1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Половна облека (Second Hand Shop)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од OrdinaryGirl, 10 јануари 2011.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Јас имам видено една таква продавница во Скопјево ама не влегов. Инаку какви "хохштаплерчиња" сме ние :lol: од каде знаете дека облеката која ќе ја купиме не била веќе носена (не зборувам за реномирани бутици, нормално). А за тоа дека нема ред, и во многу таканаречени “first hand“ :lol: не сум забележала некоја крајна педантерија. Инаку од тоа што ми кажувале другарки, некои продавачи(ки) за да не излезе дека ја украле, знаат и да "позајмат" дел од гардеробата за викендот ова она, пошо знаат да манипулираат (ги знаат финтите како да не ѕвони алармот коа ќе го “здиплат“ парчето. Така да јас во ништо не верувам туку oдам на среќа :D
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ехеее, сум влегла многу пати во Second hand и баш ги сакам овие продавници. Можат да се најдат многу интересни парчиња.
    Јас у глобала знам да барам, уметност е некогаш да најдете евтини а квалитетни парчиња. Во Скопје сум влегла во две вакви продавници и да ви кажам секогаш сум излегла со уникатни парчиња за бадијала. Но изборот не е богат.
    На пример во Германија, Австрија или во Франција да влезете во ваква продавница - е тоа е веќе доживување. Од винтиџ до најнова мода, едноставно да се изгубите и да си направите солиден шопинг за 10ина евра.

    Од друга страна пак сега кога се попустите и кога е можно во H&M или пак во Zara да се начекаат добри парчиња за 2 евра, не гледам некогаш смисол во купување на нешто што е веќе носено :)

    Јас отсекогаш сум викала - не е уметност да дадеш многу. Тоа може секој (доколку му го дозволува тоа балансот на сметката). Уметност е истото тоа што некогаш чинело многу да го имаш за малку. А јас посебно уживам во тие мигови.
    Види види - 5 евра! Од 70 на 5! Еееее! :D Детски радости!
     
    На Smilly, baguf4e, Neytiri и 2 други им се допаѓа ова.
  3. mikka

    mikka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Во мојата родна земја Полска second hand продавници почнаа да се појавуваат уште пред едно 15 години. Јас - тогаш тинејџерка - многу и олеснав на мајка ми прифаќајќи да ме облекува во тие продавници. А со текот н години и сама почнав да купувам таму. Значи 15 години се облекувам главно во second hand и ниту една болест не сум добила. Нормално е- купена облека си ја перам. На мојата ќерка од мала и купував носени работи, детските беа буквално за џабе. Сега ќерка ми има 11 години и таа пак ги сака секонд-ханди.

    Има неколку причини за кои си ги сакам секонд-хенди
    -се наоѓаат стварно бисери за многу мали пари
    -зошто да купам едно парче облека ако со исти пари можам да купам повеќе
    -имам талент да избарам нешто навистина уникатно
    -набавувам парчиња облека на кои после извршувам различни преработки и ја развивам мојата креативност на тоа поле со минимално вложување на пари
    -одење во секонд-ханд е за мене еден вид авантура, никогаш не одам со конкретна намера - на пример да купам фармерки - туку секогаш онака - да разгледам и да купам нешто интересно што и да е.

    Пред 4 години дојдов во МК во едно мало гратче и бев многу разочарана дека нема ни еден секонд - ханд...шетав разочарана низ бутициве во гратчето и секаде гледав одвратен кич. Но на секое одење Полска, каде што секонд - хенди се сега на секој ќош се враќав со преполн ранец.Еве пред нешто и една година отворија конечно и во Ресен - конечно имав каде да си купувам.Имам купувано уште во стара чаршија во Битола - мислам дека сеуште постои секонд-хенд таму и во Скопје во Буњаковец.
    Во Македонија секонд-хендите не се уште навистина толку евтини, но во Полска имам купувано преубави работи по пола евро или уште поевтино, ми се случуваше таму да направам многу јак шопинг за на пример 3 евра. Лично се надевам дека со текот на време ќе се појават во Македонија повеќе вакви продавници.
     
    На Anet4e, natasaltd, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Ја влегов еднаш во таа кај бит пазар една што е и внатре КАТАСТРОФА! Прво со другаркава не прочитавме дека е Second Hand и гледаме некако работиве како за стари баба ништо убаво и гледам едни ташнички излупени пола и ми текна дека може да е SH и кога испаднавме прочитавме :lol: и повеќе не влегуваме таму и секој пат се зафркаваме "Тука нели влегуваме?" :rofl: :rofl:
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    ЈАс не сум била, но може ке наминам до таа кај три бисери ако ја најдам.И зашто да не би си купиа било што од таму ако ми се допаѓа осван долен веш :)
     
  6. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    kade vo skopje ima vakvi prodavnici objasnete malku povekje .ne sum od sk..
     
  7. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Има повеќе во градов, сега и кај нас во населба отворија. Ама не би купила само заради тоа што ја носеле некои покојни луѓе, а тоа ми е малку језиво.. Не за друго се плашам од такви морничави работи и малку ми е невкусно кон починатиот, одма му ја продале облеката, тоа ми е малку непочитување ама ај..
    А тоа што продаваат долна облека, тоа е веќе без осет, така ги тераат и тие што стварно немаат да купат од што немаат.. А тоа не е ни хигиенски ни ништо и покрај тоа што се носат на хемиско..
     
  8. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Би купила ваква облека, зошто да не, не ја земам од одпат па да знам дека е прљава и полна со бактерии.

    Патем мајка ми работеше во една конфекција каде им носеа роба од Кина, а и самата таа кажуваше дека кога ќе го отворат контејнерот од него истрчувале глувци, а низ пакетите наоѓале глувчешки г*мца и парчиња изгрицкани од нив. Потоа тие само и зашиваа налепници демек Made in Macedonia и ајт по продавници ниту перење ни ништо, па сеа размислете како се чува гардеробата која не е second hand и за која мислиме дека е чиста.

    И да се вратам на темата, еднаш влегов во онаа кај Бит пазар но ненајдов ништо интересно, односно немав време и брзав за да разгледам подобро, инаку верувам дека може да се најде нешто интересно по ваквите продавници, ем ќе биде поуникатно а и ефтино.
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Леле Најубава, не мораше толку сликовите да ни кажеш што пробуваме по продавниците :D

    Јас имав алергија од пробување во продавница (не second hand) која ја лечев прилично долг период (некои два месеци, затоа што не го почитував советот да се бањам само со вода, и користев бекутан пенливо, па процесот се оддолжи :worried: ).
    Е така, испаѓа дека новите облеки се дури и понечисти од овие во секонд хенд.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Офф Ливинг :) јас не мислев да ве згадам но ако подобро размислиме јасно ни е како тие ја третираат облеката која ја шијат, внимаваат само при процесот на кроење и шиење, останатото што се однесува на хигиена е на многу ниско ниво, знам зашто мајка ми работи долго време во конфекција.

    Се извинувам за офф топиков :)
     
  11. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Дали некој знае дали има вакви продавници во Битола или Прилеп?
     
  12. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    знае ли некој во Струмица каде има ваква продавница? Баш би сакала онака да разгледам :) :)
     
  13. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    има 2 во битола едната е наспроти кладилницата џокер(таа што е на патот за amc и супер марио), а другата кај ленски мост (мислам дека така се викаше мостот), под Агриа.
    Америка и фемили шоп мислам дека се викаа
    јас лично нема ништо купено од таму за мене и мислам дека не би ни купила, не знам онака малку ми е крипи. Во таа под агриа влегов еднаш и се загушив од освежувач за воздух
    сакаа да го скријат мирисот на раскапаниот мртовец во другата просторија
    сфатив јас така да си знаат :!:
    :rofl:
    шала на страна стварно се загушив, не знам која му е поентата ... инаку мајка ми си има купено неколку парчиња од таму, си ги препери по неколку пати и ги носи и баш се убави, ама сепак јас не би си купила ништо од таму
     
  14. unknown

    unknown Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    8
    не сум купила оти ми е шубе не дека не ми се допаднало нешто
     
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    :( Јас пак се отепувам од барање Made in Macedonia, демек, колку сака пари нека е, барем си знам што купувам... :headbang: за наивните како мене...
    А second hand би купила само ако е нешто што за мене е недостижно, некое парче од YSL или сл. ама такви кај нас по вакви продавничиња нема. Ако еден ден тркнам до New York... :)
     
  16. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Па зошто да не....и да се пратени на хемиско и да не се, ќе земеш дома ке си ги препереш 2-3-4 пати.....дееее ко мали деца сте било на мртовец и готово нејкам!
     
  17. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Незнам дали има во Скопје вакви продавници,на пазар има колку сакаш по тезгите-барем во моето градче :lol: јас никогаш не би купила,многу ми е шубе :| и 100пати да го исперам и на 100 хемиски да го носам не би ниту купила ниту облекла :doh:
     
  18. TS-310

    TS-310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    37
    Никогаш не сум влегла во ваква продавница и не сум купила ништо од секнд хенд.Можеби би купила ама ако нешто многу,многу,многу,многу ми се свиѓа а и не е ич оштетено :!:
     
    На Belieber163 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. wild.cat

    wild.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    28
    имаше порано фемили шоп сега незнам дали уште работи..ама внатре кога ќе влезиш е одвратно! и + тоа нема ништо |(
     
  20. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Не би „тргувала“ со секнд хенд шоп за облека. :shake:

    Самата помисла дека некој го носел тоа пред мене.. А уште па кога ќе ми текне низ што се поминала таа облека? Потење, прљање?! Ноу тенќу, мејби некст тајм! :x
    И онака не сум јас тип на девојка што се нафрла по сите другарки „леле прекрасна е маичкава, може да ми ја позајмиш?“ или доколку јас сум била жртвата која што ја замарале за позајмување сум откачувала со едно НЕ. :)
     
    На Belieber163 му/ѝ се допаѓа ова.