Најчесто спијам на страна, со свиткани нозе. Обично, како легнувам така станувам. Може и да спијам на стомак со една рака не перница, друга до телото. На грб исто, можам да спијам, ама ептен ретко. А порано многу се откривав, клоцав, ќе се најдев 180 степени свртена и слично. Сега помирна сум.
Вашата положба на телото во текот на спиењето, може да открие многу работи за вашиот карактер. Положба на фетус – се работи за чувствителни и емотивни личности, несигурни и уплашени. Дури 40 % од луѓето завземаат ваква положба при спиење. На стомак – Вака спијат креативни, енергични и нервозни личности. На грб – Спијат прилично самоуверени личности. Често така спијат богатите и старите личности. На десна страна – Се работи за добродушни и весели личности, кои секогаш се отворени за нови познанства. На лева страна – Вака спијат уметниците, романтичарите, но и цинични личности кои им завидуваат на другите.
Јас спијам најчесто на стомак, понекогаш на страна На грб= но веј хозеј, многу ми е непријатно и страшно
Еве нешто за тие што спијат на стомак Најлоша положба за спиење е онаа на стомак Доколку спиете на стомак, можеби треба да почне да размислувате да ја смените, бидејќи оваа положба може да предизвика дегенерација на ‘рбетот. Д-р Адам Танасе предупредува: Никогаш не се спие на стомак. Изненадувачки голем број на луѓе не се свесни за тоа дека тоа лошо влијае на нивното здравје. Доколку не ми верувате пробајте да одите со главата свртена на едната страна. Многу набрзо ќе почуствувате силна болка во вратот и грбот. Спиењето на овој начин, секоја ноќ, предизвикува оптеретување на лигаментите и мускулите на вратот и мускулите околку ‘рбетот. Ќе повторам, доколку ова го правите секоја ноќ, притисокот на зглобовите и нервите расте и доаѓа до дегенерација на ‘рбетот. Интересно е и откритието дека спиењето на стомак го намалува крвниот притисок. преземено од: popara.mk
Сакав да додадам повеќе информации за темава која јас ја отворив па еве што уште најдов Откријте повеќе за себе според положбата на спиење Положбата во којашто спиете можеби открива повеќе за Вас одошто мислите. Прочитајте и откријте нешто за себе што можеби не сте го знаеле. Пушка Доколку спиете исправени како пушка, на грбот, тогаш Вие сте мирни, резервирани и интровертни. Мразите кога други луѓе Ви ја нарушуваат секојдневната рутина. Имате челична волја, а имате одредено и исклучително високи стандарди за себе и за другите. Падобранец Ако спиете на стомак, со рацете над главата, тогаш се искрени и никогаш не го криете своето мислење, иако некои дури Ве сметаат за преотворена личност. Длабоко во себе сте несигурни и по малку нервозни. Тешко примате критики и најчесто се тргате од конфликтни ситуации. Морска ѕвезда Доколку спиете на грб, со раширени екстремитети, тогаш Вие сте идеални пријатели. Знаете да ги ислушате другите, секогаш сте подготвени да поделите по некој совет, несебично помагате кога тоа е потребно и не молчите кога Ви е потребна помош од некого. Едноставно не сакате да сте во центарот на вниманието. Фетус Ако спиете склопчено во поза како фетус, неретко со рацете пикнати под перница, тогаш сакате да оддадете впечаток на силна личност која има цврста контрола врз својот живот и врз сѐ што се случува наоколу. Всушност, имате една претерано чувствителна страна која Ве тера да побарате заштита, спиејќи во таа положба. Но, кога ќе ги запознаете луѓето малку подобро, тогаш без проблем се отварате. Труп Доколку спиете на страна, но со испружени раце и нозе, тогаш сте контраверзна личност која тешко може да им одолее на забавите и воопшто, на сите собирања. Ги сакате луѓео, сакате дружење и секогаш сакате да се вклопите во одбраните групи. Им верувате на сите, а тоа често може да Ви донесе големи неволји. иначе јас спијам во положба Фетус и еве точно ме опишува ова
Фетус Ако спиете склопчено во поза како фетус, неретко со рацете пикнати под перница, тогаш сакате да оддадете впечаток на силна личност која има цврста контрола врз својот живот и врз сѐ што се случува наоколу. Всушност, имате една претерано чувствителна страна која Ве тера да побарате заштита, спиејќи во таа положба. Но, кога ќе ги запознаете луѓето малку подобро, тогаш без проблем се отварате. Точно ме опишува карактерно, точно. Уште би додала дека секогаш ги покривам стапалата и не спијам без чорапи хахах. Се покривам до врат. Во лето знам да заспијам на стомак со нозете и рацете на сите страни
Истооо...под перница ми се во зима хаха, абе има варијации положбава [/quote] А порано да, под перница ги пикав ... сега ми се испружени или под свиткани над перница...Али има нешто со опишување на карактерот, се пронаоѓам
За фетус положбата се согласувам, дури и си ја гушкам перницата, всушност спијам со две перници-една малечка и ниска под глава и една голема која си ја гушкам, може делува чудно, но вистина е. Што се одмесува до карактерните особини, да таква сум, си признавам...сакам да делувам силно и самоуверено, да држам се под контрола, буквално се, емотивна сум многу и ми треба време да верувам некому и да се отворам (освен на Фемина ) А за ова второво-спиење на лева страна, НЕ е точно, ниту сум уметник, тапа сум, ни за пеење не ме бива, ниту романтичар, а завист, цинизам и јас не се ставаат во иста реченица.
Јас пак имам забележано дека скоро секогаш спијам на грб, со рацете во пижами и едната нога надвор, и зиме и лете!
Спијам на страна и тоа строго на десната. Нозете ми се или двете свиткани или само едната. Едната рака ми е под перница или под глава, а другата на ногата. Ептен сум мирна во спиење и не се превртувам, а ако сум ептен уморна се будам во истата положба во која сум легнала. Не можам да заспијам ако не сум покриена до уши и тоа покривката да ми е подвиткана од сите страни под мене, нешто како вреќа за спиење. Е сега се случува и да спијам немирно и да се превртувам и мајка ми ми има кажано дека ме има најдено во положба со едната нога свиткана во коленото, со стапалото на кревет, а другата врз неа. Нешто како што вообичаено мажи прекрстуваат нозе.
Положбата во која спиете ноќе може да влијае на вашето здравје, а некоја од нив може брзо да доведе до болки во грбот, но и во остатокот на вашето тело. Најдобра положба за спиење е лежење на грб, без перница под главата, препорачуваат англиските експерти. Ако не користите перница, вашата карлица ќе може да се одмори во својата природна положба. Ако веќе користите, обрнете внимание да не биде превисока бидејќи може лошо да влијае на вашето дишење. Ако не спиете како што треба и ако наутро ве боли вратот, обидете се да ја навалите главата на страна, кон рамото додека не почувствувате затегнување, и кратко задржете ја во таа положба. Ако и понатаму чувствувате болка, свиткајте крпа и ставете ја под лопатките и така лежете пет минути. Со тек на време можете да го продолжите спиењето во таа положба на 15 минути. Најлоша положба за спиење е лежењето на стомак. Ако често спиете во таа положба, тоа ќе влијае на долниот дел на грбот, вратот, а постои ризик да страдаат и вашите бели дробови. Поради спиењето на стомак, се создава природно искривување на долниот дел на грбот, а главата е долго свртена на една страна при што негативно влијае на вратната карлица. Кај спиењето на страна, проблемот е што многумина во таа положба ја потпираат главата на раката, а ако долго време поминете во таа положба може лошо да влијае на целото тело. За да ги спречите и отстраните болките кои можат да бидат последица од ваквото спиење, испружете ја раката во спротивната страна - десната рака на лева страна, а другата рака привлечете ја кон себе.
Легнувам на стомак бидејќи мислам дека ако поинаку легнам нема да заспијам, немирно спијам и многу се превртувам и најчесто сум во положба на фетус. На грб не можам никако да спијам.
Се вртам на секои 20 минути. Сум ги испробала сите најневозможни положби, но на грб никако неможам да заспијам.
Тешко заспивам и притоа многу ми е битна положбата, бидејќи не во секаква положба можам да заспијам. Никогаш не спијам на стомак или на грб, исклучиво на страна, во фетус положба и тоа колку што може постуткана! Во текот на ноќта, доколку се разбудам обавезно си ја вртам перницата на страната каде што е поладна, инаку - крај од заспивањето Спијам многу мирно, иако се врткам најчесто во периодот пред да заспијам, но никогаш, ама баш никогаш се немам разбудено во истата положба во која сум заспала.