Спијам делумно мирно, ама се разбудувам обично со целосно здрвена рака и со постелнината меѓу нозете Обично спијам на страна или на стомак, рацете, едната на вратот другата под мене Е да, се тепам со перницата додека не се извиши ако е сплескана, не можам да спијам на ептен ниска перница, сакам да пропаднам во неа
Фетус – Оние кои спијат на страна со собрани нозе, често со рацете под глава или под перница другите ги сметаат за цврсти личности кои знаат што сакаат. Но всушност тие се нежни и чувствителни, и со својот одбранбен став ја штитат својата емотивност. Срамежливи се кога запознаваат нови луѓе, но откако ќе ги запознаат знаат широко да се отворат. Леле, буквално јас. Така спијам, во фетус положба И најчесто додека да заспијам го пробувам де едната, де другата страна
Порано знам спиев со главата под перница Перницата горе на глава и така си заспивав веројатно ми сметаше па место да ја тргам ја ставав на глава и така си заспивав А битно ми е перницата да ми е пониска можам и без перница да спијам тоа не го пишав. Ако ми е многу висока перницата наутро ќе ме боли вратот. Кога сум на страна спијам со ноезете скупчени (свиткани), а рацете некако ги изпреплетувам не знам ни ја како, а ако спијам на страна на стомак на страната на која што сум свртена едната нога ми е пораширена е баш вака како првите два цртежа
Jaс спијам во Фетус положба Не знаев дека карактерот може да се определи според положба на спиење уау!
Спиење на страна – Типично за луѓето кои секогаш се подготвени за нови активности, забави и дебати. Луѓето кои спијат на страна се спонтани, флексибилни и амбициозно ги следат своите цели. Точно така
Спијам на стомак,на грб се чувствувам како мртва ... А за правилна положба на телото,искрено не знам,бидејќи како и да се наместиш,ќе заспиеш и ќе се вратиш во онаа положба во која ти е најудобно.
Јас спијам стриктно на страна т.е фетус положба. Ако нозете не ми се свитани нема шанси да заспијам или рацете ако не ми се под перница. Е вака нешто спијам: *Само не спијам на грб никогаш. Исто спијам мноогу немирно, ритам, клоцам абе ко фудбал да играм. Иии сабајлето - каша попара! Навлаката изместена (а може и јас да сум свиткана во неа ) ќебињата клопче или на земја, само перницата е на место.
Јас заспивам во фетус положба, но во текот на ноќта стварно незнам што правам. Често, скоро секогаш спијам со чорапи. Не ретко се случува едната чорапа да ми е до главата, како-незнам!
Јас заспивам 90% на страна. тие 10% се на грб читам повекето заспивате на стомак, јас стварно незнам како можете на стомак никогаш немам заспано, а и не ни можам.. пробав еднаш и за 5 минути почнаа рацете да ме болат и да не ги чувствувам.. (под перница ја ставив едната мислам)..така да, се откажав.. инаку мирно спијам, нема турбуленции во текот на нокта.. еднаш-двапати ке се свртам во текот на нокта и тоа е тоа..единствено ако сум болна или настината или имам ептен некои мислачки за следниот ден па да неможам да заспијам.инаку без проблем а ако знае некој која е правилната положба за 'рбетот во спиењето нека пише
Јас спијам строго на стомак и тоа со левиот образ на перницата Бидејќи рацете ми се речиси секогаш ладни левата испружено ја ставам под левата нога за да ја топлам, а десната свиткана ја ставам или под мишка или над градите, исто за да ја топлам Секогаш правам потег на кревање на нозете за да ми дојде прекривката под нив ( и нив да ги стоплам ) инаку нема да можам да заспијам. Во зима сум завиткана со прекривка до пола лице , а на лето мора да има нешто врз мене, дали некое чаршавче или некоја друга прекривка инаку не можам да заспијам Тоа е мојот ритуал и положба при спиење. А како се будам? Па, во последно време бидејќи постојано станувам со аларм веднаш скокам и од поспаност не сум ни свесна на која страна сум завршила. Сум пробала да спијам и на грб, ама не можам- шубе ми е некако А некогаш легнувам на страна, неколку секунди лежам така и потоа си ја заземам мојата спиечка поза
Интересно ми е и не ми досадно дури ни кога спијам по се изгледа. Легнувам во една позиција, ја мењам којзнае колку пати според зборовите на сведоците и се будам во сосема 10та позиција. Легнувам во позиција стоечи штрк на една нога ама во хоризонтала. Значи на стомак, една нога свиткана, понекогаш до агол на 90 степени, што значи преоѓа у позиција на тешкото кога се ротира ногата од напред на страна. Сума сумарум, многу сакам да се чепатам во кревет, да се натегам, да се растегам, да опфатам се со нозете и рацете И се будам на Ц Ц Ц, доста хрчиш, особено во овој период на годината со алергииве, а јас легната ко баба на грб, глава зафрлена назад и ролам очи - не бе не хрчам. И повторно се вртам у позиција стоечи односно лежечи штрк во хоризонтала. И перпетум мобиле. Јово наново Ај сега, кој ме сака на гости е прашањето?
Спијам исклучиво странично па сега тука има варијации на испружени или свиткани нозе,една свиткана,а другата испружена,а рацете под перница или расфрлани наоколу во недефинирани правци. На зима правам еден потег со кој го обвиткувам се‘ она што спаѓа во покривен материјал околу себе,па ако сте јаделе слаткарски производ наречен грклан значи јас сум шлагот . Најужасниот момент поврзан со моето спиење се ротациите.Ма каква центрифуга јас сум бетер,не знам колку обртаи на ноќ правам ,како да мора секоја РЕМ фаза да е проследена со ротации на секој еден милиграм од телото.Сума сумарум замислете ротирачки грклан и замислете ја опасноста од присуство на друштво во креветот-заклучок јас сум создадена за спиење сама,ма и сама сум си ту мач . А со оглед на тоа што соновите ми се долгометражни и прилично напанати морам да сум активна за да им парирам,па како помала сум се будела и падната на под,ама доброто во целата приказна е што кружната обвивка од прекривачи го амортизирала ударот и сум се будела вчудовидена како сум се нашла тука на подот и тоа така безболно.Ма,со помин нека е .
Се изнасмеав, најмногу затоа што се пронаоѓам потполно во цитираново. Јас дури и имам навика да ја гушкам перницата т.е. да ги позиционирам двете раце под неа, а со главата (поточно левиот образ, како Сеси) да притискам одозгора. Мирен сон имам, па најчесто се будам како што сум заспала, евентуално свртена на десната страна. Секогаш се обвиткувам цела кога спијам, посебно во зима, на гиро личам. Единствено во лето се покривам само од вратот до задникот. Ако во лето нозете ми се покриени или времето е навистина ладно или имам температура, па ми студи. Трето нема.
Eдната рака ми е обавезно под перница најчесто левата, десана слободно си шета низ кревет, со левиот образ спијам точно над раката која што ми е под перницата (не знам веќе колку ноќи по ред се будам со укочена рака, не чувствувам ништо на неа, па се штипкам за да ја вратам у нормала ). Нозете божем пајдушко играм, едната крената другата испружена цела. И најбитно чорапчињата за спиење да ми се под ќебенце, надвор откриени никако . И многу се врткам низ кревет!
Или спијам на стомак со рацете под перница или ( сега најново) спијам на грб едната нога крената а другата на неа т.е спијам нога на нога затоа последниве недели се разбудвам со здрвени нозе а колената не е за кажвање колку ме болат
Јас спијам буквално како да ме сместиле во ковчег.(всушност така заспивам,а покасно незнам во која состоба сум) Легнувам на грб,со рацете го фаќам ќебето и го ставам околу врат значи само главата ми се гледа,од вратот ни дел. Цела се мотам и така рацете ми остануваат некаде на горниот дел од градите под глават одма,нозете право така размавани,и главата строго навалена на левата страна потпрена на ќебето што го влечам.
^^^ Ме изнасмеа . Јас, секогаш заспивам на страна, секогаш кон ѕидот. И, независно дали е зимо или лето, ногата мора да ми е откриена и да ми го допира ѕидот, да ми се лади, чунки ми жежи , ма и јас не знам зашто ја имам таа навика. Инаку, ќебето или што и да е со што се покривам, ми е смотано околу се друго освен главата и бутнато под мене. И да едната рака под перница ми е секогаш. А, обично се будам без ќебе, без перница, бурни ноќи си имаме јас и креветот, што да се прави .