1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Половна облека (Second Hand Shop)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од OrdinaryGirl, 10 јануари 2011.

  1. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    Не би купила, затоа што сепак некој пред мене ја носел. И по 100 хемиски пак не!
    Незнам некако шубе и гад ми е.... :(
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    би носела зашто да не :D Aко најдам нешто за 100 денари, ехе, и те како, мртовец не мртовец, машина имам дома :D
    Hедај боже да се нема пари, па после сакал нејќел ќе мора да се купува од таму!
    него јас имам слушнато за едно место, дали на кванташки не ме држи збор, на б мислам почнуваше, имало еден куп тезги, фармерки, маички, ма свашта за смешни цени!
    ако знае некој нека сподели :D
     
    На Anet4e и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    имаше кај ленски мост, ама мислам дека се преместени сега бистрица кај ресторанот ;)
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Досега искрено не сум влегла, а како и на повеќето... шубе ми е некако да влегувам. Не заради тоа што е носена туку заради тоа што никој не може да ми гарантира дали облеката е соодветно исчистена пред да биде донесена во дуќанот.
    Би влегла... ако добијам гаранција од друга личност (која веќе била таму) дека облеката е во ред.
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Досега не сум купила, ама никогаш не викам никогаш. Се е можно, ако некогаш морам и ситуацијата ми е таква, би купила и би носела. Не гледам ништо страшно во тоа, сепак постојат машини, хемиско...
     
  6. FemmeBrunette

    FemmeBrunette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    46
    Луѓе...какви мртовци какви глупости...јас си купив две три блузи од онаа на бит пазар и навистина ги обожавам. Значи не мора вие да одберете нешто што е излитено или гледате дека е носено. Две ташни и ракавици . Штосни и интересни. Мистиката е уште поголема со оглед на тоа што не знаете каква дама ги носела и во каква прилика. Гледајте ја помистичната страна, а не мртовци итн итн..хахаха...

    Само ме интересира, освен онаа на Бит Пазар (каде јас често си наминувам) каде можам да најдам друга ваква? Кај олимписки? Каде точно? Молам за подетални инфо:) И второто прашање, зошто кај нас нема продавници кои откупуваат стара роба? Јас навистина имам облека која стои во гардеробер а не е облечена ниту еднаш. Или ако некој знае дека има ваква продавница кај нас...нека сподели информации...

    Мислам дека една феминка беше во право...комбинирањето е уметност...згора на тоа ретро стил...ммм...
     
    На blueeparadise, crazylady, rossonerka и 3 други им се допаѓа ова.
  7. DrenkaC

    DrenkaC Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    105
    Видов знак 150 денари, 200 денари за Секонд ханд продавница на бит пазар. Ама не таа продавница кај што ти најверојтано купуваш. На автобуската од кај факултетите, во зградата. НЕ сум била, ама планирам да видам што има.
     
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас знаам понекогаш да си купувам вакви парчиња облека xD...
    па кога нешто ми се бендисува зошто да не?... Ете на пример тоа корсетчето зелено што го постирав еднаш во „како да искомбинирам“ го купив од таква продавничка...
    Е сега да тука треба пазење што се купува, мислам прво го разгледувам добро едно парче пошо во такви продавници има и скината и отпарана и роба со ужасна грешка :D...
    А а тоа мртовци не мртовци големо чудо, ко санкир немам машина :D
     
  9. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Има друга продавница, нова, отворена кај Три Бисери, некако му доаѓа карши Седмица, на местото на обложувалницата.

    Мој став околу ова - па не знам. Можеби зошто не сум влегла сеуште во ниедна, а и кога читам тука мртовци едно друго, губам желба и да влезам..
    Единствено со сигурност велам дека никогаш не би носела долен веш, тоа ми е веќе претеризам. Другото, горе долу ако ми се допадне нешто, зошто да не.. само ако претходно се осигурам дека е сосема чисто.

    Ама ајде, кој ќе ме натера да влезам? :D
     
  10. FemmeBrunette

    FemmeBrunette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    46
    Денес го разгледував просторот околу олимписки и стварно не налетав на нешто такво! Некој со повеќе детали?
     
  11. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Леле аман луѓе, од мртовци била облеката.
    Па не им ги соблекувале од ковчег облеките. |( |(
    Некој ги носел додека бил жив, сега починал и што? Па и од баби дедовци носиме ствари што се веќе починати. Не сфаќам зошто ви е непријатно.
    Инаку се имам изјаснато на темава.
     
    На Rose96, nenuska, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.678
    Пол:
    Женски
    Јас сум била во ваква продавница во Тетово , и имаше полно работи внатре , многу евтино беше по 10 , 50, 100 денари чинеа работиве ама некако многу старовремски беа од осумдесетите таква мода , оково ништо не ми фати
     
  13. FemmeBrunette

    FemmeBrunette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    46
    Каде е таа продавница кај олимписки? Јас деновиве барав, ама не најдов таква продавница. Ве молам за повеќе детали :)
     
  14. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Ај некако ќе ти објаснам,ако ме сфатиш,супер х)

    Кај олимписки нели има хотел..
    Одма кога ќе го поминеш хотелот(Хотел Центар) поточно ..и да застанеш пред влезот на хотелот одма од лева страна ќе видиш натпис ГИДЕОН ФЕШН пишува :lol: нема шанси да го утнеш голем е :lol:


    Незнам како поинаку да ти објаснам,ако знаат некои други нека пробаат :D
    Како објаснив,ко прво одделенче :worried:
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Каде е таа продавница кај Бит Пазар, ако може некој подобро да ми објасни ?! :?:
     
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.088
    Пол:
    Женски

    Имаш една до Стопанска банка и другата еод страната кај факултетите, ако си го забележала она се за 99 денари. Епа во таа зграда ама не знам влезот од каде е.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Никогаш не би купила половна облека. Никогаш.
    Ја мразам помислата дека некој го носел тоа пред мене.
    Всушност, кој знае кој го носел.
    Друго, облеката која е половна најчесто е и веќе помината од мода за некој да ја донира.
    И трето, не сум стигната до тоа да купувам облека од 10 или 50 денари, која некој хуман човек ја дал за оние со послаби финансии.
    И како да купам кога и самата ја давам облеката која не ја носам веќе на некои кои ги познавам и се посиромашни?!
    Така што, не. Половна облека никогаш во мојот плакар!
     
  18. FemmeBrunette

    FemmeBrunette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    46
    Супер си објасни:) Фала многу патем. Едвај чекам утре да видам таму што има. Tnx alot уште еднаш :)
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FemmeBrunette

    FemmeBrunette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    46
    Бело ангелче, морам да те деманирам :) Облеката во second hand продавниците и не е баш 10 или 50, камо да беше. Последното нешто што го купив беше џемпер-туника, многу поквалитетен од оние што сега се на репертоар, а чинеше 700 ден. Не е малку :) Истата роба не е наменета за луѓе со послаби финансии, туку оние на кои не им се допаѓа ја дале за оние на кои им се допаѓа. Е сега, битен е индивидуалниот момент, некој може да носи од некој друг, некој не. Тука, секој си знае. Јас мислам дека вода и прашак, се перат ;)
     
    На La.Reina.Del.Sur, Rose96, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Да, 700 денари и не се малку. Тоа за 10 и 50 го прочитав во воведното мислење па затоа и го наведов како пример.
    Сеедно, секој со свое мислење.
    Колку и да чини, тоа е стара облека. Некој, макар еднаш, ја носел.