Деновиве ова ме измачува... На сите прегледи бебушка моја е карлично поставена, и на последниот преглед во 32 недела исто беше карлично наместена. Мојот гинеколог ми вели дека не верува дека ќе се сврте и дека царски рез не ми бега Има ли некој искуство каде бебушот си се наместил во последните недели од бременоста... поточно, возможно ли е да е случи тоа? Зошто ли моето бебе не сака да се сврти ?
Ја бебуш до пред два дена го носев многу високо речиси на желудник ми беше ... одамна е свртено со главчето надолу и така си седи веќе 2 месеци овој е 3-ти ... ја сум инаку карлично родена нз мајками како издржала толкава болка згора на тоа природно ме родила без царски
Моето е наместено со главчето надолу уште во 7 месец од бременоста, мене пак тоа ме загрижи бидејќи се исплашив од предвремено породување па малку истражував. Нормално било да се намести како што треба во тој период, но воопшто не било загрижувачки доколку бебето не е свртено со главчето надолу и се до деветтиот месец. Тоа знаело да си ја завземе таа положба дури и неколку дена пред самото породување. snegulkata воопшто немој да се грижиш, гинекологот твој ќе ја следи состојбата, доколку бебушко не се сврти до последен момент со главчето надолу ќе се породиш со царски рез, кој не верувам и дека е така страшен. Биди спокојна, до самиот ден ништо не се знае, можеби бебушко баш на крајот ќе си ја завземе таа положба.
бебчето мое е со главчето нагоре свртено, а нозете надолу ама настрана некако со ножињата.. аа, кај некоја од вас, папочната врвца дали е околу вратчето на бебето.. на гинеколог ми рекоја, дека не било проблем за бебето, дека бебето не дишело преку дишникот дури е во стомакот..
Da ne disat so disnikot dur se vo stomakot, duri koga ke se rodat togas.Go prasa li dali za poragjaj ke bide problem ako vrvcata e okolu vratot??? Jas koga se poragjav vrvcata i bese dvapati zamotena okolu vratot pa moraa da me secat za da izleze bebeto pobrzo. Da ne te plasam rasprasaj se. Inaku koj mesec si???
Случајно налетав на нет дека за да се сврти бебето хомеопатски се третирало со Пулсатила, вреди да се проба..
6ти месец и една недела сум јас, докторот ми рече дека евентуално при порајѓај би играла улога врвцата, или царски или сечење. ама дека сепак имало време до порајѓај, дека можно е да се сврти. Што е тоа Пулсатила?
на 4Д ми рече дека е свртено надолу, а претходната контрола беше карлично....се надевам сега ќе си остане така надолу Нема правила....во 9ти се сврте со главата надолу, на сам пораѓај повторно ми беше карлично.
Vo 8 mesec bese svrteno so glavata nadolu a do togas bese karlicno. Se porodiv prirodno pred mesec vreme.
37н и 3д сум а малава е од сам почеток свртена карлично, инаку ми е трета бременост и немав вакви проблеми двапати се породив природно спонтано без сечење или шиење сега напнуваат док.оти ми бил трет пат да се пораѓам природно ако е карлично а мене ми е страв.. Позз