Кога ке си легнам, заспивам веднаш, ама не секогаш. Често спијам фетус, или пак како фетус ама со испружени нозе, ама строго рацете под перница. Некогаш спијам и на страна, најчесто на десна, а најубаво ми е целата испружена, на стомак, двете раце под перница и главата или на лево или на десно. Кога спијам мрдам, клоцам... Кога ке си легнам, понекогаш се покривам, ако ми е ладно, ама секогаш ми е жешко од кога ке заспијам, па во ноќта соблекувам чорапи (ако спијам со нив), со она што сум покрена, го бутам скроз најдолу... Никогаш не станувам така како што сум легнала. според оваа слика jас спијам Foetus, Yearner и Freefaller.
Ќе да спијам во фетус положба и во фрифалер хаха. На грб никогаш не можам да заспијам, ептен ме тера на буљање во таван и не ми оди никако да заспијам. Најчесто спијам со раширени (расчекорени) нозе свртена во фетус положба. Ова ми е најпогодната положба за во лето, а за во зима ми е класичниот фетус хахаха. Најубаво ми е, па понекогаш се будам во истата положба како што сум легнала.
јас спијам на секоја положба па дури спијам и со нозете на под , главата и трупот на кревет - дури и вака можам да спијам . Било како и да спијам само сакам да ми е удобно .
Хахаха благодарение на Sephora си ја најдов положбата за во лето(втората-или на лево или на десно) , а зимно време настрана,на грб,на стомак - со исправени нозе
На стомак, со едната нога испружена, а другата свиткана на страна и рацете под перницата. Понекогаш и на страна спијам, но никако неможам да заспијам на грб.
Пред бременоста строго на стомак! Ауу каков проблем сум имала за време на бременоста додека да се навикнам да спијам во друга положба. Сега го прашувам мм како најчесто спијам, ми вели дека поретко сум била на стомак. А според она што го имам читано најдобра положба е на страна. Вака често го заварувам син ми, со натртено газе ... и веднаш го поставувам странично, гледам колку што е можно повеќе да е во таа положба.
Секогаш вака . Не можам никако на грб или на стомак да заспијам, мора на страна и тоа со свиткани нозе, со исправени, нема шанси. Иначе, прилично брзо заспивам, за 5 минутки сум
Порано цела собрана во форма на клопче. (тоа ми е зимската поза ) А летна шема ми е на стомак, раце под перница и Goodbye my lover
Спијам многу немирно и многу клоцам! Иначе спијам на стомак а нозете ми се во форма на буквата р! Со рацете ја гушкам перницата,а некогаш се случува во сон да ја бутнам доле!!
ми ту,јас кога спијам личам на расплесната жаба само малку послаба(уствари сега може баш да сум како жаба но во моменталната состојба јас не спијам на стомакот
Јас спијам на грб и тоа поза „ Христово распеќе “, така спијам од бебе,па затоа и главата ми е отпозади како со тава плесната. А кога бев бремена најмногу ми се спиеше на стомак,ама не смеев ни да помислам да легнам така.
Како спијам битно главата ми е под перница и зима и лето, додека да заспијам се превртувам 500 пати....а кога ке станам сабајле,знам што ме очекува пред огледало, косата ми е ужас