и Јас заспивав на стомак и еве од нова год се одвикнувам па успевам да најдам некоја положба ни на стомак ни на страна а се разбудвам на грб.ете фармерките одма почнаа да ме стегаат во седење а за спиење до пред 1нед не ми сметаше ич сега малку по малку почнува и телото автоматски бара нова згодна положба.Дека се вели на грб не ќе се удаело бебето јас цела бременост се разбудвам така па убаво си напредува.Ако му смета само ке си кажикако шо си кажва за на стомак па ќе бараме друга На пола бременост ми е вака како шо ќе растиме не знам ќе видиме.
Леле и јас ако не легнам на стомак нема да заспијам, еве последниот месец мака мачам да заспијам на страна, заспивам некако ама ич убаво да се наспијам , во текот на ноќта незнам по колку пати се разбудувам.
Не е финтата во тоа дали бебето напреднува.Кога спиеш на грб целата тежина од матката пага на кичмата и цревата.Со тоа ја попречуваш циркулацијата на крвта до матката и бебето.Згора на се можеш да си предизвикаш болки во грб,киселини,пагање на притисокот.Најдобро за бебето е спиење на лева страна.
Со спиењето единствената мака ми е што многу ми се спие некаде до 5ти месец можев да си спијам на стомак како и претходно, а после некако нормално ми дојде да се преориентирам на грб и на страна. Е сега кога веќе влегов во трето тромесечие , од претпазливост ја користам онаа перницата како потковица за потпирање на стомакот и ногата која ми е од горна страна. Но и понатаму убаво се наспивам
уф колку ми беше тешко ова со спиењево, бидејќи цел живот спијам на стомак само што дознав дека сум бремена почнав да се привикнувам на спиење на страна и колку ми беше тешко се будев целата укочена од страв потсвесно да не се свртам на стомак во сред спиење ама еве сега не ми е толку тешко валда сум се навикнала обично заспивам на левата страна по препорака на докторкава поголем доток на крвта имало до бебушот
Mene po nekoe vreme lezenje na leva strana bukvalno me boli nogata se ispravuvam na grb i pak se obiduvam da lezsm na leva strana ama mnogu tesko mi ide kako ke se nsviknam neznam Ama mora toa e...
пробај менувај ги наизменично лева па десна се додека не се навикнеш и мене ми беше тешко ама подобро така отколку на грб, понатака кога е поголемо притиска на вената која што носи доток на крф во мозокот затоа не е препорачливо спиење на грб. ке се навикнеш, не се секирај
И јас имам огромен проблем со пронаоѓање добра положба за спиење До пред некое време спиев цело време на грб така ми беше најубаво, но сега дознав дека не е препорачлива таа положба па маки мачам на страна. Имам многу грчеви во нозете и дури и болки во стомакот при секое вртење бидејки се вртам од една на др страна на секои 15мин Претпоставувам дека е нормална таа кратка болка во вид на грч во стомакот при вртење...
Не се секирај, ќе се навикнеш додека е помалечко не е толку страшно и на грб, ама откако ке потпорасне веќе не е препорачливо затоа најубаво со време да си се навикнуваш полека полека, за грчевите магнезиум ке си пиеш тоа помага веројатно и гинеколог ке ти го каже истото. Кога ке ми текне мене колку ми беше мачно ама се навикнав
Веќе сум 29та недела и ми кажаа дека не е во ред да спијам на грб...па ќе пробам да се навикнам А магнезиум пијам од 300мг ама џабе е постојано имам грчеви во нозете, а најмногу навечер
Епа јас магнезиумот го пијам обично навечер пред да си легнувам, и мултивитамините исто. Мислам дека нема да ти штети и да пиеш по 2 на ден, консултирај си се со гинекологот, другарка ми некогаш пиеше и по 3-4 јас се чудев ама одобрено и беше од гинекологот и така си тераше...затоа кога веќе имаш многу грчеви прашај си најубаво кај гинеколог, мислам дека 2 на ден нема да ти штетат.
Jas spiev samo na leva strana,poretko na desna. Spienjeto na grb mi bese naucna fantastika, a da ne zboram za stanuvanjeto, so trista maki stanuvav, kako kit na suvo se prpelav duri stanam.
Izgorena sum DA spijam na stomak am a se pomalku I pomalku mozam ,stomaceto ne mi se poznava mnogu ama smeta a Denes vlegvam go 19 nedela zato spijam na Levi na desno if need mozam mislam me davi nesto
Мене спиењето на стомак ми беше лек за заспивање поинаку не можев да се смислам и се чудев како ќе се одвикнам и од кај 17 недела почна да ми смета најдов некоја положба ни на стомак ни на страна,а сега почна и таа да смета и спијам настрана.Ме плашаше шо ако несвесно во спиењето се свртам на стомак и на 2 3 пати кога и да тргнев се разбудував наеднаш а порано топ не ме разбудваше не се опишува едноставно мајчинскиот инстинкт работи и во бременоста .А кога се разбудувам на грб уште пола сат не можам да станам не дека ми тежи стомакот најрелаксирано се чувствувам а велат и на грб не е убаво или тоа при крајот на бременоста важи?
Jas spiev i na grb ama vekje vo poslednite meseci poslabo bidejki bebeto kje te stiska na organite vekje... Jas taka nemozev da disam ubavo, a i cuvstvoto e jezivo... A inaku vekje porodena sum skoro 2 meseci i uste nemozam da spijam na stomak od sto se naviknav na strana :/ a porano se na stomak spiev, sega ic ne mi e zgodno... mislam deka poradi gradive so mlekce ne mi e zgodno