Положби за спиење во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 3 јули 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.031
    Морав да ја отворам темата, зошто се изначитав се и сешто , а имам и еден проблем, па ми се потребни мислења од мамичките :)
    Вака , прво да кажам што читав :lol:
    Се изначитав за тоа дека трудницата треба да спие претежно на лева страна, поради што се овозможувало поголем доток на крв во плацентата.
    Додека спиењето на десна страна и на грб не се препорачливи.
    Е сега мојот проблем е што јас кога спијам на лева страна на моменти осеќам како да неможам да си земам воздух, буквално мислам дека ќе се задушам.
    Инаку тоа за со перниците мешу нозе и перницата за потпирање на стомакот го практикувам и многу ми помага.
     
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    407
    И јас читав дека се препорачува да се спие на лева страна, ама па не можеш само на една страна да спиеш, ќе се укочиш. :tmi: Јас си спиев најмногу на грб, а на крајот на бременоста, кога веќе почна да ми тежи бебчето, спиев на страна. Најмногу ми фалеше спиењето на стомак ;)

    едит - мене најмногу ми помагаше кога ќе ја подигнев едната нога и ќе ја префрлев врз маж ми (сирот он што трпеше). перницата не ми беше баш ефективна :D
     
    На mimidjon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.756
    meU некогаш воопшто не може да се дојде до здив. Тргнувајќи од мене, мн ми е незгодно на грб дека бебуш
    знае до уста да ми дојде, па ја избегнувам, како и таа на стомак, мојата омилена положба за спиење. На лева страна, е на неа можам да дишам, и за да не се укочам скрос на скрос повремено менувам на десна страна меѓутоа пократко време. На поќетокот ми беше несфатливо ама сега не можам да замислам да не сум на лева страна со перница позади грб, друга меѓу нозе и под гради. Ма кого лажам, нема соодветно с од спиење, а мажево мое ме теши дека сега било ок, потака ќе било полошо. Колкава поддршка. |( ама па затоа кога ќе се потпрам на него добива наредба да не мрда дури не заспијам јасМорав да му вратам за огромната поддршка :lol:
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.031
    И кај мене е иста песна. Една перница меѓу нозе, една под гради и мешето. Едната нога врз маж ми, а кога не е дома, уште една перница за ногата да има кај да ја качам :wasntme:
    Е мене за сега ми е многу убаво и пријатно на грб кога сум легната, некако имам чувство како да го одмарам и грбот.
    А пак иронија на ова е што читав дека всушност од лежење на грб, грбот повеќе боли, а и хемороити се правеле |(
    Значи викате да си спијам како ми одговара, нормално освен на стомак не(додуша и да сакам не бива, ќе треба во воздух да ми биде телото :lol: :rofl: )
     
  5. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    407
    што знам, мене најмногу ми пријаше спиење на грб (освен последниот месец), среќа ни хемороиди ми се појави, ни па некакви проблеми. Спиј си како ти е најкомтно и без гајле.
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.826
    Допаѓања:
    83.369
    Пол:
    Женски
    Јас пред да забременам обожавав да спијам на стомак и грб , но исто така и мене ми кажа гинекологот само на лева страна да спијам. И одвај некако се меств ту лево ту десно , имав страв дека ако заспијам на погрешна страна ке се случи нешто лошо на бебето :|
    тоа е мора да се издржи се за бебето нели :)
     
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.833
    Пол:
    Женски
    Mене па никој не ми кажа како да спијам т.е. на која страна.
    Е сега додека спиеше ќерка ми со нас во соба, креветчето и` беше од мојата лева страна па некако се научив да спијам баш на таа страна. Случајно читајќи по форумиве прочитав дека требало да се спие на лева страна па некако и ми се погоди. :)
    Инаку спијам со три перници :tmi: , една под глава, една во прегратки (ја гушкам) и една меѓу нозе...се потам сама од себе, се нервирам и некако пернициве ме ладат.
    Едвај чекам да се породам и да си легнам на мојата омилена положба, на стомак.
    На грб не спијам, не можам, само на страна и ич не се оптеретувам дали била лева или десна....сега па како што е жешко нон стоп се превртувам...само што ми треба три мин. додека се свртам. :D
     
  8. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.014
    Пол:
    Женски
    Јас си купив перница од Стружанка. Таа била за доење, но мене ми е идеална за спиење, а потоа ќе ја искористам и за доење иако сеуште не знам како. :)
    А згодна е и кога ќе потпорасне бебчето, си лежи на неа, мене ми ја препорача другарка. И се пере во машина за перење алишта.
    Еве вака изгледа и е доста голема.
    [​IMG][​IMG]
    Истовремено имам потпора за грбот, и од напред ја префрлам ногата врз неа, и стомакот ми е потпрен врз неа.
    Еве вака нешто, само што е малку пократка.
    [​IMG]
    Е сега, има и една мана, претставува пречка за гушкање, ама може да се прилагодува. :)
    А и за потпирање е супер, за читање, гледање телевизија, а и за подолго патување на седиште ја ставам.
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    98
    а колку пари си ја купи,и мене почнува да ми е теско спиењето и вртењето :*
     
  10. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.014
    Пол:
    Женски
    Перницата е 590 ден. од Стружанка. Имаше розова цветна мислам дека беше, сина со колички и жолта со мечиња.
    Бидејќи сеуште не го знаеме полот, јас купив жолта. :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.031
    А некаде да не постои подолга? Баш како белата на сликата?
     
  12. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    1.036
    Супер ми изгледа перницава,ке размислам... Но мене не ми е проблем положбата ради стомакот( убаво си се договараме за тоа со бебето) :) туку заради киселините. И затоа спијам исправено,најмногу што може главата погоре,а се спуштам било на која страна или на грб ме убива ждрелото,стварно болкава е преголема,како печење нешто но и болка. Се извинувам знам дека ова не е темата,но да си се пожалам јас. И лек некој...? :|
     
  13. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    114
    За киселините пробај да се напиеш неколку голтки ладно млеко од фрижидер, мене само тоа ми помага... И лежи на лева страна обавезно за да не ти се качуваат киселините во хранопроводот :)
     
  14. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    115
    морало на страна да се спие е неможам де :sweat: кога ќе легнам на грб цела се опуштам и ми поминува половината а на страна не :worried:
     
  15. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.575
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Женски
    Lele i jas sum istiot slucaj,mi zdosadi veke na strana,celata se zdrvuvam i me boli rbetot.A ako ja nalegnam ednata raka,pocnuva da mi otrpnuva(ova cesto se slucuva).Koga veke ne mozam da spijam vo mojata omilena pozicija na stomak,bar na grb da mozam da se opustam! :(
     
  16. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    77
    Mene za kiselinite mi dadoa rupurut odma pomaga slobodno mozat trudnici da go koristat
     
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    552
    јас па воопшто неможам да спијам на грб, ако некогаш во сонот така легнам, цела се будам здрвена и се ме боли :( не дека ако спијам на страна се ми е погодено, хехех ама тоа е ке издржиме. Дури и кога се вртам ме боли мешко, и цела станувам па ја сменувам страната :D и се чувствувам како да се имам превежбано, секој дел ме боли...
     
  18. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    759
    Љубица и јас сум иста. Неможам да свртам, ме боли ме кине стомакот. Па подстанувам,и така некако се свртувам. Спијам исклучиво на страна, на грб кога ќе легнам како оптегната се осеќам, почнува грбот ужасно да ме боли, а и стомачето ептен оптегнато ми е и ме боли. Во овие последни недели од бременоста, секоја положба е ужасна. Никако не е згодно, ама тоа е, за бебче све :*
     
  19. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    552
    хехе е да така е :) јас се мислам денски да поспијам во седечка положба, ама се зезам со мажево му викам да ме варди , да не паднам така, еххеех
     
  20. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    759
    Не бе зашто да те варди, нека ти стави по едно перниче од двете страни, и нека си брка работа,ќе може слободно да си зачисти и ручек да си направи,а ти таман ќе си поспиеш, и да се навалиш на некоја страна,перничето ќе те задржи :lol:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.