мајцесто фетус положба , а кога ке ми здосади тогаш се испружам и рацете ми се под под перница и спијам на стомак
Претежно спијам на стомак, омилена положба на телото и бар за мене најудобна. Некога на страна, ама во ретки случаеви. А да напоменам дека кога ми е телото на страна се стуткувам како ембрион. Никогаш не сакам да спијам на грб! И не се будам често во текот на ноќта, односно никогаш.
На стомак, на десна страна, на лева страна, фетус положба, на грб..... јас не спијам - се борам! Затоа сама си спијам на брачен кревет... го жалам маж ми многупати се има случено кога не спијам сама, особата да добие по некој бокс, шамар и да биде истуркана од креветот
спијам во ваква положба само со нозете уште повеќе стуткани нагоре.Ич не заземам простор од креветот така да дечко ми слободно може да се шири покрај мене,место има колку сакаш А нај нај нај убава положба и најдрага ми е оваа Спојлер а
Секогаш спијам на стомак, ако не легнам на стомак тогаш не можам да заспијам.А и има и уште една смешна работа-секогаш едната рака ми е спуштена покрај стомак, а другата под перница
на грб со раширени раце и нозе во вид на ѕвезда или како гравче знам да се стуткам. starfish и foetus. некогаш ми се случува да легнам вака и така да се разбудам ама ич во сон да не мрднам, затоа сабајле ми е смрт станувањето се крцка во мене и ме боли.
Додека не заспијам сум во фетус положба... а во текот на ноќта ја менувам секоја положба, многу сакам да се ширам и претам. Ама кога сум посмирена спијам на стомак со рацете под перница
значи што имаше некои описи за видот на спиење мислам дека се точни по тоа што јас спијам на стомак и тоа мора едната рака да ми е горе другата доле и со раширени нозе зафакам цел кревет и многу ми е тешко кога треба со некој да го делам тогаш помалку спијам и се ме боли после
Додека да заспијам сум на стомак , рацете под перница, главата обавезно свртена на десно и левата нога свиткана а десната права ако не се наместам вака, ке се изнамачам со заспивање
Се вртам лево десно додека не заспијам. Во последно време легнувам на стомак, глава на страна, рацете по јастук, а нозете едната на едниот крај излезена другата на другиот А кога ми е ладно, тогаш се грчам како фетус и несмеам да ги испружам нозете надоле бидејќи е ладно па смрзнувам
Ако спијам на стомак се гушам Секогаш спијам на грб со две перници (И секое утро вратот ме боли -.-) или се вртам на страна со едната нога врз кебето/јорганот а другата одоздола. Инаку многу немирно спијам, цело време претам и мумлам
Скоро исклучиво на стомак, со левиот образ на перница, десната рака високо на ниво на лицето, десната рака спуштена доле на ниво на половините. Десната нога скоро секогаш подигната горе на ниво на градите, како да изведувам Muay Thai Flying Knee.
пред да останам бремена сакав да си спијам многу на стомак ама сега одкога се породив некако грбот ме боли незнам зашто. Сега најчесто спијам на лева страна
Јас кога спијам сум „чучнат тигар - скриен змеј“, какви карате зафати вадам тоа е чудо невидено. Никогаш не сум во една положба, а летно време најчесто заспивам во положба „си ја ладам“ (со раширени подвиткани нозе свртена кон најладната точна во собата), а се будам во „ме боли цеф“ положба (цела фаца на перница, рацете олабавени долж телото, со откриени табани).
Не е важна позицијата, туку тоа што ќе си нанам. Првата и втората позиција се да речам мои, иако сестра ми вели дека многу смешно спијам, со сите делови од телото чудно поставени.