Јас пак кутрата никако не ме бидува за спиење. Како и да се завртам не може и не може...Ај за почеток ке легнам на стомак едно 15-20 мин. и пак се вртам оти кога спијам на стомак притискам градите хихихихи.... штоо стварно ми смета. Ај завртам се на лева страна,и пак не бива,го претискам срцевиот мускул и по долго време почне и да ме боли и ми се здрвува левата рака,ај на десната страна и кога ке се завиткам ко маче заспивам,но не за долго време,пак се будам , и бидејки неможам цело време на иста страна пошо се здрвувам морам да се вртам, ама пак затоа немам мирен сон.. што и како да правам за поубаво да спијам, нека ми каже некооој ?!?!?
Секогаш спијам на стомак, поретко свртена на страна бидејки не ми одговара мнг таа положба...Мнг лошо спијам инаку,перницата како и покривките по 100 пати ги кревам од подот како ли спијам ја стварно незнам си се чудам самата на себе
На стомак, раце под перница и милина заспивање. Проблемот е што немирно спијам, па можам и на другата страна од креветот да се најдам сабајлечки. Најтешко ми е кога ме боли стомак и не можам на стомак, туку морам на страна, уф склет, една па друга страна, и се така додека не се успијам..
Ислучиво на стомак, со исправени нозе, главата подпрена исклучиво на левата рака, ако ја подпрам на десна нема заспивање. Уф бре ми се приспа од објаснувањево.
Спијам со свиткани нозе а раката обавезно ми е или под перница или под лице. Спијам секогаш на страна, најчесто на десна. Неможам на грб не ми е лагодно, а на стомак ме притиска на градите и ме боли и не ми е пријатно, неможам да заспијам така.