1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Положба на телото при спиење

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од unlucky, 27 април 2011.

  1. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    79
    Каква е важата положба на телото при спиење.. ? За време на ноќта кога спиете во неправилна положба телото се криви, бидејќи останувате долго време во таа положба од 6 - 8 сати .. па дали знаете која е правилна положба на телото за да не се криви 'рбетот и кичмата..?? па ако знаете може да презентирате и слики..


    ако има ваква тема - клуч :)
     
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Како легнам така станам. Спијам како јагне :) , сите се фалат од мене кога делиме кревет :wasntme: , исто како никој да нема, а па и такво малецко ич место не зафаќам :lol: . Спијам или на стомак или на грб или на страна. Колку се кривам не знам и така сум криво.
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Уф моја тема :rofl: посебно вака сега пред спиење, а ја абер немам да си легнам .
    Секогаш спијам на страна или на стомак пак на страна, на грб не можам да заспијам никако.
    Обавено кога сум на страна сум во ваква некаква положба
    [​IMG]
    Обавзено морам да се извртам де на една страна, де на друга пред да заспијам, лежам неколку минути на една, па после на другата се вртам.
    Ко ќе ми се спие многу, легнувам и брзо заспивам и најверојатно се будам во иста позиција :!: а да обавезно сум секогаш покриена и покриена се будам, во сон си се покривам навика ми е .
    Правилна положба не знам која е, сигурно да не ти е превисока или прениска перницата има некое влијание за кичмата и р'бетот ама не знам точно.
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Штом го допрам креветот одма заспивам. :D И спијам многу мирно. Сепак ако легнам на грб никако неможам да заспијам, само таа положба не ми одговара. Најчесто спијам на страна, поретко на стомак. Секогаш сум си покриена и не сакам да ми е превисока перницата. :)
     
  5. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    спијам строго на стомак неможам никако на грб :lol: а перница мора да има до мене иако не ја користам :lol:
     
    На blackdeath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Најубаво заспивам на стомак, ама сега избегнувам така да спијам бидејќи имав читано дека таквата положба допринесувала за низок крвен притисок, а јас рака на срце - си имам такви проблеми. Обично спијам на страна, а некогаш кога сум премногу уморна само легнувам на грб и така заспивам. Не сум многу „немирна“ кога спијам, за разлика од сестра ми која не знам како успева да ја измести цела постелнина! :lol:
     
  7. ivo-na

    ivo-na Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    39
    Најчесто спијам на страна, ќе се завртам 2 пати и заспивам. И сум приметила дека скоро секогаш заспивам легната на левото рамо :^) . Не сакам кога перницата ми е ниска или ептен мека.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.503
    Порано спиев само на стомак и никако поинаку,а во последно време само на грб можам да заспијам со рацете над очите или едната под главата,а едната покрај телото и така се будам или се будам во фетус положба или на лево или на десно свртена,сеедно,ама многу склопчена и задолжително едната рака под образ.Пред некој ден,татко ми влегол да ме буди и слушам се смее и се разбудив и се отклопчив,вика не си свесна во која положба беше,како бебе,колената и главата споени! :D А ми се случува и да се разбудам на грб ама со нозете свиткани во коленици,кренати,а порано кога спиев на стомак се случуваше да се разбудам и со нозете во вис,па уште и во икс прекрстени и си викам,добро нормална сум?! :D

    Спиење на грб – На грб спијат самоуверените луѓе, оние кои се љубопитни и отворени кон светот и околината. Желни се за внимание и честопати разгалени. Доколку спиете со раширени раце и нозе покажувате дека сте непобедливи. Имате многу високи стандарди, според кои се проценувате себе си, но и другите.

    Слободна положба – Доколку сакате да спиете на стомак, со рацете над главата или под перницата, значи дека сте многу искрена личност и не го криете своето мислење. Сакате да бидeтe во центарот на вниманието, но длабоко во себе сте нервозни и несигурни. Не примате добро критики и не се снаоѓате во стресни ситуации.

    Спиење на страна – Типично за луѓето кои секогаш се подготвени за нови активности, забави и дебати. Луѓето кои спијат на страна се спонтани, флексибилни и амбициозно ги следат своите цели

    Фетус – Оние кои спијат на страна со собрани нозе, често со рацете под глава или под перница другите ги сметаат за цврсти личности кои знаат што сакаат. Но всушност тие се нежни и чувствителни, и со својот одбранбен став ја штитат својата емотивност. Срамежливи се кога запознаваат нови луѓе, но откако ќе ги запознаат знаат широко да се отворат.

    Спиење на стомак – На стомак спијат перфекционистите, тие не дозволуваат некој друг да им се меша во нивната работа и често пати знаат да изгубат контрола.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Спиење на страна – Типично за луѓето кои секогаш се подготвени за нови активности, забави и дебати. Луѓето кои спијат на страна се спонтани, флексибилни и амбициозно ги следат своите цели



    Вака спијам само без перница
     
  10. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Ова (според мене) точно е... :$ Јас најчесто спијам Фетус стил и тоа што го пишува е точно. Исто така спијам и на стомак, но како и да е, секогаш завршува со фетусот :lol: Како помал имав навика да ја пикам раката во дупката помеѓу душекот и дрвото од креветот. Сега веќе не...сега ја пикам под перница :lol:
     
  11. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    најчесто спијам на стомак, строго едната рака под перница а едната над перница хехе :D
     
  12. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    На страна спијам, со нозете свиктани
     
  13. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Додека спијам можете да ме видите во различни изданија-како спијам на страна, на грб, на стомак, едната рака под перница, едната нога оди преку другугата и ги разделечувам. Абе жива комедија сум додека спијам, со разни пози. :D А, посебно кога е жешко сум немирна, иначе си спијам како јагненце. :D
     
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Можам да спијам секако. Единствено нешто што ми пречи е ако перницата ми е висока, можам дури и да спијам без перница, таман ми е. :lol: Понекогаш опасно ринтам, често пати навлаката ја наоѓам кај нозете. :lol: А кога сум преморена како сум заспала - така си станувам.
    Значи можам да спијам секако. :D
     
  15. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    19.306
    Пол:
    Женски
    Ако ми се спие многу, како ќе легнам така ќе станам. Ама некогаш знам и цел кревет да го разместам, па нешто да биде фрлено на земја( најчесто перницата)
     
  16. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    најчесто на стомак си спијам ретко кога на грб и на лево и на десно ма во сите положби ке ме видете инаку креветот цел е растурен кога спијам стално претам со нозете.
     
  17. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Најчесто на грб :)
     
  18. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    легнувам на стомах мо кога ке се разбудам и јас незнам во која положба сум :D (немирно спијам) :D
     
  19. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Омилена позиција за спиење ми е на стомак. Негде прочитав дека спиењето на стомак има негативни последици и дека се искривува рбетот, ама врти се на страна, легни на грб и никако да заспијам и еве пак си легнам на стомак и заспивам брзо, а сабалје може да се разбудам и со нозе во перница немирна сум премногу
     
  20. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Како што легнувам така и заспивам, на било која страна. Како што ми кажале луѓе кои спиеле со мене, не мрдам многу и ми проверуваат пулс да ме проверат :^) и најчесто се будам во истата положба.

    Додека спијам дланките, или едната, ми се под глава или перница. Кога ќе се разбудам не ги осеќам, ме фаќа паника ги мафтам, допирам нешто ладно да ми се врати циркулацијата и кога ќе почнам да ги мрдам ми се враќа срцето на место.