1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Половна облека (Second Hand Shop)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од OrdinaryGirl, 10 јануари 2011.

  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    17.012
    Каде поточно се наоѓа?
    Има избор и како се со цени?
     
  2. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    3.900
    Пол:
    Женски
    Не знам ,не сум влегла ова ви е од страната кајшто се наоѓаат казината и кафичите баш во Порта Влае во долните дуќани. Пред автобуската станица е ако идеш од Карпош.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anya321

    Anya321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Otvoria golem second hand sun&stars vo Novo Lisice kaj kam market, nema nesto wow al se naoga
     
  4. Babybabygirl

    Babybabygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Dali postojat prodavnici na koi bi mozela da im prodadam veke koristena obleka.Samo da ne e moja garderoba bidejki veke sum tamu
     
  5. Erina98

    Erina98 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би купила ништо од такви места, Кој знае кој ја носел таа облека и како завршила таму.
     
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.979
    Допаѓања:
    123.878
    Пол:
    Женски
    И?
    :D
    Ако купиш,ќе ја испереш еднаш или два пати и готово.Така треба и со новата облека.
    Нема мистерија.Половната е донирана или продадена за пари.
    :!: И новата облека во продавниците е сто пати на ден пробувана од луѓе.
     
    На marchi-cool, spacegirl92, Jordanco Smart и 2 други им се допаѓа ова.
  7. 00000i

    00000i Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Значи повеќе сакаш да купуваш облека која е направена од експлоатирани деца кои ги прават облеките за помалку од 10 центи на ден? За на крај поголемиот дел од облеката што не е продадена да биде фрлена во отпад или запалена ( што отвара нов, подеднакво голем проблем) само затоа што се парчиња што се тренд само неколку месеци... Boycott fast fashion!
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    Обожавам second hand облека. :inlove: На страна што е ефтина, можат да се најдат стари парчиња кои се тотално вклопуваат со мојот стил.
     
    На marchi-cool, nextredstyle и 00000i им се допаѓа ова.
  9. Erina98

    Erina98 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Дали јас одложувам кој ја прави таа облека и за кои пари?
    Не е нешто што јас можам да сменам тука така да тоа е тоа за твоето, за нивните права треба да се бори целиот свет а не јас да не купувам.
    Но да бидеме реални во овие за половна не знаеме кој ја носел и како и што. Пред се од хигиенски причини не одам на такви места да купувам.
     
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.979
    Допаѓања:
    123.878
    Пол:
    Женски
    Уште еднаш оти си под влијание на стереотип. :D
    Да додадам и дека народот е невнимателен и со новата облека.Ќе пробаат маица и ја фрлаат кај ќе им текне,дури и на земја наместо на закачалка.Вработената само ќе ја крене маицата и ќе ја врати на место.Со сите алишта се случува тоа.
    Ако ти е од хигиенските причини,тогаш не треба ни нова облека да купуваш оти не знаеш колку и какви луѓе ја пробале и колку пати завршила на под.
     
    На spacegirl92, dipsidipsidipsi и venus♡ им се допаѓа ова.
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    Те молам дај ми пример за личност или ситуација која е толку одвратна и нехигиенска да веќе облеката не може да е употребувана?
     
  12. Erina98

    Erina98 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Од бутик облеката е почиста тоа е сигурно да не се лажеме.
     
  13. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Како си сигурна? Од каде знаеш дека, на пример, некој испотен не пробувал некоја маица?
     
    На spacegirl92, nextredstyle и Srckata28 им се допаѓа ова.
  14. Erina98

    Erina98 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Можеби личност што не одржува баш никаква хигиена ја има носено таа облека, замисли само какви вируси,бактерии паразити може да се најде во таква облека што дури и перење може да не помогне. Исто така таа облека можеби ја носеле лица што се починати секакви информации има за овие половни бутици за разлика од нормалните бутици.
    Можеби ја има пробано но ја нема носено сепак шансите за да ти биде пренесен некаков вирус, бактерија или паразит се многу помали.
     
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.979
    Допаѓања:
    123.878
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl: Неточно!
    И ваму и таму има прашина и бактерии на алиштата и сто души дневно ги пробуваат и фрлаат кај ќе им текне.Пробата не трае две секунди,туку две или над две минути.И госпоѓата што купува во скапите бутици можеби не одржува никаква хигиена.
     
    На spacegirl92 и venus♡ им се допаѓа ова.
  16. Erina98

    Erina98 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Не реков скапи бутици никаде не ми вади зборови што ги немам кажано, Ако ептен лице што не одржува лична хигиена сака да пробува продавачката нема тоа да го дозволи.
    И малско бутиче е почисто од овие.
     
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    Многу точно, сигурна сум дека 80% од половната облека е на починати лица кои ја носеле... додека биле живи, замисли.

    За болестите е точно, ама човече, се пере тоа, уште не дошол ковид кој не може со прашок да се испере. Освен тоа за кожни болести на пример, многу поголем е ризикот при пробување во бутик, отколку ти да земеш стара облека и самата да си ја испереш.

    Ти не мораш да купуваш половна облека, секој си има свој избор. Но, секој си има и привилегии. Безосетно е да се прави слика за половна облека како е нечиста, грозна кога тоа е се што некој може да купи или да земе донирано.

    Но, гледајќи те како зборуваш за облека од бутик vs половна облека, повеќе од очигледно е дека работата е до тоа што во половна облека гледаш сиромаштија, а облека од бутик е веќе нешто друго. Истата психологија ја имаат луѓе кои го бркаат чувството што им го дава купувањето на брендирана облека, која е нели, над Ваикики. Иако ова е различно. Ама да имаше реален поглед кон работите, немаше да ти биде проблем да искритикуваш хигиена во бутици како и проблемот на fast fashion.
     
    На NoirSerpentine и spacegirl92 им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.979
    Допаѓања:
    123.878
    Пол:
    Женски
    Мисли си,мисли си. :D
    На продавачката ѝ е битно да ја продаде облеката.Парите се битни,не мирисот.
     
  19. Erina98

    Erina98 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2021
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Таа облека е на починати но ја неселе додека биле живи мене ете ми е шубе да земам да облечам нешто што го носело починато лице, можеби е тоа грешка но тоа кај мене е така.
    За перење на таа облека не би можела да се сложам со тебе бидејќи е јасно колку и да се лажеме и сами да си правиме филмови дека таа облека е чиста и со едно перење ќе се среди не е точно.
    Исто така е апсолутно јасно дека никаде не поврзувам половна облека со сиромаштија, бидејќи скоро сите имаме носено облека од сестра братучетка другарка и слично и сигурни сме дека таа облека е безбедна за нас.
    За крај јас на никого не кажувам дали да купува или не од такви места секој си знае за себе како треба и што треба.
     
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Свесна си дека таа облека чиста се изложува, така?
    Настрана што и сама можеш на хемиско да ја однесеш откако ќе ја купиш и дефинитивно нема ризици дека ќе фатиш страшна болест од половна облека.
    Плус како што беше кажано и претходно, новата облека исто така на ден милион пати е пробувана, па сигурно кога ќе влезеш во соблекувална не размислуваш да не бил заразен тој пред тебе што ја пробувл.
     
    Последна измена: 24 август 2021
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.