Смешно е, од што е жално, како сакаат да ќарат нешто. Работиве што ги подлегнав на кратко се толку одвратни, застарени, неупотребливи и ужасно грди!!!! Која е логиката да дадеш рецимо 300 денари за износена и релативно грдичка маица, кога веќе кај нас, имаш топ маици од брендовите за средна класа по иста цена, нови?!! И зошто некој си ја промовира рачната работа, по ненормални цени, на ваков сајт? Сосема е утната поентата. Жално.
Досега немам посетено некоја ваква продавница ама баш би сакала, чисто онака од љубопитност да видам какви работи имаат. Половна облека не би можела да носам, освен ако условите ме примораат на тоа. Мислам дека цело време би се чуствувала како да носам нечија чанта или блуза или што и да е. Неможам да го прифатам како мое. Поарно ке си носам небрендирани фармерки и блузи отколку половна брендирана облека.
http://www.femina.mk/out/?id=0c9860cd00 ... -so-cikoni сандаливе па 2500 , ајдеее за овие пари нови ке купам и многу по модерни и коментаров ме изнасмеа sandalkite se noseni samo 30 min br 39 kupeni od adam's shus
http://mojagarderoba.mk/items/chevli/736/tigresti-cizmi http://www.femina.mk/out/?id=38269ff5ce ... Fpapuci%23 Боже, Боже - Попристојна цена, пошто исти кај нас у Свн-то ги гледав по 2.500-2.700.
Сепак папучиве се 150 денари...навистина овие папучи/сандали не се по најнова мода ама сепак немојте да критикувате, сепак не ги продава девојката скапо, а и тоа е нели поентата на странава, да се продаваат работи сто не ни требаат, или не ги користиме....проблемот е во тие што продаваат прескапи работи....најинтересни ми се венчаниците кај што пишува "нова, еднаш носена" и не, јас не сум девојката која ги продава, така да немојте да ме нападнате што ја правдам
И мене стварно не ми се јасни луѓево. При толку голем избор, ниски цени за гардероба, бутици кои продаваат нови работи од по 150 - 500 денари најскапа маичка, сукња, фармерки зарем некој би купил износени демоде парчиња облека? Инаку се изнасмеав за џиш розевава маичка, ама за некого е црвена http://mojagarderoba.mk/items/obleka/850/crvena-bluza
Иви ќе морам да те цитрирам и да те коментирам за нешто, се недевам дека ќе го сватиш како добронамерен совет. Искрено накитот е фин и браво што се трудиш да направиш свој ама искрено неможеш да ги продаваш по тие цени. Затоа што се високи а ти не плаќаш данок работиш дома и не издаваш фискални. Сега ќе речеш дека забегувам со муабетот ама реално е така. Имам иначе една другарка од средно она изработуваше накит и искрено и е доста сличен на твојов затоа што од ист тип на монистра се правени. И ги продаваше за ефтини суми, од 50 до 150 најскапите. Ама кога си отвори продавница си ги дигна цените. Ама нормално ја сваќам почна да плаќа данок да издава фискални а и да купува поскапи монистри и поквалитетни. Сега незнам дали го има тој бизнис но сепак не беше лоша. Муабетот им беше дека треба да ги симнеш цените или да даваш некои попусти или промоции. Реално гледано сличен накит се наоѓа на бит пазар за енормно ниски цени, и да може немаат сите градови битпазар ама ќе дојдат еднаш ќе си изнакупат за цела сезона Сваќам дека го цениш својот труд, но треба и да ги разгледаш другите понуди и цени на пазарот, вака конкуренцијата ќе те изеде.
Супер сајтов. Сега ќе си отворам бизнис со влечки-лајнарки. Барем нови ќе продавам и по приступачна цена. Плус чиста гума. +100 денари ако купувачот сака некое познато лого на папучата: Доче Икебана, Гуци, Чамел... А за темава општо, немам начекано да влезам во таква продавница. Ако ми фати око, нема да му мислам ни дали Васка Илиева го носела, ни ништо.
благодарам за советот, ценам сечие мислење, сите сме различни и различно размислуваме, нема зошто да го сватам поинаку. немав намера да го пишувам ова, бидејки несакам да испадне дека се жалам, можеби јас не плаќам даноци и не издавам фискални, но јас со ова плаќам дел од трошоците за факултетот, колку успеам толку, бидејки кај мене работи само еден родител. а во тие цени што се ставени има и пола од поштарината која треба да ја платам за да го испратам производот во др. град, бидејки ги праќам на принцип кога ке и стигнат на домашна адреса, на личноста што ги побарала, тогаш таа плаќа на поштарот, а потоа тој на мене ми ги донесува парите дома. искрено јас не верувам во тоа прати ми го ти па јас на сметка ке ти платам, од кај да знам дека ке ми плати или таа од кај да знае дека јас ке и ги пратам откако ке ми плати, има секакви. сепак цените и не се повисоки од другите цени на накитот од оваа страна, тука некаде се, а и не терам некој со сила да купи од мене, ако сака нека купи ако не немора, за ваши пари кај сакате таму ке купите
Ми се засвиѓа ташнава ... http://mojagarderoba.mk/items/torbi-i-c ... iva-chanta За 199 ден. океј е, ама му се мислам, никогаш не сум земала нешто од набафтана што се вика..
гледам дека некаде има некои убави работи но незнам дали би можела да носам облека од некој што не го ни знам ни познавам засега не но можеби ке се предомислам а во очи ми падна еден часовник
Нема да ја раздолжувам многу, во право си и ценам, тоа што заработуваш сама Како и да е и твоете држи но и моето. Ти посакувам среќа искрено се да ти се продаде И фб профилот за накитот, најпаметно би ти било страна да го направиш, знаш на принципот на лајк, зашто вака луѓе кои немаат фб неможат да гледаат што има
Јас од другарки не носам облека не од некој трет. Мислам да се погоди некое ептен добро парче облека да ама пак би размислувала дали да го носам. Инаку од сајтов ќе си земам утре 2 ланчиња, преубави се стварно. Девојкава не знам со кој памет продава волку убав накит