Ех,нема врска.Еве јас живеам во битола па накит можам да најдам за смешно ниски цени.Не знам шо ви е финтата со ова мојагардероба бе.? :geek: Мислите дека еве конечно начин да се ослободам од сите непотребни работи кои дома само фаќаат прашина..пссс Мислам хелоу?Абе луѓе ние не живееме во Берлин,во Париз,во Осло и да земам јас плата од 3000 евра па да купувам носени носени работи по тооооолкава цена,мислам ипак не сме слепи се гледа дека се отепани од носењ сеите ама баш сите работи.За 220 ден јас можам да купам од Пренди барем е new а не партал 850 кошула малку носена да не речам 3 години?
Еве ја мојата продавница-http://mojagarderoba.mk/angelche07-799 Немам ставено скапи цени дури пишав и ако мислите дека е скап некој производ може да преговараме за цена
Што е со цениве на облеката на странава mojagarderoba.mk ?? Бог да чува, кај се носени повеќето од алиштата, башка излитени, кај цените им се далеку од пристојни.
Да искоментирам за мојагардероба.ком Накитот кој е рачно направен е посебен, уникатен, си има своја магија. Има душа. Не е ист како тој од на пазар. Ама кај нас ништо од рачното не се цени. Можеби дека луѓето немаат пари. А, за цените, самиот `мајстор` ќе си стави цена колку што си го вреднува трудот. Е, сега кога владее сиромаштија, секако дека ќе си најдам обетки и за 50ден. на тезга, нема да купувам рачен накит. Тоа за накитот. За гардеробата. Не знам дали е потребно да искоментирам. Девојките сакаат да заработаат на своите стари алишта. Јас разбирам да ставиш симболична цена од 200-300ден. колку да не е без ич, ама да видиш прастара сукња, која е апсолутно де-мо-де, и за без пари да ми ја даваат не ја сакам, и закачиле цена, да се чудиш. Или втор случај, слика од сукња, облечена `2 пати`, а наведува девојчето дека и била омилена. Па ако ти била омилена, не верувам дека си ја облекла само два пати.
Стварно знаат да стават ептен солени цени,еве ова морам да ви го покажам : http://mojagarderoba.mk/items/chevli/15 ... -na-stikla Кај има вакви влечки на штикла А?
Денеска јас и сестра ми ја направивме првата наша зделка,преку мојагардероба.мк Па бујрум на ванилици
http://mojagarderoba.mk/items/nakit/120 ... -so-cikoni Are you fucking kidding me? 80 ден? Истово прстенче го имам јас. Го купив од бит-пазар, за 30 ден. Па сега вие видете..
A овие работи од Mоја гардероба се носени или? епа скапи се за носени, плус и нема ништо па и посебно да кажеш
Да носени се ама има и необлечени работи,или многу малку пати носени.Има и работи кои се многу добро зачувани.Ама има и некои што мислат дека луѓево се тупи па стваат цени да ти се слоши од нив.
па уште и 1500 се молат луѓево вака да не се брукаат . собрале парталите и ајдее ќе продаваме. па јас таа облека што не ја носам поубаво изгледа од оваа се партал до партал, ништо убаво, само видов сетови со парфеми и креми за тела, на познативе, така по пристојна цена, ете само тоа вреди од странава
Не, не, овие од моја гардероба, повеќето, ја промашиле поентата и намената на едно вакво ,,местенце,,. Значи, не е поентата да го продадете ,,ѓубрето,, (демоде, износено, обелено) од дома, по иста цена по која сте го купиле, дури и поскапа, што е случај со бижутеријата од пазарче, туку нешто поново, малку искористено од некоја причина, да не ви стои дома, туку по пристојна цена да го понудите. Затоа што гардеробата ми е опсесија, добро знам што и како е. ПО цени од 500-600 денари, ми продаваат работи кои не вредат ни 100 денари. Мислам о.к, ваше право, ама нема глупи, неинформирани и непрошетани луѓе денес, за по 300 денари на попустите купив сон работи, сега со тоа пренди, па и многуте такви продавнички, секој може да си купи новичко, па и прекрасна работа да начека за ситна пара, така да овие глупости што се на странава, се без преседан. Ташни, износени, износени, 500 денари ...БОЖЕ МИЛИ Дај луѓе бре бидете реални, никој не е глуп. Ама никој. Јас планирам да отворам продавница, ама ќе одбирам внимателно, носено еднаш, двапати, поново, ич необлечено, од различна причина, големо ми било, мало, не ми влегло во комбинација и тн, по пристојни цени, само да не ми зафаќа место, бидејќи немам веќе кај да ги сместам работите. А не да одам на пазарче да купам прстени по 30, 40, 50, и тука по 100 да ги препродавам Смешно и трагично
Хахаха... ние овде повеќе за сеир отколку да купиме нешто половно (поволно). Туку мене овие повеќе ми се свиѓаат, мислам дека во многу комбинации би се вклопиле
цените смешни а моделите уште посмешни, па и уште некој велат дека не сакале да заработуваат туку само да се ослободат од облеката што не ја носат ,ами ако е така што се брукаат нека ги однесат во Црвен Крст за добротворни цели и готово ...
E добро бе, оваа има памет? во шутка овие моливи ги купувам за 10-20 денари, оваа 100 http://mojagarderoba.mk/items/kozmetika ... -davis-eye за срам