1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Положбата на бебето

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 14 октомври 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Девојки мене од старт бебушот ми беше со главчето нагоре...но не обрнував внимание. А пак денеска докторкава ми вика, бебево ти е сеуште нагоре, но ајде има време може ќе се сврти, ама ако ова му е вака зацртано, и да се превртиш ти...тоа нема да мрдне.

    Девојки на кои бебето со главчето ви беше нагоре, дали и кога се сврте со главчето...сум 28 недела, е дека има време вака кога ќе се види, ама сакам да чујам ваше искуство.
     
  2. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Мене карлично ми беше свртена кога бев на лекар на почеток на месецов и докторката ми го рече баш истото. Барав информации и има време и за мене и за тебе. Може да се намести како што треба и на крајот
    Баш ме интересира што ќе ми каже следниот пат, оддвај чекам да видам како ќе биде наместена
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.818
    Допаѓања:
    102.656
    Пол:
    Женски

    Кај мене, ќерка ми се сврте со главчето надоле крај на 7ми месец :) Не се грижи , бебето може и последниот момент да се сврти со главата надоле , има уште време :)
     
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    На мене, до крајот на 8 месец ми беше со главата нагоре и штом влегов во 9 месец ми се сврте ама не целосно, главата му беше пак маалку накосо, значи пак не беше 100% свртен со главчето надолу за да ми каже доктороот дека ќе се пораѓам природно и веќе крајот на 9 месец се сврте и се породив природно инаку царски ако не се свртеше, ама ќе се сврти не се секирај, рано ти е уште тебе, во последен момент може да се сврте, јас инаку го износив и цел 9, во 40 недела се породив :!:
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.971
    Допаѓања:
    233.193
    Сноу кај мене речиси во текот на цела бременост беше карлично поставено, и еве го сега на последна контрола кога влегов во 9-ти, свртено е со главата надолу. Немај гајле, може да се сврти уште многу пати до пораѓај :) .
     
  6. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Мене ми е од 23 недела свртено со главата надоле, и така си остана до сега. Ама и мене ми кажале дека во последен момент може да се сврти.
     
  7. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079

    Срцка, мене од крај на 7 месец ми е свртено, ама не се секирај,мајка ми ме носела не свртена до 9 до сам крај, па сум се свртела во недела, а ме родила вторник , така да тогаш кога ќе е спремно ќе се сврти тоа. Кога се вртесе кај мене, имав болки во кичмата малку поголеми од колку обично. Ама има време уживај.
     
  8. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Јас од време на време осеќам нешто тркалезно и тврдо на стомакот :lol:
    Некогаш од лево некогаш од десно од папукот, смешки е.
    Ако е главата тоа значи дека уште е карлично наместена, а ако е газот тогаш најверојатно почнала да се мести.
    СИгурна сум дека сите што се повеќе од 6-7месеци бремени го имале ова искуство. Што мислите вие што е?
     
  9. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Не знам дали моево прашање е за тука..но сепак...
    Јас ниско го носам бебушот,па ме интересита дали тоа со тек на бременоста ќе се смени?Дали има нешто што може да се направи за да не биде ниско,мислам дали има некој вежби или слично?
    Ваше мислење или искуство околу ова? :?:
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Јас ја носев мојата карлично, од 27ма недела некаде, и не се сврти до крај, затоа завршив на царски. Индивидуално е, може ќе се сврти, може не, ама не е тоа голем проблем, само може да има разлика во начинот на пораѓање.

    Исто, ја носев и ниско, од 14та до кај 21ва недела, ептен ми беше долу, имав болки и ми се грчеше ногата, затоа што ми беше БУКВАЛНО на препон. Не ми веруваа кога им објаснував дека имам болки кои не ми изгледаат за нормални, ми велеа дека се „кревало бебето од малата во големата карлица“, ама кога докторот на ехо не можеше да ја најде малава низ цел стомак, дури на препон цело стуткано го виде, одма ми даде забрана за движење и строго лежење со перница под газ. Среќа грлото на матката не ми беше скратено од ниското носење, иначе имаше и серклаж во најава.

    Секако мора да се следи ситуацијата, ама во глобала, после 21ва +/- недела се крева бебето...
     
  11. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    ^Малку ме исплаши... :(
    Не дека не го осеќам кај препоните,дури некогаш и скроз долу ги чувствувам движењата...но затоа исто времено го осеќам и мааалку пониско од папокот,претежно од левата страна...
    Ајде утре сум на контрола во Скопје па се надевам дека ќе ми каже докторката нешто повеќе околу ова прашање...
     
    На Marija_981 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Одмарај и лежи повеќе, со перница под газ, и утре на контрола ќе ти кажат....секој случај е различен, јас го кажав мојот, што не значи дека и твојот е таков, затоа ајде малце позитивно, утре ќе си го видиш бебушко :sun:
     
    На TSS му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    а
    Сноу еве и јас да ти го кажам мојот случај,малата ми беше карлично до крај па морав да одам на царски (но тука беа пресудни и др фактори,да не те оптеретувам сега),но со второво ми се случи истото и тоа гинекологот матичен ми рече дека кај мене така им е најубаво да се позиционираат :) и наводно било наследно (инаку и јас сум царски родена) Но, приморана бев да спијам на лева страна поради креветчето на малата и недела пред да се породам ни рекоа на клиника дека се свртел, исто го носев многу ниско дури во 7 месец мислев дека ќе се породам. На крај и јас завршив пак со царски но пак поради др причина.Сакам да ти кажам дека исто голем удел има спињето,и ич не му се секирај.Со лесно и се надевам помогнав бар малку :)
     
    На Dushi0102 и Marija_981 им се допаѓа ова.
  14. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Мојава буцка се намести во 28 недела, со поголеми болки во кичма и препони. И си остана така, не се помрдна воопшто, освен што го мрда газето само лево-десно па вратоломии право по стомак. Брат ми се намести кај мајка ми со главата надолу кога и почнаа болките, така да воопшто не се секирајте! ;)
     
  15. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Мамички, да ве прашам
    овие два дена малата ја чувствувам како мрда нон-стоп
    , си викам аман,душо остави ме да се одморам малце,стомакот партал ми го направи :lol:
    она што приметив е дека е претежно во долниот дел на стомакот,кај папукот па надоле. Сега сум средина на 30недела.
    Не знам што да мислам, нормално ли е? Една другарка која ја гледав секој ден речиси цела бременост, нејзе до крај и се гледаше како мрда низ цел стомак.
    Пешачам често, најмалку по секој ден по саат време, (99% од времето), можно ли е од тоа бебето да отишло ниско? Ме загрижува ова,докторката минатиот пат ми рече дека е карлично наместена па се надевам дека ќе ги има наредните 10 недели да се намести како што треба па не сакам да ми излезе порано :?:
     
  16. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    и мене ми е карлично бебето.. само шо кога бев на органџиски се беше стуткало така интересно што нозете и беа буквално над главата .. докторот рече да ја пратиме дали мени позиција . после 3 дена бев на мојот матичен се беше исправила ама пак карлично.. и ја осеќам најчесто долу под папокот ниско поготово од десна страна.. знае и да ме шутне и погоре ка стомакот ама најчесто е долу
     
  17. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Мислиш можно е да се роди порано затоа што е така ниско?
    Искрено, оддвај чекам да се олеснам, ама не сакам да ми се роди кога не и е време, посебно затоа што е карлично?
     
  18. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    е тоа ич не знам.. кога ме гледат на ехо не ми кажуват дали е ниско..туку кажуват како е бебенцето.. сигурно не е ништо страшно.. само нека се здрави и живи.. Господова работа е тоа кога ќе дојдат на свет бебушките
     
  19. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    и јас го осеќам мнг долу,башка е свртено веќе и јас го имам истиот страв.
     
  20. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Ако го имаме сите можеби е нормално :^)
    И за ова што викам карлично, може и се свтела, денес ЕПТЕН ептен се превртува ја чувствувам на сите страни (пак доле) па може се наместила за излегување, сепак нека почека, нека не се брза толку :)
    Мрдла на мајка, ме убива :*