1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Половна облека (Second Hand Shop)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од OrdinaryGirl, 10 јануари 2011.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Нема врска. :^)
    Црвен Крст донираните облеки ги донира, не ги препродава, а овие алишта во second hand продавниците се купени на старо, па се препродаваат.

    А од каде ти е оваа информација ако може да знаеме?
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Во право е Ани, препродаваат алишта најчесто од Германија или Швајцарија, кои тамошните граѓани ги донирале во Црвен Крст, а нашите (не знам како да ги наречам, ајде граѓани кои таму живеат и земаат таква помош во облека) ги праќаат на роднини овде, кои потоа ги препродаваат :worried:
     
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.235
    Има и во Струмица над училиштето Видое Подгорец.
    Но немам влезено да ти кажам дали има нешто интересно. :)
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Hајверојатно е така, баш сакав да кажам вчера ама ајде
    Mајка ми каде што работеше, во тоа училиште праќаа од германија еден куппп облеки за учениците таму, и јас си помислив на истово да ви кажам
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.365
    Пол:
    Женски
    Имам купено од Гостивар од една ваква продавница едно маиЧе и дуксер ама си ги изнаносев и уште ги носам сега за по дома ... А инаЧе во ´Германија сум сретнала вакви продавници и не сум влегла ни купила ништо... Инаку има и Second Hand Shop за деца и бебиња и многу пријателку токму од овие проданици ги облекуваат своите деца и бебиња . има стварно заЧувани рабóти за мали деца. А пошто и брзо растат не се ни носени толку работите :) Ноо незнам дали јас би купила :^) за моето дете . Можам исто така да најдам ефтинки бебшки алишта H&M или пак C&A :!:
     
  6. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Дечки каде во Скопјево има секонд хенд продавница што продава и ташни или ташнички мали :?: Стварно сакам да си купам нешто такво :D
     
  7. IiVvIii

    IiVvIii Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    7
    а колку се движат ташните во секонд хенд ?
     
  8. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Продавницата мене ми изгледа ептен крш. Никогаш не сум влегла, ама кога поминувам пред влезот имаат извадено некакви панталони, од глупи-поглупи. Не вреди да судам според тоа, ама ако имаа нешто подобро - сигурно ќе го извадеа на излог за да привлекуваат луѓе.

    Инаку, облека, ако има нешто ептен примамливо можеби би купила, ама повеќе би се одлучила за некои книги, брошеви, сувенирчиња, марами, накит, ташни... :)
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    и во куманово има ваква продавница, но никогаш не сум влегла да видам што има, премногу одбивна ми е бидејки е се нафрлано без ред, може барем малку да ги средат, а облека незнам дали би купила, по би се одлучила за ташни или накит, доколку видам некој стар накит што вреди да се има ;)
     
  10. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Никогаш не сум влегла во таква продавница и не би ни купила ништо ни за по дома. Нема потреба кога во убави продавници на распродажба можат да се најдат работи за истата цена ем знам дека се квалитетни ( поквалитетни од тие во секој случај) ем нови се и поубави :)
     
  11. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Има и во мојот град ваква продавница , али некако шубе ми е да влезам а не да купам ... :( Знам дека е се тоа листо али од самата помисла дека некој ја носел .... Подобро ке си носам едно исто цела недела , отколку да купам половна облека :(
     
  12. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    Мислам дека попрво би носела гардероба што ми е стара и избледена,одколку да купам нешто од ваква продавница.Многу ми е шубе,алиштата од каде се не се донесени во Македонија и колку и да се пројдени на хемиско чистење и сл. голем противник сум на купување гардероба од овие продавници....
     
  13. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Има еден бутик познат во Буњаковец кај што сум си купила многу уникатни парчиња, и иако не признаваат, почнав да се сомневам дека е гардеробата половна, бидејки секое парче беше по еден примерок , и сите од различни европски марки, а немаа етикета од фабриката, туку само од бутикот...
    Многу си ги сакам тие парчиња облека, но откако ми светна дека е изгледа таква робата од бес :@ не сум влегла повеќе таму, бидејки е тоа на некој начин измама , можеби некој не сака да носи таква облека, а и ако кажат дека е таква нема да можат да и лупаат цени високи какви што си држат..........
     
  14. annabieber

    annabieber Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    9
    Јас имам купено. Таква продавница има кај универзална сала, карши Топ Шоп.. Мн. ефтини работи има..
     
  15. Arris

    Arris Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    22
    Каде поточно се наоѓа и дали знаеш како се вика продавницата ? :D
     
  16. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Да ве прашам,дали можеби знаете кадe има second shop продавница во Штип?
     
    На bubuce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Пред неполни 10 дена се отвори една нова страна и се вика www.mojagarderoba.mk Искрено не очекував дека за волку кратко време ќе успеам да продадам 3 работи, и искрено има премногу заинтересирани.
    http://mojagarderoba.mk/juicystar07-220 ова е линкот ако сакате да проверите имам премногу бижутерија, наочари, облека, штикли, кои се еднаш носени а повеќето ниту еднаш!
    Деновие планирам уште работи да ставам ако сте заинтересирани пишете ми тука или на страната ако направите акаунт. :))
     
    На bubuce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Имаш онлајн http://mojagarderoba.mk/
    а ете го мојот линк http://mojagarderoba.mk/juicystar07-220 имам некои ташни ставено, штикли, бижутерија, наочари.
     
  19. kolache

    kolache Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    298
    Јас си купувам цело време :) Не ми е незгодно да ги носам... Ќе си ги исперам убаво и после исто како нови се :D Не купувам износени работи... Туку убаво ги разгледувам дали се носени или не, ако изгледаат прилично нови мои се :D Повеќето работи се старомодни, но убав дел се помодерни и од познати светски марки :)
     
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Јас ги гледав неко работи на моја гардероба и стварно бе луѓе хаос.Па цени како во Солун да купуваш.Мислам шо е финтата?Носен накит го продаваат по цена глава да те заболи.Мене лично ништо не ме бендиса од таа странциа,а и да ме бендиса не би дала толкави пари на некој да му го земам ѓубрето од дома. :x :fubar: :swear:
     
    На lepadama, Calypso, elinela и 4 други им се допаѓа ова.