И ние се свртевме, дента кога влегов во 38недела бев на цтг и договорена со док.да ме прегледа убаво и да видиме дали царски или природно карлично ке раѓам кога почна да се смее ми вика принцезата твоја е убаво главично поставена надоле ми олесна е сеа ке стискам палци да не се изврти пак...
Поздрав. 24-25 недела бебето беше свртено со главче надолу. Во 28-29 недела пак со главче горе. Прашањето ми е дали може да се заврти до пораѓај? 31 недела сум, а сеуште го осеќам дека со нозе долу е.
Душо кај мене беше цели 37недели со главата нагоре еднаш само беше свртено кај 15-16недела као со Главата надоле, во Вторникот влегов во 38 бев и на цтг тогаш кога док.ми вика дека е наместено со главата надоле како што треба е сеа наредна контрола ми е пак вторник пак ќе ме гледа на ехо ако не се породам до тогаш
Може мила, со претходната бременост при крај на 8 месец беше трансверзус, и сите претпоставуваа дека така ке остане мали биле шансите да се заврти. Но за две недели се намести со главата надолу и имав спонтан пораѓај. Правила нема.
@Septemvri и @Мецаа91 ви благодарам. И јас се надевам дека ќе имам спонтан пораѓај. Со синко поминав ко песна. Дај Боже и овој пат така да биде.
Темата гледам не е баш активна ама ајде да пробам. 36та недела сум. Цело трето тромесечие бебето си е свртено со главчето надоле и така и го осеќам. Ми го испапчува газето околу папокот и со нозете ме клоца во ребра. Доле ниско го немам осетено. Од сабајле го осеќам само доле кај јајниците и тоа не е нежно мрдање туку баш како поместување. Можно ли е во заден момент да се сврти и како да препознаам?
Не сум ја видела темава ич. Моево до скоро прво беше оптегнато како крап хоризонтално, па на последниот преглед ми рекоа дека е карлично. Го осеќам долу ниско како клоца со нозете, а некогаш кога ќе ме акне во бешика, ѕвезди бројам. По малку и од страните го осеќам, најверојатно со лакти ме брца или со боксови мава таму.
Го осеќам неколку дена и од страните ама мислев дека нозете ги става таму. Баш ќе видам на следен преглед.
Да се самоцитирам, може ќе и затреба во иднина на некоја. Како што пишав, почнав да го осеќам бебето ниско и мислев дека се свртело со нозете надоле ама не е. Си останало со главчето доле, веројатно со тек на време добило повеќе сила во рачињата.
Здраво мами јас сум трудна 18 недела инаку 2 бременост бебето го осеќам многу ниско од папокот надолу паника дигам страв ми е дали со тек на време ке се качи првото не беше толку ниско ова ме загрижува буквално долу го осеќам ми е страв дури кога седам да му штетам Инаку имам тешка временост со крварење во 9 недела се уште сум под терапија Некоја со искуство да пише
Здраво девојки, 27+4 недела сум, денес на преглед докторот ми рече дека е карлично поставена со дупето надоле. Желба ми е за природен пораѓај, се надевам дека е уште рано и има шанси да се сврти со главата надолу. На некоја од вас да и се има свртено пред породување?
кај мене до оваа недела се вртеше цело време еднаш карлично еднаш главично , сега кога бев во понеделникот кога бев си беше со глљвче надоле се надевам така ќе остане 32+5 сум а бебче го мерат како за недела дена поголемко , имаш време да се сврти
Девојки и идни мајки... нека не ве плашат предвидувањата, бебињата можат да се завртат во последен момент, во последните неколку часови пред раѓањето. Имајте го ова на ум затоа што се зголемува трендот на закажани царски резови многу порано од крајниот термин заради карлична поставеност. Неетичноста на докторите расте на сметка на ранливата положба на секоја трудница.
Здраво, дали некоја членка имала искуство така што бебето да било поставено со главчето надолу но да е свртено обратно грб на грб наместо грбот на бебето да е на стомакот на мајката? Читав дека во тој случај пороѓајот бил многу подолг, потежок и поболен И дали се чувствува кога ќе се спушти со главчето во карлицата односно во каналот ? Требало да се почувствува како клапнување некое надолу, дали вие сте осетиле?
Ние сме 33та недела, синко сеуште е така свртен. Нека е тој здрав и жив, па како ќе биде пораѓајот, така, знам дека до последен момент може да се помести, така да не се преоптеретувам многу. Клапнато сеуште нема, но чуствувам дека главчето му е најчесто на бешиката,редовно ме притиска и мочам на секои три голтки вода
Здраво девојки. Бремена сум 20 недела , но денес докторката ми кажа дека го носам многу ниско,и исто имам болки во левиот дел кај препоните. Дали имала некоја вакво искуство , дали може да се качи нагоре, и дали треба постојано да лежам , многу ми е страв како ќе биде понатаму.Благодарам
До скоро беше убаво завртено со главчето надолу, а од 36-37 недела свртено е исто со главче надолу ама лицето не му е накај грбот туку обратно накај стомакот. И малку се поместило, дијагонално се искривило. Докторот кажа дека положбата е индикација за царски. Веќе 40та недела ќе сум, шансите да се заврти се минимални.