар и стрчав да ти пишам хахха, видов дека има една продавничка позади автобуската на 19, таа карши ДМ, ама не влегов. Може да се провери.
Епа не знам, таа до стопанска, иста имаше и на рекорд, нели е затворена.. а оваа првпат ја гледам, доста е помала
Ама јас ја знам на бит пазар една ама рабрав една членка дека ја затворие,сигурно истата е,што топ дуксер си купив дански за 150 денари
Не е истата, често поминувам таму и често купував, имам забележано дека е затворена и сега има една друга подолу од таа. А можно е и да е истата само релоцирана.
Не, во правец накај факултетот, позади автобуската на автобус број 19 што е буквално одма после раскрсницата
Во врска со моја гардароба, до сега повеќе пати сум чепкалка од љубопитност што се нуди. Секоја чест за исклучоците кои нудат асални работи ама забележав дека поголемиот дел решиле да си го чистат непотребното од по дома по цени повисоки од оние во продавница. Ко луѓево што купуваат да се тотално неинформирани. Пример, ставила некоја спреј за тело од ВС по цена од 1600 а истиот на попуст у Еликсир го купив 800 . Ова е само еден од многуте примери. Или некои демоде парчиња облека од пред 10 години со напумпани суми за кои дефинитивно има нови тренди работи по продавнициве. Демек ако стаи висока цена ќе помислиме којзнае што е па ќе се затрчаме да го земеме.
Мислам дека веќе функционираат, за фејсбук не знам но на инстаграм јас лично следам два профили кои продаваат second hand и добро функционираат, имаат добри понуди гледам и дека обајвуваат пораки и реакции од задоволни муштерии. Продаваат и брендирани парчиња а некогаш дури и со етикета и цена.